Реал Мадрид ќе ја доживее најголемата реконструкција во последните 10 години

Флорентино Перез подготвува летна реконструкција на Реал Мадрид

По разочарувачката сезона, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е решен да направи голема реконструкција на тимот. Елиминацијата од Лигата на шампионите и доминацијата на Барселона на домашната сцена го натераа Перез да најави сериозни вложувања.

Мадридските медиуми пишуваат дека ова лето се планираат најмалку пет нови засилувања – стопер, лев бек, креативец во средниот ред и напаѓач. Се шпекулира дека Трент Александер-Арнолд е веќе договорен.

На позицијата стопер, најголема желба е Вилијам Салиба од Арсенал, но поради високата цена и неговата недостапност, како пореална опција се споменува Џонатан Та од Леверкузен. Неговиот трансфер може да биде олеснет од новиот тренер Чаби Алонсо.

Реал размислува и за враќање на младиот Нико Паз од Комо. Поранешниот играч на Кастилја блесна под водство на Сеск Фабрегас, а клубот има можност да го врати за само осум милиони евра – што Перез го смета за паметна инвестиција.

Во офанзивата, најгласна е шпекулацијата дека Родриго би можел да биде продаден, доколку стигне понуда од најмалку 100 милиони евра. Арсенал и Манчестер Сити се заинтересирани, а со доаѓањето на Мбапе и подемот на Винисиус, Бразилецот полека го губи стартното место.

Иако Флоријан Вирц е идеален за системот на Алонсо, Баерн Минхен моментално има предност во трката за неговиот потпис.