Дипломатски скандал: Албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Меидани, зазема политичка страна

Амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Денион Меидани, ја привлече јавноста откако лајкна објава на лидерот на АА и вицепремиер Арбен Таравари, во која се иронизира албанскиот владин коалиционен партнер – ВЛЕН.

Објавата на Таравари гласеше: „Реакција? Не ВРЕДИ!“, што дел од јавноста го протолкува како политичка порака, а лајкот на амбасадорот како можен сигнал за вклучување во внатрешно-политички теми.

Според дипломатскиот протокол, амбасадорите имаат обврска на неутралност во однос на внатрешните прашања на земјата домаќин.

Останува отворено прашањето дали овој потег ќе предизвика дипломатска реакција и дали ќе следи објаснување од амбасадорот или од албанските институции.