На овие хороскопски знаци парите им се лизгаат низ прсти: шопингот, авантурите и луксузот им се најголемото задоволство
Некои луѓе, без разлика на примањата, едноставно не знаат да застанат кога станува збор за трошење пари. За нив, попустите се неодоливи, досадата е скап порок, а често купуваат само за да се чувствуваат подобро или да остават впечаток. Финансиската дисциплина не им е силна страна, а непланираните трошоци брзо ги доведуваат до празен паричник уште на половина месец.
И додека едни педантно планираат буџет, други живеат во моментот – и буквално им „течат“ парите низ раце. Ако го прашаме хороскопот, некои знаци посебно се истакнуваат по склоноста кон непромислено трошење. Еве кои се тие:
Лав
Лавовите обожаваат луксуз, сјај и статус. Не трошат затоа што мораат, туку затоа што сакаат да се чувствуваат посебно – и да бидат забележани. Скап парфем, бренд облека, вечера во елитен ресторан – сето тоа за Лавовите има смисла, ако ги натера да се чувствуваат како кралеви. Проблемот? Често го игнорираат вистинското салдо на сметката.
Стрелец
За Стрелците парите се средство за искуства, не за безбедност. Патувања, фестивали, авантури – тие се слаби на сè што им го шири хоризонтот. Наместо да штедат, ќе изберат авионски билет до некое ново место. За нив, живот без возбуда не вреди.
Близнаци
Близнаците се непредвидливи, и тоа се одразува и на нивните финансии. Брзо им здосадува сè, па така често купуваат работи кои веќе за неколку дена ги оставаат настрана. Постојано се во потрага по нови гаџети, мода или хобија – и тоа значи многу ситни трошоци кои на крај прават голема дупка во буџетот.
Вага
Вагите имаат слабост за убавина и естетика – од мода и дизајн, до козметика и гурмански задоволства. Иако обично купуваат квалитетни нешта, проблемот е што се неодлучни и често купуваат повеќе отколку што им треба. Тие веруваат дека животот треба да е балансиран – но често тој баланс ги чини скапо.
Скандал на Евровизија: Победникот од 2024 го врати трофејот – Ова е причината
Победникот на Евровизија 2024, Немо од Швајцарија, соопшти дека го враќа трофејот по одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) да му овозможи учество на Израел на следното издание на натпреварот. Одлуката предизвика лавина реакции и осуди од поранешни учесници и победници на Евровизија ширум Европа.
„Евровизија се претставува како натпревар што се залага за единство, инклузија и достоинство за сите. Токму овие вредности ми дадоа смисла на целата приказна. Но фактот дека Израел сè уште учествува – во време кога Независната меѓународна истражна комисија на ООН заклучи дека таму се случува геноцид – покажува длабок јаз помеѓу овие идеали и одлуките на ЕБУ“, напиша Немо на Инстаграм.
Поради учеството на Израел, до овој момент пет земји официјално најавија бојкот на натпреварот во 2025 година.
Следното, 70. издание на Евровизија ќе се одржи во Виена, Австрија. Македонија не учествува на натпреварот веќе неколку години.
„Kids Disco“ – поради огромен интерес, се отвора уште едно шоу на 28 декември во МКЦ
Скопје, декември 2025 – Предновогодишната магија за најмладите добива уште едно продолжение. Првото издание на „Kids Disco“, кое ќе се одржи на 28 декември во Младинскиот културен центар (МКЦ), е целосно распродадено во рекордно краток рок, што уште еднаш потврдува дека овој концепт прераснува во најбараниот детски настан во градот.
Поради големиот интерес и на бројните барања од страна на родителите, организаторите донесоа одлука да отворaт уште едно дополнително шоу на истата дата – 28.12.2025 година, со почеток во 14:00 часот.
„Kids Disco“ е внимателно осмислено интерактивно шоу наменето за деца од 2 до 12 години, кое комбинира музика, танц, анимација и визуелна магија. Програмата вклучува Kids DJ, маскоти, 3D анимации, професионални аниматори, како и Magic & Clown Show, создавајќи безбедна, весела и незаборавна атмосфера за најмладата публика.
Настанот претставува уникатна можност за децата да ја доживеат новогодишната еуфорија преку игра, музика и заедничка радост, а за родителите – сигурен и квалитетен настан организиран по највисоки стандарди.
Влезници за второто шоу се веќе пуштени во продажба и се достапни преку платформата www.kupikarta.com.
Организаторите апелираат родителите навреме да обезбедат билети, со оглед на исклучително брзата продажба на првото шоу.
Приватност на која можете да сметате: Secure Folder и Knox
Нека вашиот дигитален живот биде безбеден — од лозинки до фотографии од миленици.
Вашиот паметен телефон во суштина е ваш личен центар за податоци – во него се чува сè: од авионски карти и податоци за кредитни картички до илјадници фотографии од вашето куче (или маче). Secure Folder, заштитен со Samsung Knox, ви нуди приватен, шифриран простор каде што можете безбедно да ги зачувате сите тие податоци, далеку од љубопитни очи. Тоа е како скриен сеф во вашиот телефон каде само вие можете да пристапите преку отпечаток од прст или лозинка.
Скопје, 11 декември 2025 – Под хаубата, Samsung Knox користи безбедност на одбранбено ниво, во која веруваат компании и институции ширум светот. Така, дури и кога го споделувате телефонот за да покажете некоја фотографија, можете да бидете сигурни дека останатите податоци остануваат недостапни за другите. Всушност, Samsung Knox е толку моќен што имате заштитен телефон на одбранбено ниво внатре во вашиот телефон, што ви овозможува да преземете уште еден сет апликации во рамките на Knox профилот, кои се безбедно зачувани под лозинка или преку сензорот за отпечаток од прст.
Затоа Samsung Knox е идеален кога го користите приватниот телефон за деловни цели, бидејќи приватните апликации ги чувате надвор од Knox контејнерот, а деловните апликации се заштитени на вашиот приватен телефон или обратно — приватните се заштитени, а деловните се на главниот профил, во зависност од ИТ политиката на вашата компанија.
Совршена комбинација: Galaxy A serijaiGalaxy S25 FE ја донесуваат оваа корпоративна заштита до уште поголем број луѓе – совршена за приватни телефони што се користат за работа, со сигурни перформанси, долготрајна батерија и дури шест години OS ажурирања за серијата Galaxy A и седум години за моделот S25 FE.
Сè уште немате Samsung Galaxy телефон или имате постара генерација на Galaxy модел? Samsung ве поканува да ја преземете апликацијата Try Galaxy и да ги испробате најновите функции на Galaxy паметните телефони директно на екранот на вашиот сопствен уред.
###
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со револуционерни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, дигиталните екрани, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, домашните апарати и мрежните системи, како и решенијата за меморија, системските LSI решенија и производството на чипови (foundry). Samsung напредува и во областа на медицинската визуелизација, решенијата за греење, вентилација и климатизација (HVAC), како и во роботиката, додека преку компанијата Harman создава иновативни производи за автомобилската индустрија и аудио-технологиите. Со својот екосистем SmartThings, отворена соработка со партнери и интеграција на вештачката интелигенција низ целиот производен опсег, Samsung овозможува поврзано и интелигентно корисничко искуство. За најнови вести, посетете ја страницата Samsung вести на news.samsung.com.