Connect with us

Магазин

Сопругата на Андреј од ДНК со тажна објава од која на многумина ќе им се насолзат очите (фото) 

Непребол…

Преголема болка што сите ја чувствуваме…

Пејачот Андреј Ѓорѓиески задно со уште седум членови од неговиот бенд ДНК почина во страшниот пожар во Кочани.

Несреќата се случи на 16 марти и однесе 62 животи во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ за време на концертот на ДНК.

Траорната несреќа што тогаш се случи во Кочани ги погоди семејствата и блиските на загинатите, но и граѓаните на цела Македонија кои со денови беа шокирани, но и неутешни од преголемата болка.

Во чест на загинатите се палеа свеќи низ градовите како во Македонија, така и во регионот, а песните на ДНК во тага се слушаа насекаде.

Сега, Андреј чиј живот згасна во страшниот пожар доби мурал и тоа токму онаков како заслужува и каков ќе го памтиме.

Имено, неговата сопруга Наталија Ѓорѓиеска на Инстаграм сподели фотографија од муралот направен во чест на пејачот.

Покрај ликот на Андреј, онаков каков што сите го памтиме, стојат и неколку стихови од една од неговите најпознати песни.

Станува збор за песната „Круг“ од „ДНК“, чиј тест во целост ви го пренесуваме во продолжение…

Потсетуваме, Андреј Ѓорѓиески почина на 16 март во страшниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оставајќи ги неутешни неговата деветгодишна ќеркичка Јана и сопругата Наталија.

Според очевидци, тој најпрво успеал да се спаси од пожарот и да излезе, но се вратил назад за да им помогне на останатите.

Инстаграм/ Шо има

Животот на Андреј згасна заедно со уште седум членови на ДНК во несреќата која однесе вкупно 62 млади животи.

Покрај Андреј во несреќата починаа уште седум членови и соработници на групата „ДНК“ –тапанарот Ѓорги Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски. Владимир Блажев-Панчо во несреќата се здоби со тешки повреди и се уште е хоспитализиран во болница, а покрај него младиот гитарист и пејач Горан Танев и придружниот вокал Ана Костадиновска се единствените членови на групата ДНК кои се спасија кобната ноќ.

Нека им е лесна земјата на сите загинати и Господ нека им даде сила и утеха на нивните семејства и најблиски…

Концерт „Пееме за Кочани“ во чест на жртвите

Тамара Тодевска, една од нашите најпознати поп-пејачки, на 8. мај во МКЦ ќе одржи голем хуманитарен концерт за семејствата на настраданите во страшната несреќа што се случи на 16 март во Кочани.

Сите средства од продадените влезници ќе одат во хуманитарни цели, а влезници можат да се набават на MK Tickets.

Advertisement

Магазин

Голем пресврт во хороскопот – два знака добиваат силен финансиски подем

Астролозите најавуваат дека два хороскопски знака влегуваат во исклучително поволен период, во кој се очекува значителен финансиски прилив. Според нив, универзумот им испраќа можности што можат да донесат вистински бум на приходите во следните неколку недели.

Лав: период на профит и нови можности

За родените во знакот Лав се отвораат шанси што носат високи финансиски добивки – од профитабилни проекти и успешни инвестиции, до потенцијални ненадејни приходи, како што е наследство. Иако позитивната енергија носи силен импулс, астролозите предупредуваат дека импулсивното трошење може да биде ризично. Дел од приходите, велат, треба да се насочат кон долгорочни и стабилни инвестиции.

Стрелец: неочекуван прилив од повеќе извори

Стрелците во овој период може да очекуваат пари што ќе пристигнат од различни насоки: дополнителни работни ангажмани, патувања, соработки, лични проекти или дури и поволни случајности. Нивната природна отвореност и авантуристички дух, според астролозите, привлекуваат финансиска среќа. Сепак, советот е дел од добивката да се вложи во посигурни опции.

За двата знака следува период на олеснување и исполнување на желби. Финансиските приливи, покрај материјална добивка, се гледаат и како можност за остварување на одамна посакувани планови. Астролозите додаваат дека е важно среќата да се пречека со мудри одлуки, бидејќи стабилниот пристап е клучен за долготраен успех.

Continue Reading

Магазин

Поранешен агент на ЦИА предупредува – Ова се најопасните земји во светот

Поранешниот агент на ЦИА, Џон Киријаку, предупредува дека нестабилноста во одредени региони ширум светот може да има катастрофални последици и за дипломатите и за цивилните патници. Според него, ситуацијата е толку напната што патувањето во некои земји претставува екстремен ризик.

Стејт департментот веќе има издадено предупредувања од „ниво 4“ за повеќе земји, вклучувајќи ги Иран, Украина, Судан, Сирија и Русија, каде опасностите од војни, немири, тероризам, киднапирања и неоправдани притворања се зголемени.

Киријаку, кој за време на неговата служба посетил 72 држави, изјави за LADBible Stories дека „скоро сите биле ужасни“, додавајќи дека никогаш немал можност да оди на безбедни или пријатни дестинации. Како најопасни денес ги издвојува Јемен, Сомалија, Газа, Авганистан и делови од Пакистан.

Како пример за ризиците, тој се навраќа на своите пет патувања во Јемен, од кои секое, според него, било „полошо од претходното“. Земјата е под предупредување од ниво 4 поради немири, криминал, здравствени ризици, киднапирања и тероризам. На оперативците им бил дозволен престој само во строго обезбеден хотел со деветметарски бомбоотпорен ѕид.

За време на неговата последна мисија, група јужнокорејски дипломати биле убиени во заседа веднаш по нивното пристигнување во земјата, а неколку дена подоцна и разузнавачки службеници кои дошле да го истражат нападот исто така биле ликвидирани. Поради ова, Јужна Кореја ја затворила својата амбасада.

Киријаку предупредува дека глобалната безбедност денес е во критична состојба и дека односите меѓу државите се исклучително напнати. Според него, многу е тешко да се предвиди во која насока ќе се движи светската ситуација, што дополнително го зголемува ризикот за патување во нестабилни региони.

Continue Reading

Магазин

Црква од 6 век во тетовскиот „Стар манастир“

„Стар манастир“ се смета за еден од најстарите сакрални објекти за кого први записи се пронајдени во 1326 година

ТЕТОВО – На локалитетот Лешочко Кале започнуваат археолошки истражувања на стар манастирски комплекс од пред повеќе векови. Истрагите што ги иницираше Музејот на тетовски крај, а се реализираат преку Националниот конзерваторски центар, финансирани од Министерството за култура, се насочуваат кон објекти што во 14 век претставувале епископски центар, но истовремено црквата „Св. Атанасиј“ која се’ уште опстојува, ќе се утврдува дали била градена на стар црковен објект од 6 век. Подготовките за почеток на археолошките истражувања веќе се завршени, па според најавите од Националниот конзерваторски центар наскоро ќе започнат. Годинава се планирани сондажни истражувања кои ќе траат околу еден месец. Во наредни фази кои според проектот би се одвивале од наредната година, ќе се пристапи кон конзервација. На овој комплекс забележани биле и поранешни истражувања во два-три наврати, а тогашните и сегашните наоди ќе послужат за поставување сонди до самата здравица, заради заштита и создавање услови на некогаш подигнатите објекти. 

Со организираните археолошки истражувања ќе се стави крај и на беснеењето на дивите копачи од кои една група откриени минатата година, им беше судено и им беа изречени затворски казни. 

Манастирскиот комплекс „Стар манастир“ се смета за еден од најстарите сакрални објекти за кого први записи се пронајдени во 1326 година. Јеромонахот Јоаникиј како единствен ктитор најнапред ја подигнал манастирската црква со пари, што ги обезбедил продавајќи го целиот имот на својот татко. Црквата била подигната на стари темели и градба од шестиот век, што е потврдено со пронаосот, на кој на десниот ѕид до неодамна биле видливи фреските. Во двориштето Јоаникиј изградил и конаци, келии и други објекти, а манастирот „Св. Атанасиј“ останал седиште на Полошката епископија како управен, духовен и културен центар на 14 век под јурисдикција на Охридската архиепископија. Создадени биле услови за живот на монаси и членови на манастирското братство, но и како место каде се школувале свештеници. Манастирскиот комплекс под разни влијанија неколку пати бил разурнуван, а најмногу последици имал во наездата на турските башибозуци во 1689 година. Први ископини биле вршени во 1927 година, кога биле откриени остатоци од разурнатата црква, три саркофази од кои еден бил на јеромонахот Јоаникиј, осамен гроб, две гробници и други објекти. 

Од фрескоживописот очигледни биле делови на свети маченици, свети војници како и фреската насловена како „Угостувањето на праведниот Аврам“, но и делумни истраги биле вршени во 1981 година.Меѓутоа, очигледно е дека целиот простор бил оставен и запуштен, објектите оштетувани и од луѓе, но и од забот на времето, а свое влијание извршиле и дивите копачи кои во потрага по закопаното благо, нанеле огромни штети на просторот.

Извор: preminportal

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг