Connect with us

Република

Тетово утре во мрак: Без струја неколку населби и индустриска зона!

Утре, на 7 мај 2025 година, делови од Тетово и неколку околни села ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати од страна на операторот на електродистрибутивната мрежа.

Според најавата, без струја ќе бидат:

Дел од град Тетово (Аџучко Маало) од 09:00 до 14:00 часот Село Трбош од 09:20 до 11:30 часот Село Палатица од 09:20 до 11:30 часот Село Озормиште од 09:20 до 11:30 часот Дел од Тетово (Требошки пат, кај Палма Мол) од 09:20 до 11:30 часот Трговско индустриска развојна зона Тетово од 11:30 до 13:30 часот

Се препорачува граѓаните и бизнисите на време да ги завршат потребните обврски и да се подготват за времените прекини во снабдувањето.

Advertisement

Република

БУГАРИ УАПСЕНИ ЗА КРАЖБА НА НАРОДНИ НОСИИ ВО ДЕМИР ХИСАР

Тројца бугарски државјани се уапсени вчера во Демир Хисар под сомнение дека украле и незаконски изнесувале делови од македонски народни носии, кои се класифицирани како културно наследство и под посебен режим на заштита.

Полицијата ги привела А.К. (44) и К.К. (48) во патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски регистарски таблици, додека В.Г. (50) бил затекнат во комбе „пежо боксер“, исто така со бугарски ознаки. При прегледот на возилата биле пронајдени поголеми количини на делови од народни носии, за кои осомничените не можеле да обезбедат документи за легално потекло.

Етнолог од Музејот во Битола извршил стручна процена и утврдил дека станува збор за автентични македонски традиционални носии, кои според законот не смеат да се продаваат или прометуваат без дозвола од надлежните институции.

Осомничените се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кражба и незаконско изнесување културно наследство или природни реткости.

Случајот го отвора прашањето за зачувување на македонското културно наследство и за контрола на прометот со традиционални артефакти, особено во услови кога се бележат обиди за нелегално изнесување во странство.

Continue Reading

Република

Утре две тетовски села ќе бидат без струја

Поради планирани технички зафати, утре (10 декември 2025) две села во тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија во период од 09:00 до 14:00 часот.

Според најавата, прекин ќе има во делови од селото Џрпчиште, особено кај објектите што се наоѓаат во близина на млекарницата „Алпи“.

Исто така, без струја ќе бидат и делови од селото Теарце, поточно подрачјето во близина на полициската станица.

Од надлежните апелираат жителите да ги планираат своите активности согласно најавениот прекин.

Continue Reading

Република

Јорданов со апел до граѓаните по вандализмот во центарот на Штип

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, остро реагираше по серијата инциденти во централното градско подрачје, каде беа исечени новогодишни сијалици, уништени садници и оштетена урбана опрема. Тој оцени дека овие дејствија претставуваат сериозен удар врз заедничкото добро и вложувањата на општината.

„Сведоци сме на слики кои никој од нас не сака да ги види. Ваквите постапки не се само вандализам, туку ја нарушуваат сликата на градот и го поткопуваат трудот на сите кои работат за поуредено урбано окружување,“ истакна Јорданов.

Тој упати апел до СВР Штип да преземе мерки и санкции кон сторителите, потенцирајќи дека ваквото однесување ја загрозува безбедноста и ја понижува заедницата.

Јорданов ги повика и граѓаните на повисока свест и одговорност: „Нашиот град може да биде онаков каков што го посакуваме само ако секој од нас покаже грижа. Само заеднички можеме да го сочуваме јавниот простор и да создадеме средина во која сите се чувствуваме горди да живееме.“

„Нашиот град е наш дом и наша должност е да го чуваме,“ заклучи градоначалникот, охрабрувајќи ги жителите да реагираат доколку забележат уништување и да придонесат за заштита на градот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг