Connect with us

Економија

Божиновска: Нов Закон за енергетика до крајот на месецот – поддршка за енергетски сиромашните и нови стандарди за обновливи извори

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, во интервју за 24 Вести најави дека новиот Закон за енергетика е во финална фаза и ќе биде донесен до крајот на месецот. Законот е целосно усогласен со регулативите на Европската Унија и претставува клучен чекор кон праведна и одржлива енергетска транзиција.

Божиновска истакна дека околу 50.000 домаќинства во Македонија се наоѓаат во состојба на енергетска сиромаштија, што претставува сериозен социјален и енергетски предизвик. Новиот закон директно ќе се справува со овој проблем преку воведување на механизми за идентификација на сиромашните домаќинства и обезбедување на финансиска и нефинансиска поддршка, вклучително и мерки за спречување на исклучување од електрична енергија во зимскиот период.

„Со овој закон воведуваме системско решение за енергетската сиромаштија. За првпат, државата ќе има обврска да идентификува и активно да поддржува ранливи категории граѓани. Тоа не е социјална политика – тоа е прашање на енергетска правда,“ изјави Божиновска.

Таа потенцираше и дека досега не постои прецизна слика за реалната состојба на теренот, ниту пак методологија која овозможува системско следење на проблемот.

„Со новиот закон ќе воспоставиме и прецизна методологија – конечно ќе знаеме колку точно енергетски сиромашни домаќинства има, каква е состојбата на терен и каде се најголемите слабости. Сега работиме со приближни податоци. Кога ќе имаме целосна и јасна слика, ќе знаеме и какви мерки треба да се преземат,“ нагласи министерката.

Во процесот на креирање на новите енергетски политики, Министерството активно соработува со Енергетската заедница, со цел законодавството да биде во склад со европските стандарди, но и да одговара на домашните потреби и реалности.

Дополнително, Божиновска го најави и новиот Закон за обновливи извори на енергија, кој ќе вклучи нов стандард: сите нови енергетски објекти ќе мора да имаат минимум 20 проценти капацитет во батерии.

„Стабилноста на системот не може да се гради само на нови фотоволтаици – мора да вложуваме и во складирање. Со новиот закон за првпат ќе се воведе обврска дел од капацитетот да биде резервиран во батерии. Тоа ќе значи помалку преоптоварувања, поголема сигурност во снабдувањето и подобро искористување на обновливите извори,“ изјави Божиновска.

Со новите законски решенија државата ќе може точно да планира колку и кога може да има нови прикучоци на обновливи извори на енергија. Системите за складирање пак освен што ќе ја заштитат мрежата, ќе им овозможат на производителите да можат да ја сочуваат енергијата некое време и да ја продадат по подобра цена кога ќе е потребна, истакна Божиновска.

Advertisement

Економија

Броилата ќе се читаат и за празници: Вонредни екипи на Електродистрибуција по налог на РКЕ

По налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје воведе сет активни мерки за подобрување на услугата и намалување на поплаките од потрошувачите. Процентот на отчитување на броилата е зголемен на 95 проценти на тримесечно ниво и 90 проценти на месечно ниво.

Како дел од мерките, таргетирани се околу 10.000 потрошувачи кои во изминатите две години поднеле приговори за фактури, со кои е воспоставена етапна телефонска комуникација. Во пресрет на зимскиот период, на иницијатива на РКЕ беше одржан координативен состанок со раководството на Електродистрибуција, на кој беа презентирани чекорите за подобрување на двонасочната комуникација и зајакнување на довербата и транспарентноста.

Регулаторите нагласија дека особено е важно редовното отчитување во првите недели од јануари. Од Електродистрибуција информираа дека поради искуствата од претходната година, се формирани вонредни екипи кои ќе вршат отчитување и за време на викендите и празниците, со цел граѓаните да добиваат сметки со реална, а не проценета потрошувачка.

Од 1 декември годинава проширени се и дигиталните услуги за корисниците, вклучително и новата можност за онлајн корекција на фактура, како и поддршка за креирање кориснички профили. И понатаму се достапни услугите „Пријави состојба“, „Е-фактура“ и јасната ознака на фактурите дали состојбата е отчитана или проценета.

РКЕ и Електродистрибуција упатија апел до потрошувачите за одговорно користење на електричната енергија во текот на зимскиот период.

Continue Reading

Економија

Потврда за отчетноста и отвореноста: „Реплек“ ја освои наградата за најтранспарентна компанија на Македонската берза

„Реплек АД Скопје“ годинава е добитник на престижната награда „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво, по избор на медиумите, што традиционално ја доделува Македонската берза за хартии од вредност. Ова признание се врачува на крајот на годината и ја означува доследната, отворена и квалитетна комуникација на компаниите котирани на берзата, како и високите стандарди на отчетност и транспарентност кон инвеститорите, регулаторот и јавноста.

Признанието за најтранспарентна компанија кое го освои „Реплек“ се доделува од комисија составена од искусни економски новинари кои континуирано ги следат компаниите котирани на берзата и професионално известуваат за пазарот на капитал, акциите, како и за берзанските трансакции. Токму тие се сведоци дека „Реплек“ активно информира за сите новини, без разлика дали станува збор за оперативното работење или за промени во акционерската структура на компанијата. 

Во име на „Реплек“ наградата ја прими Офелија Петковиќ, директорка на секторот за финансии на компанијата, на свечениот настан организиран од Берзата.

„Ова признание за најтранспарентна компанија има посебно значење за нас, бидејќи доаѓа во годината кога го одбележуваме јубилејот – 80 години ‚Реплек’. Дополнителна тежина му дава фактот што е доделено од искусни новинари кои го препознаа нашиот напор за транспарентно работење и чие расудување е гаранција за кредибилитетот на наградата. Транспарентното работење ние во ‚Реплек’ не го сметаме само како обврска, туку како стратешка определба. Токму преку отворена комуникација, отчетност и доследност во работењето, ја зајакнуваме довербата кај инвеститорите, партнерите и пошироката јавност, вредности кои ќе продолжиме да ги негуваме и во иднина. Ова значајно признание ќе нѐ поттикне уште повеќе да останеме доследни на одговорното и отворено работење“, изјави Петковиќ.

Наградите на Македонската берза вклучуваат повеќе категории за најпрепознатливите и најактивни учесници на пазарот на хартии од вредност. Во номинација за наградите учествуваат 10 можни добитници, a процесот на избор е целосно транспарентен и се темели на комбинација од мислењето на јавноста и јасно мерливи пазарни податоци, како што се остварениот промет, бројот на трансакции, порастот на цената на акциите и слични критериуми.

Акцијата на „Реплек АД Скопје“ е една од најтргуваните хартии од вредност на Македонската берза. Веќе една година акциите на компанијата се дел од елитниот клуб на Македонскиот берзански индекс МБИ10, што e уште една потврда за стабилноста и довербата што пазарот ја има во компанијата, а што дава додатна мотивација за натамошно унапредување на транспарентноста. Дополнителен доказ дека „Реплек“ континуирано ја засилува отчетноста е фактот што компанијата пред извесен период направи сплит на акциите во однос еден спрема 10, со што акциите станаа подостапни за поголем број на акционери, а компанијата демонстрираше уште поголема отвореност кон инвеститорската заедница.

Continue Reading

Економија

Со НЛБ Банка сега можеш сè! Сите банкарски услуги во твојот телефон

НЛБ Банка ја заокружува јубилејната година со најголемиот исчекор во дигитализацијата на своите услуги и официјално станува првата „mobile first банка на пазарот, овозможувајќи сеопфатно дигитално искуство преку мобилен телефон.

 Со пораката Што ако можеш сè?, во изминатава година, НЛБ Банка ја градеше својата позиција на поддршка на амбициите и можностите на клиентите. Денес, таа порака ја добива својата најсилна завршница. Сега можеш сè! е слоганот кој ја затвора јубилејната година за НЛБ Банка и јасно кажува дека ветувањето е целосно исполнето.

 Поставувајќи нови стандарди и редефинирајќи го банкарството на македонскиот пазар, НЛБ станува првата банка на пазарот чија дигитална платформа за физички лица овозможува банкарство од почеток до крај и во која сите банкарски услуги се достапни преку мобилниот телефон.

Сега клиентите, преку мобилниот телефон, можат да отворат и банкарска сметка. По активирање на мобилното банкарство, веднаш да ја добијат својата платежна картичка во дигитална форма, да ја додадат во дигитален паричник и да ја користат за плаќање на ПОС терминали, онлајн, како и за подигнување на готовина од банкомати.

Преку својот мобилен телефон, клиентите можат да отворат и депозит, да активираат дозволено пречекорување, да аплицираат за добивање на картичка или да зголемат лимит на истата, да аплицираат за кредит. Практично, да управуваат со сите свои финансии, со исклучителна удобност и флексибилност.

 „Со воведувањето на „mobile first”, ја заокружуваме јубилејната година и логично го надградуваме слоганот „Што ако можеш сè?” со неговата финална и најконкретна форма – „Сега можеш сè”. Ова не е само комуникациска порака, туку резултат на континуирана стратешка трансформација насочена кон дигитализација, ефикасност и подобрено корисничко искуство.”– истакнуваат од НЛБ Банка.

 Со оваа трансформација, НЛБ за своите клиенти-физички лица, веќе нуди комплетен спектар на банкарски производи и услуги 100% дигитално, елиминирајќи ја потребата од посета на експозитура.

 „Како прва банка на пазарот што овозможува целосно дигитален пристап до сите клучни банкарски производи и услуги, ја потврдуваме нашата заложба да бидеме банка- иноватор, и да им обезбедиме на клиентите сигурно, едноставно и достапно банкарство, целосно усогласено со современиот начин на живот.” – заклучуваат од Банката.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг