Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за четврток – 8 мај: Еден хороскопски знак денес треба да внимава на здравјето

Овен

Денес можно е да постапувате без претходно размислување, па лесно можете да ги пропуштите важните предизвици. На работа ќе бидете рационални и внимателни, но во односите со луѓето ќе покажувате нетрпение. Ако сте во врска, препуштете му ја иницијативата на партнерот. Слободните можат да очекуваат флерт со личност поврзана со работата.
Здравје: стабилно.

Бик

Чувствувате зголемен притисок од околината и може да ви се јави чувство дека некој ви работи зад грб. Љубовниот живот не блеска, но можно е неочекувана, тајна авантура. Во стабилните врски, бидете внимателни – вашето однесување може да предизвика сериозни тензии.

Здравје: зависи од физичката активност.

Близнаци

Не прифаќајте обврски за кои не сте сигурни дека ќе ги исполните. Можни се недоразбирања со најблиските и тензија во љубовта. Време е за промени – размислете за романтична гест кон партнерот. Слободните тешко ќе одолеат на флерт.

Здравје: солидно.

Рак

Очекувајте нови познанства и можност за страстна врска. Вие сте тие што ќе бирате. На работното место конечно ќе завршите стари обврски во пријатна атмосфера. Можно е и финансиско изненадување.

Здравје: стабилно.

Лав

Особено Лавовите родени во јули ќе мора да се справуваат со предизвици во семејството и љубовта. Љубомората и нервозата може да предизвикаат недоразбирања. Обидете се да останете позитивни и искористете ја можноста за кратко патување. Можно е ново и интересно пријателство.

Здравје: внимавајте на стрес.

Девица

Вашата енергија и јаснотија во мислите ќе ви донесат успех и на професионален и на личен план. Особено сте стабилни ако сте родени во септември. Не дозволувајте старите грешки да се повторат – користете ја вашата интелигенција за подобри избори.

Здравје: добро.

Вага

Конечно ќе решите долгогодишен проблем, што ќе ви донесе олеснување и напредок – и во финансиите и во личниот живот. Уживајте во домашната атмосфера и љубовта. Слободните ќе бидат во центар на вниманието.

Здравје: стабилно.

Скорпија

Вашата интелигенција и комуникациски вештини ќе бидат клучни во важни разговори. Плановите се менуваат, но тоа може да ви оди во прилог. Искористете ги влијателните контакти. Внимавајте на напнатост и финансиски трошоци.

Здравје: потребно е повеќе внимание.

Стрелец

Пријателите ќе ви пружат важна поддршка – и емотивно и практично. Ако сте заинтересирани за некоја личност, најпрво дознајте дали е слободна. Ако сте во нова врска – не ризикувајте со игри.

Здравје: одлично.

Јарец

Ќе размислувате за иднината, но ќе сфатите дека не се е во ваши раце. Ќе ве привлечат нови предизвици, особено ако се поврзани со патувања. Финансиската ситуација се стабилизира. Избегнувајте мешање во семејни конфликти.

Здравје: потребен ви е одмор.

Водолија

Некои работи нема да одат според планот, но тоа ќе биде само привремено. Ќе се појави можност за службено патување. На емотивен план – можно е да запознаете личност со која ќе почувствувате длабока поврзаност.

Здравје: во одлична форма сте.

Риби

Ве очекуваат поволни прилики да ја подобрите финансиската ситуација – преку кредит, стипендија или поддршка од некој близок. Не дозволувајте агресивноста да ве стави во непотребни конфликти.

Здравје: нестабилно – можно е замор и пад на енергијата.

Advertisement

Магазин

Од Скопје до Њу Џерси: „Trend Coffee“ – кафулето со тирамису по рецепт на баба и музика во живо

Во Монтклер, Њу Џерси, на булеварот Блумфилд 411 се наоѓа „Trend Coffee + Tea House“, кафуле кое веднаш ве потсетува на атмосферaта на „битник“ локалите од Гринич Вилиџ од 60-тите години. Но, зад американскиот шарм се крие македонска топлина – сопствениците се брачната двојка од Скопје, Сања и Димитар Бањански, кои во САД се преселиле во 2000 година, а кафулето го отворија во 2011 година.

Специјалитет на куќата е домашниот „чаи“ чај, подготвен со сезонски вкусови како тиква, ванила, чоколадо и куркума. Менито нуди домашни палачинки, киш, омлети и вегански опции, но вистинскиот бисер е тирамисуто, кое се подготвува по оригинален рецепт на бабата на Сања, директно од Македонија.

„Trend Coffee“ е и културен центар:

Првиот вторник во месецот е резервиран за „Отворен микрофон“, каде локални таленти настапуваат пред публика. Третата среда од месецот е посветена на џез сесии (Jazz jam session). Од ноември 2025 година, секој трет четврток се одржуваат вечери на стенд-ап комедија и импровизации.

Кафулето соработува и со „Jazz House Kids“, овозможувајќи им на младите музички таленти двапати годишно настапи пред жива публика. За Сања и Димитар, „Trend Coffee“ не е само бизнис, туку место со срце и душа каде секој гостин се чувствува како дома.

Continue Reading

Магазин

Хороскопски знак кој го чека најсветлиот период до крајот на 2025 година

За родените во знакот Лав, универзумот подготвува исклучителен период полн со среќа и успех до крајот на 2025 година. По месеци, па дури и години на предизвици, Лавовите ќе почувствуваат како нивните напори и жртви конечно се враќаат со повеќекратен ефект.

Судбинските промени ќе се однесуваат на сите аспекти од животот – љубовта ќе цвета, професионалните планови ќе добијат неочекуван поттик, а финансиската стабилност ќе се подобри, носејќи чувство на сигурност и исполнетост.

Малите знаци од секојдневието ќе придонесат кон големи животни пресврти, па се советува Лавовите да ги следат можностите што им се појавуваат и да се отворат за нови предизвици.

Во овој период најважно е да се препуштат на текот на среќата, без да се обидуваат да го контролираат секој чекор. Универзумот им испраќа јасен сигнал: време е да го земат она што им припаѓа и да уживаат во еден од најубавите и најзначајните моменти во својот живот.

Continue Reading

Магазин

Принцезата Леонор успешно го изведе првиот самостоен лет во рамки на воената обука

Принцезата Леонор го реализираше својот прв независен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде веќе четири месеци посетува интензивна теоретска и практична настава како потпоручник во Воздухопловните и вселенските сили на Шпанија.

Самостојниот лет беше изведен со тренажниот авион „Пилатус PC-21“, модел на кој принцезата е целосно обучена. Пред овој значаен чекор, таа помина низ обемна подготовка што опфати теоретска настава, симулаторски сесии и повеќе инструктивни летови со инструктор, што ѝ овозможи безбедно да го изврши првото самостојно „спуштање“, одржано во четврток, на 18 декември.

Во текот на обуката, Леонор следела програма насочена кон стекнување темелно воздухопловно знаење, како и продлабочено разбирање на организацијата, структурата и функционирањето на Воздухопловните и вселенските сили. Обуката вклучувала подготовки пред лет, оперативни брифинзи, инспекција на летала, редовни тренажни летови и работа на симулатор.

Покрај летачката обука, принцезата учествувала и во вежби за преживување на море, користење заштитна опрема, вклучително и маски против Г-сила, како и во традиционалната церемонија на полагање заклетва во рамки на академијата AGA.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг