Connect with us

Економија

МБИ10 со минимален пад, STB најголем губитник

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Динамика на тргување и пазарни движења

Берзанската сесија на 7 мај 2025 година се одвиваше во стабилен ритам, со умерено зголемена активност кај неколку водечки хартии од вредност. Вкупниот дневен промет на сите пазари достигна 31.312.579 денари, додека индексот МБИ10 забележа минимален пад од -0,02%, спуштајќи се на 10.685,60 поени. Индексот ОМБ остана непроменет на 126,44 поени.

Најтргувани акции

1. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет: 8.224.120 денари, последна цена: 29.200 денари

2. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет: 7.041.560 денари, последна цена: 27.200 денари

3. Стопанска банка АД Скопје (STB) – промет: 4.635.800 денари, последна цена: 3.130 денари

Најголеми добитници 

1. Макпетрол АД Скопје (MPT) – пораст од +3,00%, последна цена: 113.300 денари

2. Реплек АД Скопје (RPRK) – пораст од +0,98%, последна цена: 16.145 денари

3. Алкалоид АД Скопје (ALK) – пораст од +0,37%, последна цена: 27.200 денари

Најголеми губитници

1. Стопанска банка АД Скопје (STB) – пад од -1,23%, последна цена: 3.130 денари

2. Универзална Инвестициона Банка Скопје (UNI) – пад од -1,14%, последна цена: 7.217 денари

 

Тргувањето на 7 мај 2025 беше обележано со умерен промет и благо корективно движење на индексот МБИ10. Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка беа најактивни на берзата. Макпетрол се издвојува како најголем добитник со раст од 3%, додека Стопанска банка и Универзална Инвестициона Банка ја предводеа листата на губитници. Пазарот продолжува во стабилна динамика со умерени осцилации.

Advertisement

Економија

Германската економија е во загуба 200 милијарди евра од боледувања

Германија се соочува со растечки економски товар од боледувањата на вработените. Минатата година, производствените загуби и исплатите на плати за време на боледување ја чинеле германската економија повеќе од 200 милијарди евра, објави владата.

Според статистиката, секој вработен во просек отсуствувал од работа по 20,8 дена, што е речиси четири дена повеќе отколку во 2020 година. Вкупно се забележани 881,5 милиони денови боледување, а секој изгубен работен ден компаниите го чинел во просек 152 евра.

Како најчести причини за отсуство од работа биле наведени проблеми со мускулно-скелетниот систем, заболувања на респираторните органи и психички нарушувања. Производствените загуби достигнале 134 милијарди евра, додека трошоците за надоместок на плати изнесувале 72,3 милијарди – за 26 отсто повеќе од пред пет години.

Најмногу погодени се секторите здравство, социјални служби, метална индустрија, јавна администрација и трговија, додека финансискиот сектор и угостителството бележат најниски стапки на боледување.

Штефан Гент, директор на Германската федерација на трговци на мало, предупредува дека високата стапка на боледувања го зголемува товарот врз компаниите и ја намалува нивната конкурентност. Тој го посочува и телефонското добивање на потврди за боледување како еден од проблемите, предлагајќи укинување на овој начин на работа.

Continue Reading

Економија

ИКЕА пристигнува и во Македонија

ikea

Идејата за отворање на ИКЕА во Македонија не е нова – за неа се зборува повеќе од една деценија. По неколку неуспешни обиди, шведскиот бренд кој ја освои светската малопродажба на мебел, конечно се чини дека ќе стапи и на македонскиот пазар.

Веста неодамна ја потврди новоформираната Шведско-Македонска стопанска комора. Извршниот директор, Самуел Наумовски Викиус, во разговор за медиумите во Скопје изјави дека преговорите за влезот на ИКЕА во Македонија се во завршна фаза. „Има простор за работа на ИКЕА во нашата земја, а иницијативата е поддржана и од шведскиот амбасадор“, рече Наумовски Викиус, додавајќи дека комората активно работи на ова прашање.

ИКЕА е еден од најпознатите меѓународни брендови за мебел со силно присуство во регионот, вклучувајќи ги Грција, Бугарија, Србија и Хрватска. За споредба, инвестицијата за стоковната куќа „Икеа – Белград Исток“ изнесуваше 70 милиони евра за објект од 35.000 квадратни метри и отвори повеќе од 400 нови работни места. Во Хрватска, пак, во 2014 година, ИКЕА вложи околу 100 милиони евра и првично вработи 350 лица.

Македонските купувачи во меѓувреме имаат ограничен пристап до интернет-страниците на ИКЕА: грчката и бугарската веб-страница се достапни само од нивните земји, додека македонските граѓани можат да се информираат преку сајтовите во Србија (ikea.rs) и Хрватска (ikea.hr).

Со оглед на досегашното искуство на ИКЕА во регионот, отворањето на првата продавница во Македонија се очекува да донесе значителни инвестиции и нови работни места, а граѓаните конечно ќе имаат можност да ги купуваат светски познатите производи на локално ниво.

Continue Reading

Економија

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“

Новогодишниот период носи посебна атмосфера – време кога сме поблиску едни до други, славиме нови почетоци, истовремено осврнувајќи се на годината што изминува. Во овие празнични денови секогаш го бараме идеалниот подарок што ќе ги израдува нашите најблиски. Вистинската вредност на подарокот се мери со насмевките и среќата што ја носи, па токму затоа овој период е совршен за подарување шанса за среќа.

Шареноликата понуда на инстант лозови на Државна лотарија, во ковертите „Среќа плус“ со разновидни дизајни, наменети како подарок за различни поводи се токму тоа – симболичен гест, којшто во мал коверт носи шанса за големи добивки. Со „Среќа плус“ не подарувате само инстант лоз – подарувате мигови исполнети со надеж, исчекување и можност новата година да започне со убави изненадувања.

Во еден коверт „Среќа плус“ се кријат можности за исполнување на многу новогодишни желби – сопствен стан, автомобил, мотор и големи парични добивки. Инстант лотаријата ја дополнува магијата на празниците, носејќи ја шансата соништата да се претворат во реалност.

Овие празници подарете моменти на среќа на оние што ви значат, затоа што најубавите подароци се оние што носат надеж, радост и верба дека убавите изненадувања се поблиску отколку што мислиме и нѐ потсетуваат дека среќата е насекаде околу нас!

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг