Connect with us

Црна Хроника

Полицијата трага по 16-годишно девојче од Скопје, мајката ја пријавила дека не се вратила дома

policija

“На 06.05.2025 во 00.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.П.(42) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината малолетна ќерка Д.П.(16)”, велат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Advertisement

Црна Хроника

Нападнато полицајци во Скопје – МВР со брза интервенција

На 19.12.2025 во 03:15 часот во Скопје,  полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Ѓ.С.(44) и А.С.(40), двајцата од Скопје.

Ѓ.С. физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека пак А.С. се однесувал агресивно кон полициските службеници.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading

Црна Хроника

Полициска акција во Тетовско – одземено оружје и патрони 

На 18.12.2025 во 10:00 часот на регионален пат Тетово-с.Волковија, кај с.Радиовце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане ги лишија од слобода Р.А.(41)  и Џ.А.(66), двајцата од с.Жеровјане, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „незаконит лов“. Притоа, кај Р.А. е пронајдена и одземена ловечка пушка „Бајкал“ 12 милиметри со два патрони во цевка и колан со 15 патрони, додека од Џ.А. се одземени дозвола за оружјето, легитимација од ловечко друштво и други предмети. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава по член 396 и член 288 од Кривичниот законик.   

Continue Reading

Црна Хроника

Уапсени сопственици на златарница поради затајување ДДВ и данок на доход

Двајца сопственици и управители на скопската фирма „Арѓира“ ДООЕЛ, Б.А. и Д.Х., се уапсени поради сомнение за даночно затајување, со што, според истрагата на Финансиската полиција, државниот буџет бил оштетен за речиси 65 милиони денари.

Б.А. во периодот од 2020 до 2023 година присвоил златен накит во вредност од 197.742.227 денари, без да пресмета и плати ДДВ и данок на личен доход. На овој начин избегнал плаќање ДДВ од 35.593.601 денар и данок на личен доход од 21.969.161 денар, со што државата била оштетена за 57.562.762 денари.

Д.Х., пак, во текот на 2024 година присвоил дел од увезената стока – златен накит и необработено сребро – како и сметководствено евидентиран кало-растур од 7.822,61 грам, со што не биле платени ДДВ од 4.551.963 денари и данок на личен доход од 2.809.573 денари. Буџетот за 2024 година бил оштетен за 7.361.536 денари.

Со овие дејствија, во периодот од 2020 до 2024 година, пријавените се стекнале со противправна имотна корист и ја оштетиле државната каса за вкупно 64.924.298 денари, соопшти Управата за финансиска полиција.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Б.А. и Д.Х., а тие се приведени по насоки на обвинителството.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг