Connect with us

Свет

Додека ситуацијата излегува надвор од контрола, Трамп испрати моќна порака до Индија и Пакистан

САД се обидуваат да спречат ескалација меѓу Индија и Пакистан: Страв од нова меѓународна криза

Американската администрација се вклучи во обидите за смирување на тензичната ситуација меѓу Индија и Пакистан, по серијата ракетни напади што индиската страна ги изврши врз пакистанска територија. Вашингтон настојува да спречи евентуална ескалација што би можела да прерасне во нуклеарен конфликт – нешто што би значело и прва сериозна меѓународна криза по инагурацијата на Доналд Трамп.

„Ако можам на кој било начин да помогнам – ќе бидам тука. Ги познавам двете земји добро и сакам да го решат проблемот“, изјави претседателот Трамп.

Конфликтот меѓу Индија и Пакистан е најтежок во последните две децении. Ситуацијата кулминираше по индиските напади врз, како што тврди Њу Делхи, „терористичка инфраструктура“, додека Исламабад соопшти дека соборил индиски воен авион и најави одмазднички мерки.

Американскиот државен секретар Марко Рубио веќе стапил во контакт со официјални претставници од двете земји, како и со саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан ал Сауд, во обид да се најде дипломатско решение и да се спречи понатамошна ескалација.

Сепак, аналитичарите предупредуваат дека САД би можеле да бидат ограничени во својата улога на посредник поради актуелните ангажмани во кризните жаришта како Украина и Појасот Газа. Според „Фајненшл тајмс“, пораките од Вашингтон по нападите биле недоследни и недоволно јасни.

Иако САД остро го осудија терористичкиот напад во Пахалгам, на спорната територија Кашмир, каде на 22 април загинаа 26 лица, подоцна Рубио упати повик до двете влади за заедничка работа на „деескалација на тензиите“ и зачувување на мирот во регионот.

Во меѓувреме, индиската влада соопшти дека за време на телефонски разговор на 1 мај меѓу американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и индискиот министер за одбрана Раџнат Синг, САД повториле силна поддршка за борбата на Индија против тероризмот и го признале нејзиното „право на самоодбрана“.

Advertisement

Свет

Хаос на европските аеродроми по воведувањето на новиот Шенген систем

Воведувањето на Шенген системот за влез и излез (EES) на 12 октомври 2025 година предизвика сериозни проблеми на аеродромите во Европа, при што патниците во периоди на зголемена фреквенција чекаат и до три часа за да поминат гранични контроли, соопшти Европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

Оттаму велат дека прогресивното снимање на биометриски податоци и регистрација на државјани од трети земји ја зголемуваат обработката на патниците до 70%, а недостигот на киосци и полициски кадар дополнително ја усложнува ситуацијата. Најзасегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија.

ACI повикува Европската комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите-членки итно да преземат мерки или да овозможат поголема флексибилност во примена на системот до целосното воведување. Генералниот директор на ACI EUROPE, Оливие Јанковец, предупредува дека доколку проблемите не се решат пред зголемувањето на прагот за регистрација на 35% од 9 јануари, хаосот на аеродромите ќе се продлабочи, со сериозни последици по безбедноста и оперативноста.

Continue Reading

Свет

Украински дронови предизвикаа штета на руската нафтена инфраструктура во Таман

Украински беспилотни летала го погодиле руското пристаниште Таман во Црното Море, при што биле оштетени две пристаништа, еден цевковод за снабдување со мазут и два танкера, соопшти регионалната администрација на Краснодарската област. На едниот танкер избувнал пожар кој веќе е изгаснат, а два резервоари за складирање биле оштетени од падот на остатоци од дрон.

Службите за цивилна заштита информираат дека екипажите на погодените бродови се евакуирани, а пожарите се целосно изгаснати. Пристаништето Таман се смета за клучна точка за испорака на нафта и течен природен гас.

Украина зачестено ги напаѓа руските нафтени и енергетски објекти како дел од својата одбрана од руската инвазија.

Continue Reading

Свет

Пентагон алармира: Кина тајно распоредила над 100 нуклеарни ракети – можно воено сценарио за Тајван до 2027

Најнов извештај на Пентагон, сè уште необјавен, открива дека Кина значително го забрзува својот нуклеарен капацитет и не покажува интерес за преговори за контрола на оружјето. Според американските разузнавачи, Пекинг тајно распоредил повеќе од 100 интерконтинентални балистички ракети од типот ДФ-31 во „полиња со силоси“ во близина на границата со Монголија, што им овозможува брзо лансирање во случај на конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави план за денуклеаризација во соработка со Кина и Русија, но извештајот на Пентагон укажува дека Пекинг не покажува сериозен интерес за такви мерки или разговори за контрола на вооружувањето.

Според документот, кинескиот нуклеарен арсенал сè уште брои под 600 боеви глави, но експанзијата продолжува, а до 2030 година се очекува бројката да надмине 1.000. Пентагон истакнува дека клучната година е 2027, кога Кина се проценува дека ќе биде способна да води и да победи во потенцијален конфликт за Тајван.

Стратегијата на Пекинг вклучува удари на далечина од 1.500 до 2.000 наутички милји од кинескиот брег, со што би можело сериозно да се попречи американското воено присуство во Азиско-пацифичкиот регион. Кина засега го застапува ставот дека се придржува до „нуклеарна стратегија на самоодбрана“ и политика на ненапаѓање, додека Пентагон предупредува на зголемената закана за стабилноста во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг