Connect with us

Македонија

ВОЗИЛО ЌЕ СЕ ОДЗЕМА ОД СЕКОЈ ШТО ЌЕ ВОЗИ БЕЗ ВОЗАЧКА и нема враќање – ќе се подарува!

Измените на законот за безобѕирно управување на моторно возило, предвидуваат и одземање на возило. Носењето на измените зависи и од усогласувањето со законот за прекршоци.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Канал 5 телевизија рече дека потребно ќе биде техничко усогласување, досега се преклопуваше прекршокот со кривичното дело поради тоа мора да се смени одредбата за безобзирно управување моторно возило, заради тоа што до сега едно исто дејствије беше и прекршок и кривично дело.

Тој вели дека сега се прави динстинкција врз основа на брзината и како безобѕирно управување на моторно возило.

– Освен алкохол над 1,5 промили алкохол во крвта, психотропни супстанци, нарокотични стедства, ќе биде и зголемена брзина над 50 во град, над 70 надвор од град, тогаш и да се направи и некоја незгода, од аспект да биде повреден некој пешак или да биде направена материјална штета, со самото тоа што возите, така каде што во град е дозволено 50, а вие возите 100, се смета дека сте сториле кривично дело. Со самото тоа каде што е дозволено 120, а вие возите плус 70 на отворено се смета дека сте сториле кривично дело, вели Тошковски.

Министерот вели дека и трките со возила ќе се казнуваат како кривично дело и за него, како што вели, најмотивирачкото е задолжителното одземање на моторни возила.

– Ако управувате моторно возило без возачка дозвола, а притоа тој што е сопственик на возилото вие е родител, брат, сестра и ткн. и го знае фактот дека го управувате возилото, возилото се одзема задолжително. Тој што ќе управува возило без возачка дозвола, возилото ќе му биде одземено веднаш и враќање нема, вели министерот.

-Оној кој што ќе управува моторно возило во рамки на утврдена забрана, значи дадена забрана и повторно уптравува, задолжително се одзема моторното возило.

Оној кој што е управува моторно возило со брзина драстична, ако на пример е дозволен 50, а тој вози 120 во град се одзема возилото трајно и добива кривична пријава. Нема ништо позначајно од човековиот живот, вели Тошковски.

Тој додава дека кога ќе знаат дека ќе му се одземи возилото трајно и ќе биде доделено на пример на дом на деца без родители, тогаш не верува дека така ќе возат како што се вози сега.

Носењето на измените зависи и од усогласувањето со законот за прекршоци.

Advertisement

Македонија

Божиновска: Св. Климент Охридски е темелот на нашата духовност, писменост и водилка на нашето образование

По повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, министерката Божиновска упати честитка, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна, културна и образовна историја.

Во пораката, Божиновска потсетува дека го прославуваме творецот на прочуената Охридска книжевна школа, еден од најзначајните средновековни писатели, педагози и духовници, чие дело оставило длабок белег во развојот на словенската писменост.

„Свети Климент Охридски со својата неуморна просветителска работа, со своите дела и со својата посветеност стана заслужен не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет,“ истакнува министерката.

Таа додава дека наследството на Св. Климент и денес е темел врз кој се градат современото образование, духовност и културен идентитет, потсетувајќи дека неговата мисија продолжува да инспирира генерации ученици, наставници, научници и духовни водачи.

Министерката ја заврши честитката со порака за единство и напредок:

„Да го чуваме и надградуваме она што го создаде големиот просветител. Делото на Св. Климент нека нè води кон мудрост, знаење и човечност.“

Continue Reading

Македонија

Проданоски: Св. Климент Охридски е светилник на нашето образование и традиција

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до православните верници и до сите сограѓани по повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото исклучително значење за македонската духовна, културна и просветителска традиција.

„Денес го славиме споменот на еден од најважните духовници, учители и просветители во македонската историја – светителот кој ги постави темелите на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го зацврсти македонскиот духовен и културен идентитет,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека богатото наследство на Св. Климент и денес е силен столб врз кој почиваат нашите образовни и духовни вредности, потсетувајќи дека неговото дело продолжува да инспирира генерации ученици, наставници и интелектуалци.

„Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба,“ порача градоначалникот, завршувајќи со традиционалната честитка:

„За многу години!“

Continue Reading

Македонија

Коњановски со честитка: Светиклиментовата мудрост да нè води кон подобро општество

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот државен и христијански празник Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна и културна традиција.

Во својата порака, Коњановски нагласи дека Македонската православна црква со особена почит го одбележува денот на својот патрон, нарекувајќи го Св. Климент „чудотворец, просветител и столб на македонската духовност“.

„Првиот македонски архиепископ и творец на Охридската книжевна школа остави длабока трага во просветителството, книжевноста и црковниот живот. Неговото дело е значајно не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет“, истакна градоначалникот.

Коњановски потсети дека Свети Климент со своето неуморно просветителско дело го образувал, просветлувал и облагородувал народот, поставувајќи силни темели на духовниот и културниот развој.

„Да продолжиме да делуваме во духот на хуманоста, разбирањето и меѓусебната почит. Светиклиментовото дело нека биде наша водилка во стремежите за создавање подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, порача тој, истакнувајќи ја и важната улога на битолските образовни институции кои го носат името на големиот просветител.

Градоначалникот ја заврши честитката со традиционалната порака:

„Нека е честит и вековит празникот Свети Климент Охридски.“

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг