Connect with us

Црна Хроника

Објавени вознемирувачки детали од вчерашното убиство во Штип

По вчерашното пукање во кафуле во Штип се појавија шпекулации дека мажот во кој е пукано е само повреден, потоа дека починал на лице место, а се појави и информација дека кога со возилото на Брза помош бил носен во болница бил жив, потоа починал в болница, објави ММС.

Кога починал странскиот државјанин денес со соопштение објаснија од ЈЗУ Клиничка болница Штип.

-Пациентот Е.О. странски државјанин роден 2000 година е донесен во Клиничка болница –Штип после 21 часот. Кај нас е донесен без знаци на живот. Од страна на докторите реанимиран, но безуспешно. Во 22.10 прогласена е смрт, информираат од ЈЗУ Клиничка болница -Штип.

Според болнички извори на ММС сега починатиот по пукањето се уште бил жив.

-Сега починатиот давал знаци на живот во возилото на Брза помош, каде бил интубиран. Меѓутоа, во моментот кога бил пренесен, престанал да дава знаци на живот, по што докторите почнале да го реанимираат, а го ставиле и на машина за механичко дишење, но повредениот, за жал, починал порди големите повреди. Лицето имало осум прострелни рани од четирите примени куршуми, кои влегле и излегле од од неговото телото. Неофицијално, убиецот испукал осум куршуми, од кои четири завршиле на телото на убиениот, велат извори на ММС.

Извор: ММС

Advertisement

Црна Хроника

Лажна сообраќајна несреќа во Тетово – Поднесени кривични пријави

policija tetovo

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б. (44), М.А. (39) и Г.Ш. (25), сите од Тетово, поради сомнение за кривично дело измама.

На 16 декември 2024 година, тројцата се обиделе со лажно прикажување на настан да измамат полицајци од сообраќајната полиција. Тие во круг на автоперална на ул. „Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата – „БМВ“ со швајцарски и „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки – со цел да наплатат осигурување од осигурително друштво.

Continue Reading

Црна Хроника

Полицаец повреден додека регулирал сообраќај

Полицаец е повреден откако бил физички нападнат од скопјанец додека го регулирал сообраќајот за време на протест во Скопје, соопшти МВР.

Инцидентот се случил вчера (23.12.2025) на крстосницата на булеварот Никола Карев со улицата Македонско-косовска бригада, на подрачјето на Бит-пазар. Напаѓачот, А.С. (24) од Скопје, бил приведен од полицијата.

Повредениот полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.

Continue Reading

Црна Хроника

Женa пронајдена мртва во езерцето во Градскиот парк во Струмица

Во Струмица, синоќа околу 01:45 часот, во Градскиот парк е пронајдена почината жена во едно од езерцата, потврдија од Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица.

На местото на настанот веднаш излегле јавен обвинител и полициски службеници, кои извршиле увид. Телото на жената е предадено на Судска медицина за обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека подетални информации за случајот ќе бидат објавени во текот на денот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг