Во израелски напади во Појасот Газа загинаа десет лица, меѓу кои и три деца

Во израелските напади врз Појасот Газа, кои се случија во текот на ноќта и денеска, загинаа десет лица, главно жени и деца, соопштија локалните здравствени власти.

Два од нападите погодиле шатори во јужниот град Кан Јунис, при што загинаа две деца и нивните родители. Во трет напад, загина уште едно дете, а седум лица се повредени.

Израелската страна засега не дава официјален коментар за најновите напади. Армијата на Израел соопшти дека нивна цел се само милитантите и дека се обидуваат да ги избегнат цивилите. За смртта на цивилите, израелските власти ја обвинуваат Хамас, тврдејќи дека милитантите се наоѓаат во густо населени области.