Connect with us

Свет

Дневен хороскоп за среда – 14 мај: Еден хороскопски знак го очекуваат проблеми на работа

ОВЕН

Бидете внимателни при извршувањето на задачите – импулсивноста може да ве доведе до ненамерни грешки. Иако сакате да ги завршите обврските што побрзо, обидете се да направите дополнителна проверка. Љубовниот аспект денеска е занемарен – нема да најдете време за блиската личност.

БИК

Комуникацијата со деловните партнери е отежната – разликите во ставовите создаваат напнатост. Ве обесхрабрува недостатокот на заедничка визија. Во љубовта, преовладува чувство на разочараност и бесперспективност.

БЛИЗНАЦИ

Без оглед на вложениот труд, денеска еден пропуст е неизбежен. Иако надредените можеби нема да го забележат, деловните партнери би можеле. Во приватниот живот, премногу сте насочени кон недостатоците на партнерот, занемарувајќи ги неговите напори.

РАК

Сè што ќе се случи денес ќе ви изгледа погрешно. Склоните сте кон критика и кај себе и кај другите. Во љубовта, нагласувате негативности и не дозволувате тензијата да се смири – време е за емпатија и разбирање.

ЛАВ

Успешно се прилагодувате на работната средина и со леснотија наоѓате заеднички јазик со колегите. Посебно значајна комуникација може да ве охрабри. Во љубовта владее почит и стабилност – односот со партнерот е хармоничен.

ДЕВИЦА

Заборавено ветување или обврска ќе ве доведе во ситуација да се обидувате сè да надоместите во последен момент. Во љубовта, вложувате дополнителен напор за да оставите добар впечаток, но резултатите не се како што очекувате.

ВАГА

Грижата за последиците од претходни одлуки ви создава немир. Очекувате вести кои би можеле да донесат пресврт. Љубовниот однос е во криза – неопходно е двострано вложување за да се надмине тензијата.

ШКОРПИЈА

Важен деловен партнер не одговара на вашите иницијативи, што создава неизвесност. Во личниот живот, денес е идеален момент за поправка на нарушените односи со сакана личност или блиски пријатели.

СТРЕЛЕЦ

Потребно е да покажете толеранција и отвореност. Иако имате силни убедувања, не ги наметнувајте на другите. Во личниот живот, дистанцата што ја создавате тешко се прифаќа – бидете попрецизни во комуникацијата.

ЈАРЕЦ

Недоразбирања со колегите се резултат на тврдоглавост и недостиг на флексибилност. Вниманието кон секојдневните задачи е клучно. Во љубовта, постои дистанца која бара итна реакција.

ВОДОЛИЈА

Незадоволство од постигнатите резултати ве тера на преиспитување. Не тагувајте за пропуштеното – фокусирајте се на она што можете да промените. Поддршката од саканата личност може значително да ви го подобри расположението.

РИБИ

Почувствувано заморно и мрачно расположение ве одвлекува од работните обврски. Немање енергија ви го одложува напредокот. Сепак, емотивниот живот ви носи нежност и утеха што ви се потребни.

Advertisement

Свет

Уапсена иранската активистка и нобеловка Наргес Мохамади

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2023 година, иранската активистка Наргес Мохамади, е уапсена во Техеран, потврдија нејзините поддржувачи.

Фондацијата „Наргес Мохамади“ соопшти дека апсењето се случило за време на комеморација во чест на адвокат за човекови права кој неодамна беше пронајден мртов. Иранските власти засега немаат излезено со официјално соопштение.

Поддржувачите на Мохамади веќе подолго време предупредуваат дека постои голем ризик таа повторно да биде притворена, откако во декември 2024 година беше привремено ослободена од затвор поради здравствени причини. Иако ослободувањето требаше да трае само три недели, активистите и западните држави извршија притисок таа да остане на слобода подолг период.

Во меѓувреме, Мохамади продолжи со активизмот – учествуваше на јавни протести, даваше интервјуа за странски медиуми и се појавуваше пред затворот Евин, каде што претходно беше задржувана. Нейзиното обновено ангажирање, според нејзините поддржувачи, дополнително го зголемило ризикот од ново апсење.

Continue Reading

Свет

Украина под огромен притисок – Трамп постави рок до кога треба да се потпише мировниот план

Европските лидери ја засилија дипломатската офанзива откако американскиот претседател Доналд Трамп ѝ постави рок на Украина до крајот на годината да го прифати предложениот мировен план со Русија – потег кој во Берлин, Париз и другите европски престолнини се гледа како директна предност за Кремљ, пишува „Киев Пост“.

Додека Украина се подготвува за една од најтешките зими досега, европските влади предупредуваат дека брзината со која Вашингтон сака да го затвори конфликтот може да резултира со украински отстапки што Русија ги бара уште од почетокот на инвазијата. „Ова не е дипломатија со краен рок – ова е подарок за Кремљ“, изјавил западен функционер запознаен со позицијата на европските земји.

Според повеќе дипломатски извори, во последните денови се водат интензивни разговори со Белата куќа, при што европските партнери и неколку влијателни американски конгресмени се обидуваат да го убедат Трамп да ја ублажи временската рамка. Проценките се дека Москва го користи неговиот стремеж за брза надворешнополитичка победа пред втората година од мандатот, а Трамп, наводно, приватно изразил дека сака договор до Нова година.

Додатна неизвесност внесува и можната оставка на специјалниот пратеник Стив Виткоф на почетокот од следната година, што би значело и укинување на самата функција – уште една причина за забрзување на процесот.

Најостра реакција следуваше откако Киев доби само неколку дена да одговори на американски предлог од 20 точки, со рок до Божиќ. На Капитол Хил, демократските сенатори Крис Ван Холен и Крис Кунс предупредија дека кратките рокови се „контрапродуктивни“ и „не помагаат во постигнување стабилно решение“. Републиканските ставови се поделени – Брајан Фицпатрик ги бранеше роковите како начин да се забрзаат преговорите, додека Дон Бејкон остро предупреди дека „притисокот врз Украина да отстапи територии го наградува агресорот“.

Европските дипломати сметаат дека Русија ја чита политичката динамика во Вашингтон подобро од кој било друг. „Трамп сака брз успех. Путин ја гледа шансата. А Европа останува заглавена по средината“, коментирал еден западен дипломат.

Continue Reading

Свет

Дали руската одбрана ќе успее да ја сопре новата украинска ракета?

Главниот дизајнер на украинската компанија „Фајр Поинт“, Денис Штилерман, во изјава за BBC Украина откри дека новата балистичка ракета FP-7 е во завршна фаза и дека до крајот на годината ќе бидат комплетирани сите формални процедури за нејзино воведување во употреба.

FP-7 е развиена како високобрза ракета чија задача е да одговара на нивото на рускиот ПВО-комплекс С-400 и да ги пробива заштитните системи околу Москва. Проектот, според Штилерман, е конципиран така што Украина да не мора да се потпира на политичките одлуки на партнерите за користење ваков тип оружје.

Ракетата ќе влегува во целта со суперсонична брзина од над 1.200 метри во секунда, што во комбинација со композитни материјали значително ќе го отежнува пресретнувањето од страна на руската воздушна одбрана. Компанијата самостојно го реконструирала дизајнот на еден од модулите на С-300/С-400, развила сопствен мотор и ги произвела потребните погонски системи, со што, како што велат, успеала целосно да ја создаде ракетата.

FP-7 е во процес на кодификација во научните институции на украинското Министерство за одбрана. Доколку државата ја одобри нарачката, сериското производство може да започне напролет 2026 година, со капацитет од неколку стотици ракети месечно.

Техничката директорка Ирина Терех истакна дека Украина веќе може да распореди стотици FP-дронови, но додаде дека производствениот максимум на FP-1 дронови за еден ден е околу 300, далеку под илјадниците кои би биле потребни за поголеми операции.

Паралелно со тоа, украинските сили развиваат нови тактики на користење беспилотни летала против руската пешадија. Дронови со звучници се употребуваат за создавање лажни сигнали на бојното поле и принудување на непријателот да ги активира сопствените извидувачки уреди. Има и копнени беспилотни системи кои од прикриени позиции детектираат руска опрема.

Украинскиот амбасадор во Полска, Василиј Боднар, најави дека Варшава би можела да добие украински беспилотни летала во замена за испорака на ловци МиГ-29, но без дополнителни детали поради чувствителноста на информациите и ризикот од руско пресретнување.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг