Connect with us

Македонија

Кривична пријава против Фрчкоски за злоупотреба на буџетски средства

Поранешниот амбасадор на Македонија при Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Данаилов-Фрчкоски, се соочува со кривична пријава поради сомнежи за незаконско користење на државни средства. Според пријавата поднесена вчера, тој, заедно со уште три лица, е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, дело казниво според член 353 од Кривичниот законик.

Фрчковски, во периодот од април 2022 до октомври 2024 година, постапувал спротивно на инструкциите и правилниците на Министерството за надворешни работи и Министерството за финансии. Според пријавата, тој не ја префрлил целата сума од продажбата на заедничкиот сукцесиски објект на СФРЈ во Њујорк кон Буџетот на Република Македонија, задржувајќи 58.721,72 долари на сметката на Мисијата во Њујорк, кои биле потрошени ненаменски.

Дополнително, се посочува дека злоупотребите вклучувале:

  • Земање аванси за службени патувања без соодветно оправдување
  • Пречекорување на дозволениот износ за мобилен телефон
  • Дупли и неоправдани плаќања на телефонски сметки
  • Трошоци за репрезентација над дозволените лимити
  • Исплати од касата на мисијата за поправка на службено возило без согласност од МНР
  • Нерасчистено салдо во касата на Мисијата

Оваа кривична пријава против Фрчкоски е во вкупната материјална штета која ѝ е нанесена на државата изнесува 116.576,9 американски долари. Покрај Фрчкоски, пријавени се и Катина Георгиева, Јон Ивановски и Ивана Спиковска.

Институциите сега треба да утврдат дали има основ за поведување кривична постапка против осомничените, а јавноста очекува транспарентност и одговорност за злоупотребата на државни средства во странство.

„Нека им биде кристално јасно на сите – она ​​што го видов е длабоко загрижувачко. Внимателно ги избирам зборовите, како дипломат, кога го кажувам тоа. Ваквите ситуации не смеат да продолжат да се случуваат, како што се случуваа во последните години. Особено кога доказите укажуваат на штети кои достигнуваат шест цифри во евра. Во оваа фаза, ги споделувам само информациите што ми е дозволено да ги обелоденам, бидејќи процесот сè уште е во тек. Спомнат е терминот „тужба“ и секако, другата страна ќе има право да ги изнесе своите аргументи и докази во таква постапка“, изјави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија.

Извор: Нетпрес

Advertisement

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг