evn

УТРЕ ЧЕТВРТОК ДЕЛОВИ ОД ТЕТОВСКО ЌЕ БИДАТ БЕЗ СТРУЈА – ЕВН НАЈАВИ ПРЕКИН

Утре, четврток (15 мај 2025 година), делови од тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Според најавата на ЕВН, без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат:

Дел од село Доброште – објектите кои се наоѓаат над старата џамија. Дел од село Слатино – објектите кои се наоѓаат во близина на фабрика Буљони.

Од ЕВН апелираат граѓаните да бидат претпазливи и навремено да ги завршат обврските кои зависат од електрична енергија.