Connect with us

Економија

Закон за енергетика – изгласан во Собрание! Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

Денес, во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика – системски, сеопфатен и реформски закон кој ги поставува темелите на новата енергетска политика на земјата. Со ова, Македонија конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на енергетиката.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на завршното обраќање пред пратениците нагласи:

„Законот што денес го донесовме претставува визија за иднината и темел на нашата национална трансформација кон чиста, одржлива и праведна енергетска иднина. Ова е закон што создава можности, но и бара одговорност.“

Законот е подготвуван во широк, инклузивен процес кој опфати институции, експерти, бизнис сектор, оператори, регулаторот и други заинтересирани страни. Преку 61 амандман во редовна законодавна постапка, се доби решение кое го унапредува квалитетот, прецизноста и применливоста на законот.

Новиот Закон за енергетика е компатибилен со Реформскатаагенда за Западен Балкан и европските директиви, а содржи неколку клучни столбови:

• значајно зголемување на уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка;

• поголема енергетска ефикасност и намалување на загубите;

• отворен енергетски пазар во кој граѓаните стануваат активни чинители – производители, продавачи, членови на енергетски заедници.

Особено внимание е посветено на социјалната правда – законските решенија вклучуваат заштита на ранливите категории, поддршка за енергетска сиромаштија и фер пристап до енергија за сите.

Законот нуди стабилна, транспарентна и предвидлива рамка за домашни и странски инвеститори. Ги јакне капацитетите на регулаторот и операторите, создава услови за поголема интеграција со регионалните и европските енергетски мрежи, и овозможува нови инвестиции во соларни, ветерни и други обновливи извори, топлификација, гасификација, складишта и дигитализирана мрежна инфраструктура.

„Енергијата не е само моторот на економијата, таа е основа за квалитетен живот. Со овој закон ја отвораме вратата за една енергетски суверена, зелена и европска Македонија.“ истакна министерката Божиновска.

Овој закон е повеќе од нормативен акт – тоа е патоказ за иднината. Шанса што, како што рече министерката, не смееме да ја пропуштиме.

Министерството ќе продолжи активно и одговорно со имплементацијата на законот, со силен фокус на резултати што директно ќе се почувствуваат од страна на  граѓаните и стопанството. Законот е усвоен – следува спроведување.

Економија

СЕ ЗНАЕ КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ ДАНОКОТ ЗА ПРВ СТАН. Што ги очекува граѓаните и градежниците?

Сите кои се заинтересирани за купување станови, но и градежниците може да здивнат. Повластената стапка од само пет проценти за првиот промет на згради или станови останува во примена до крајот на 2028 година. Поради ова, данокот нема да биде причина за дополнително поскапување на и онака скапите недвижности.

Согласно најавите на министерката за финансии, во Собранието веќе е доставен предлог закон за измени, со што се пролонгира рокот за повластената стапка за уште три години, односно од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2028 година.

Се прават измени на Законот за данокот на додадена вредност со кој се уредени предметот на оданочување, даночната основа, даночните ослободувања, даночните стапки, времето на настанување на даночниот долг, даночниот должник, одбивката на претходниот данок, регистрацијата за целите на данокот на додадена вредност, административните обврски, плаќањето на данокот, како и казнените одредби.

–  Предложените измени се со цел да се изврши допрецизирање во делот на одредбите кои се однесуваат на место на промет на услуги и допрецизирање во делот на одредбите кои се однесуваат на тур-оператори. 

Исто така се пролонгира рокот на примена на повластената стапка од 5 отсто на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата.

На тој начин се врши пролонгирање на рокот на примена на повластената стапка за уште три години – се посочува во законското решени доставено во Собранието.

Предлагачи се група пратеници, меѓу кои Антонијо Милошоски, Бојан Стојаноски, Бране Петрушевски, Дафина Стојаноска и Драгана Бојковскакои бараат измените да се донесат по скратена постапка и додаваат дека ова не предизвикуваат негативни фискални импликации врз Буџетот.

Со истиот закон се предлагаат и измени во делот на туроператорите.

–  Туристичките услуги дадени од страна на тур-операторот се сметаат за една единствена услуга. За место на промет на оваа услуга се смета местото каде што вршителот на промет на услугата има вистинско седиште. 

Доколку прометот на услугата се врши од подружницата на вршителот на прометот на услугата, што се наоѓа надвор од неговото вистинско седиште, тогаш седиштето на подружницата се смета за место на прометот на услугата – се прецизира во законот.

Continue Reading

Економија

НЕВОБИЧАЕН ФЕНОМЕН ВО ЈАДРАНОТ: Масовна појава на виолетови морски ежови кај Трст ги изненади научниците

Истражувачите во Јадранското Море регистрираа необична појава што досега не била забележана во овој обем. Во близина на Трст е откриена голема концентрација на виолетови морски ежови, и тоа на подрачје кое не се смета за нивно типично живеалиште.

Според научниците, ваквата слика е изненадувачка бидејќи на карпестото морско дно вообичаено доминира друг вид морски еж, додека виолетовите единки таму речиси и не се среќаваат. Овојпат, нивниот број бил значително поголем, а присуството на вообичаениот вид било минимално.

Стручњаците посочуваат дека објаснувањето може да се бара во животниот циклус на овие морски организми. Истражувањата укажуваат дека во одредени фази од животот тие мигрираат, најчесто поттикнати од промени во исхраната. Додека младите единки се хранат претежно со варовнички алги на песочно дно, повозрасните се префрлаат кон карпести подрачја богати со макроалги и растителни остатоци.

Дополнително, научниците не ја исклучуваат можноста дека зголемената достапност на кафени алги во овој дел од Јадранот создала идеални услови за собирање на голем број возрасни единки на едно место.

Иако сцената е необична, истражувачите нагласуваат дека природата ретко прави нешто без причина, а во овој случај, најверојатниот одговор се крие во храната и промените во морскиот екосистем.

Continue Reading

Економија

МБИ10 со пад од 0,32%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 18 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,32%, спуштајќи се на 10.091,56 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот дневен промет изнесуваше 13,06 милиони денари, при што најголем дел од тргувањето беше концентриран кај Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком, кои ја предводеа пазарната активност .

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 3.913.370 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 3.091.460 денари

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – 1.812.170 денари

Топ добитници

● АЛТА Банка АД Битола (ALTA) +2,83%

● ОКТА АД Скопје (OKTA) +2,04%

● Адинг АД Скопје (ADIN) +0,04%

Топ губитници

● РЖ Услуги АД Скопје (RZU) –8,16%

● Гранит АД Скопје (GRN) –1,59%

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) –0,85%

Обврзнички пазар

Во текот на денешната сесија не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Сите државни обврзници останаа со непроменети цени, а индексот ОМБ се задржа на 129,44 поени.

Тргувањето на Македонската берза на 18 декември 2025 година се одвиваше во умерена атмосфера, со вкупен промет од 13,06 милиони денари и пад на индексот МБИ10 за 0,32%. Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком беа најликвидните хартии на денот. Најголем добитник беше АЛТА Банка, додека РЖ Услуги и Гранит го предводеа негативното движење. Обврзничкиот пазар остана без активности, со стабилни котации и непроменет индекс ОМБ.

 

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг