Connect with us

Економија

МБИ10 со минимален раст, пазарот стабилен на 16.05.2025

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Динамика на тргување и пазарни движења

На последниот работен ден од неделата, 16 мај 2025 година, Македонската берза забележа вкупен промет од 20.203.394 денари. Индексот МБИ10 порасна за 0,07%, достигнувајќи 10.763,74 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 126,51 поени. Тргувањето се одвиваше стабилно, со умерена пазарна активност и без блок-трансакции.

 

Најтргувани акции 

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – Истргувани: 184 акции, промет: 5.289.060 денари, последна цена: 28.750,00 денари

● Стопанска банка АД Скопје (STB) – Истргувани: 1.608 акции, промет: 4.977.960 денари, последна цена: 3.080,00 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – Истргувани: 176 акции, промет: 4.729.560 денари, последна цена: 26.600,00 денари

Најголеми добитници

● Тетекс АД Тетово – Пораст: +2,98%, истргувани: 82 акции, последна цена: 2.521,00 денари

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – Пораст: +0,20%, истргувани: 184 акции, последна цена: 28.750,00 денари

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – Пораст: +0,24%, истргувани: 8 акции, последна цена: 61.500,00 денари

Најголеми губитници 

● Прилепска Пиварница АД Прилеп – Пад: -1,37%, истргувани: 3 акции, последна цена: 36.000,00 денари

● Стопанска банка АД Скопје (STB) – Пад: -0,15%, истргувани: 1.608 акции, последна цена: 3.080,00 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – Пад: -0,02%, истргувани: 176 акции, последна цена: 26.600,00 денари

 

Обврзнички пазар

И покрај присуството на котирани државни и корпоративни обврзници, не беа реализирани трансакции, а индексот ОМБ остана на 126,51 поени.

16 мај 2025 година помина во духот на конзервативна трговија, со фокус на банкарски и фармацевтски акции. Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банкапредводеа по волумен, додека Тетекс се истакна како најголем добитник. И покрај релативно нискиот промет, инвеститорската стабилност продолжува, а индексот бележи континуиран раст.

Advertisement

Економија

Историски удар за германската автомобилска индустрија: Волксваген ја затвора фабриката во Дрезден

Германската автомобилска индустрија се соочува со сериозни предизвици откако Волксваген најави дека ќе ја запре производството во својата фабрика во Дрезден. Ова е прво затворање на фабрика во Германија во 88-годишната историја на компанијата, што означува историски момент за индустријата која долго време беше мотор на германската економија.

Причините за затворањето се поврзуваат со структурните промени во автомобилската индустрија, особено транзицијата кон електрични возила и потребата за намалување на трошоците. Од Волксваген соопштуваат дека ќе преземат мерки за поддршка на вработените, вклучително и понуди за пренасочување кон други објекти и програми за обука.

Експертите предупредуваат дека ова затворање може да има пошироки последици врз германската економија и добавувачите во автомобилскиот сектор, особено во регионот околу Дрезден. Автомобилската индустрија во Германија, која долго време беше симбол на технолошка извонредност и економска стабилност, сега се соочува со потреба од брзи адаптации за да остане конкурентна на глобалниот пазар.

Continue Reading

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Поевтинуваат горивата од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат. Поевтинуваат горивата за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.

Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)

Continue Reading

Економија

Скопје добива авиолинии до Прага и Келн

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечер во 19:25 ќе биде обновена линијата на Виз ер до Келн со четири лета неделно – секој понеделник, среда, петок и недела.

Оваа авиолинија е порака дека Македонија ги отвора вратите кон Европа и ја зацврстува поврзаноста со еден од најдинамичните региони, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на прес-конференција на скопскиот аеродром.

Таа нагласи дека секоја нова дестинација што им ја отвораме на граѓаните е нова можност – за подобра економска соработка, повеќе туристи, побрз развој на бизнисот и нови партнерства.

Тоа е и можност за поголема видливост на Македонија и посилно вклучување во европските економски и технолошки текови, додаде Божиновска, истакнувајќи дека на нејзина иницијатива повторно се воспоставува авиолинијата Скопје – Прага, која беше во функција од 2005 до 2012 година.

Неџат Курт, генерален директор на Виз ер, нагласи дека отворањето на рутата создава нови можности за патниците и поврзување на двата града, како и економска соработка, туризам, културни разменувања и развој на деловни врски.

Среќен сум што директната линија ќе ја направи Прага подостапна за македонските граѓани и компании и ќе им овозможи на чешките туристи и инвеститори полесно да ја откријат Македонија, рече Курт.

Андраш Радо, директор за комуникации во Виз ер, соопшти дека цената на билетот за летот Скопје – Прага во еден правец за јануари е 21 евро.

Посветени сме да имаме ниски цени и не се предвидуваат корекции, додаде Радо.

Според Курт, следната година се очекува раст од 20 проценти на авиосообраќајот од македонските аеродроми, со над 3,5 милиони патници.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг