Connect with us

Македонија

Владата на Обединетото Кралство го поздрави стратешкото партнерство со Македонија

Владата на Обединетото Кралство го поздравува новото стратешко партнерство Македонија, со што, како што стои во објавата на веб страницата на Даунинг стрит 10, дополнително се зајакнуваат односите меѓу двете земји.

Во соопштението се пренесува изјавата на премиерот Кир Стармер од средбата со претседателот на македонската Влада Христјан Мицкоски во Тирана, дека партнерството ќе го нагласи растечкото пријателство меѓу двете земји и ќе сигнализира намера за поблиска соработка на заедничките предизвици, вклучувајќи го економскиот раст, трговијата, одбраната и безбедноста.

„Лидерите, исто така, разговараа за неодамнешниот договор за приклучување на Северна Македонија кон Заедничката работна група за миграција, со што дополнително се зајакнува регионалната соработка за спречување на илегалните мигранти кои транзитираат низ Балканот и разбивање на криминалните банди што им помагаат. Во очекување на самитот на Западен Балкан во октомври, лидерите го поздравија зајакнувањето на пријателствата меѓу Велика Британија и регионот. Лидерите со нетрпение очекуваат повторно да разговараат наскоро“, стои во соопштението од британската Влада.

Постигнатата согласност за договор за стартешко партнерство го поздрави и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон.

„По клучната средба меѓу премиерот Кир Стармер и премиерот Христијан Мицкоски на денешниот самит на Европската политичка заедница во Тирана, со гордост ја споделувам објавата за новото стратешко партнерство – значајна надградба што ги зајакнува нашите безбедносни партнерства како сојузници во НАТО и ги продлабочува трговските и инвестициските врски со нов договор ‘влада-влада’, што ќе се потпише во Лондон следната недела“, напиша Лосон на фејсбук-профилот на Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

Advertisement

Македонија

Македонија и Турција ја зајакнуваат соработката во образованието и науката со нов договор

makedonija turcija

Македонија и Турција отвораат ново поглавје во билатералната соработка во образованието, науката, технологијата и иновациите. Министрите за образование и наука, Весна Јаневска и Јусуф Текин, потпишаа договор со кој се зајакнува партнерството меѓу двете земји и се создава основа за интензивна размена на знаење, искуства и кадар.

Со договорот се предвидува размена на информации и научни публикации во областа на формалното и неформалното образование, како и поттикнување на мобилноста на академици, образовни експерти, наставници и средношколци. Посебен акцент е ставен на средното, особено стручното образование, обуката и квалификациите на наставниот кадар, доживотното учење и реализацијата на заеднички образовни проекти.

Двете држави ќе разменуваат искуства и во примената на нови образовни технологии, како и во подготовката и унапредувањето на наставните планови и програми. Учениците ќе добијат можност да учествуваат на научни и културни натпревари што се организираат во Македонија и Турција, а ќе се поттикнува и развојот на заеднички образовни програми и збратимување на училишта.

Како дел од договорената соработка, во двете земји ќе се воведат изборни предмети „Јазикот и културата на Турците“, односно „Јазикот и културата на Македонците“, а предвидено е и меѓусебно стипендирање на средношколци.

За ефикасна примена на договорот ќе биде формирана заедничка работна група, која ќе го следи и координира спроведувањето на договорените активности.

Continue Reading

Македонија

Неработни денови и продолжени викенди во јануари 2026

Празничната атмосфера продолжува и во првиот месец од новата година, а јануари носи неколку неработни денови кои овозможуваат подолг одмор и полесно планирање на работните обврски.

Новата година започнува со 1 јануари, кој е неработен ден и паѓа во четврток. Веќе во петок, на 2 јануари, следи кратко враќање на работа, по што доаѓа викенд пауза. Понеделник, 5 јануари, е работен ден, а потоа следуваат 6 и 7 јануари, кога се празнуваат Бадник и Божиќ, кои се неработни денови. На работа повторно се враќа на 8 јануари.

Јануари не завршува тука со празниците. На 19 јануари, понеделник, се празнува Богојавление – Водици, кој е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Дополнително, за припадниците на српската заедница, неработен ден е и 27 јануари, кога се одбележува празникот Свети Сава.

Со ваквиот распоред, јануари нуди неколку можности за продолжени викенди и кратки одмори, што многумина веќе ги користат за планирање на слободното време.

Continue Reading

Македонија

Николоски најави иновативни инженерски решенија за автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на 14 ќе се врши стабилизација со таканаречени галерии – метод што досега не е применет ниту во Македонија, ниту во поширокиот регион.

Според Николоски, ваквиот пристап ќе обезбеди долгорочна безбедност и стабилност на трасата, ќе ги намали ризиците од одрони и ќе овозможи конечно завршување на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава. Проектот, како што нагласи, ќе придонесе за побрзо и побезбедно поврзување на југозападниот дел од државата и за зголемен економски и туристички развој.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг