Connect with us

Свет

Трамп вели дека Зеленски нема адути, ѝ се закани на Русија со „разорни“ санкции

Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за телевизиската мрежа Fox News, изрази увереност дека украинскиот претседател Володимир Зеленски во моментов нема адути и ѝ се закани на Русија со „разорни“ санкции доколку не се постигне договор за Украина.

„Секогаш велев дека тој (Зеленски) нема никакви адути, и нема никакви адути… искрено, нема никакви“, рече американскиот претседател, коментирајќи ги преговорите за решавање на војната во Украина.

Трамп додаде дека имал тежок период со Зеленски и истакна дека сè уште го смета за „најголемиот трговец во светот“.

Истакна дека руските власти се целосно вклучени во преговорите за „украинското решение“ и потсети дека рускиот претседател Владимир Путин ги иницираше преговорите во Истанбул.

Трамп, исто така, нагласи дека не планира да оди во Турција (каде треба да продолжат руско-украинските преговори) и не очекува да се сретне со својот руски колега.

„Но без мене нема да има договор. Затоа треба да се сретнеме (со Путин), мислам дека можеме да се договориме за тоа“, рече Трамп.

Трамп изјави дека е уверен дека е можно да се организира и одржи средба со Путин за решавање на украинската криза.

„Мислам дека ќе постигнеме договор, треба да се сретнеме, мислам дека можеби ќе го испланираме“, рече тој како одговор на прашање за ова прашање во интервју за Fox News снимено за време на посетата на американскиот челник на Абу Даби.

Продолжувајќи го својот одговор, американскиот лидер посочи дека неговите средби со Володимир Зеленски не биле лесни. „Не ми се допадна тоа што го кажуваше, ги комплицираше работите. Постојано велев дека нема никакви адути во рацете, а навистина немаше никакви карти во рацете, искрен сум во тоа“, рече тој.

Американскиот претедател, исто така, изрази мислење дека само со негово посредништво ќе биде можно да се постигне мирно решавање на украинската криза. „Мислам дека ќе го завршиме тоа брзо“, додаде Трамп.

Трамп изјави и дека би можел да воведе санкции против Русија доколку е потребно, но дека би претпочитал да не го стори тоа.

„Ќе го направам тоа ако треба“, одговори на пашњаето дали е подготвен да ги заостри санкциите против Русија. „Би претпочитал да не го правам тоа“, нагласи Трамп.

Во исто време, американскиот челник дозволи воведување нови „разорни“ санкции против Русија доколку нема да биде постигнат договор за Украина, на што инсистираат заепадноевропските сојузници на САД.

„Ќе го сторам тоа… Време е да ја пресечеме мисирката. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп како одговор на прашање во врска со тоа.

Американскиот претседател изрази мислење дека таков чекор наводно би бил „разореувачки за Русија“ поради „тешката економска состојба“ и ниските цени на нафтата.разговори без предуслови. Тој нагласи дека не ја исклучува можноста за постигнување вистинско примирје кое ќе го почитува Киев.

Advertisement

Свет

Лекарите во Англија стапија во петдневен штрајк

Лекарите во Англија денес започнаа петдневен штрајк поради несогласувања околу платите и условите за работа, јавува Ројтерс.

Станува збор за помладите болнички лекари, познати како „жители“, кои тврдат дека нивните плати во последните години значително се намалиле и дека работат под зголемен притисок и во тешки услови.

Владата, од своја страна, соопшти дека нема фискален простор за значителни покачувања на платите и дека штрајковите се неодговорни, нагласувајќи ја потребата за заштита на здравствениот систем и пациентите.

Continue Reading

Свет

Вашингтон најавува нов притисок врз Москва преку енергетски санкции

САД подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел дополнително да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати можен мировен договор со Украина, објавуваат странски медиуми повикувајќи се на информирани извори.

Според истите извори, меѓу мерките што се разгледуваат е и таргетирање на бродовите од руската флота на нафтени танкери, како и санкционирање на трговците и посредниците кои учествуваат во олеснување на трансакциите поврзани со извозот на руска нафта.

Изворите наведуваат дека станува збор за опции кои сè уште се во фаза на разгледување, а конечната одлука ќе зависи од развојот на дипломатските напори поврзани со војната во Украина.

Според најавите, новите санкции би можеле да бидат објавени уште во текот на оваа недела.

Continue Reading

Свет

Мелони: Европа губи време поради внатрешна слабост и бавни одлуки

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, предупредувајќи дека најголемата закана за Унијата не доаѓа однадвор, туку од нејзината сопствена неодлучност и неспособност навреме да носи клучни одлуки.

Говорејќи пред пратениците во Долниот дом на италијанскиот парламент, Мелони нагласи дека актуелниот геополитички момент бара прагматичен пристап, ослободен од идеолошки догматизам. Според неа, токму таквиот пристап е неопходен за соодветен одговор на новата безбедносна стратегија на Соединетите Американски Држави.

„Бесмислено и штетно е да се напаѓаат имагинарни непријатели. Вистинскиот проблем е нашата неспособност да изнаоѓаме конкретни и одржливи решенија“, истакна Мелони во пресрет на претстојниот Самит на ЕУ.

Премиерката се осврна и на прашањето за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, оценувајќи дека станува збор за сложен процес кој мора да биде заснован на цврста и правно издржлива основа. Таа ја повтори поддршката на Италија за Украина и ставот дека Русија треба да ги сноси трошоците за војната, но додаде дека Москва поставува, како што рече, „неразумни“ услови во рамките на мировните напори поддржани од САД.

Мелони упати критики и до предлог-буџетот на Европската комисија за периодот 2028–2034 година, оценувајќи дека во сегашната форма е неприфатлив за Италија. Таа посочи дека документот предвидува зголемени финансиски придонеси, но намалени средства за политики кои се од клучно значење за земјата, како заедничката земјоделска и кохезиската политика.

„Нема да прифатиме да плаќаме повеќе, а да добиваме помалку“, порача италијанската премиерка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг