Connect with us

Балкан

ВИДЕО: Членови на кабинетот на претседателот и премиерот на Србија физички се судрија на автопатот

На социјалните мрежи се појави видео од Србија, од автопатот во правец на Ниш, на кое е снимен конфликт меѓу придружбата на премиерот Ѓура Мацут и возило во кое се наоѓаат членови на кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Контроверзното видео го објави на социјалната мрежа X претседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ.

На видеото, како што објавија медиумите од Србија, се слуша глас, за кој се претпоставува дека ѝ припаѓа на советничката на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ, како излегува од возилото и вика: „Сега ќе му е*ам матер“, додека на член од обезбедувањето на премиерот Мацут му се обраќа со „идиоту“.

Во продолжението на видеото се слуша женски глас кој тврди дека станува збор за придружба од канцеларијата на претседателот Вучиќ, по што следува физичко туркање меѓу двајцата обезбедувачи.

Засега не се познати сите околности на овој инцидент, ниту идентитетот на сите учесници, а повеќе информации за можната позадина на конфликтот би можеле да се дознаат во наредните денови.

Видео

Advertisement

Балкан

Рама поддржува ограничување на правото на вето за новите членки на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека предложената идеја на Европската Унија за ограничување на правото на вето на новите членки на почетокот од нивното членство е „добра“. Предлогот има за цел да ги смири скептичните главни градови кон проширувањето на Унијата.

„Мислам дека е добра идеја“, изјави Рама за „Политико“ пред самитот ЕУ-Западен Балкан. Тој додаде дека несогласувањата во ЕУ се неизбежни, но дека пристапот на Албанија ќе се разликува од оној на Унгарија кога станува збор за блокирање на политиката на Унијата.

Рама потенцираше дека новите членки треба отворено да ги искажуваат своите ставови, но на крајот да се придржуваат кон колективните одлуки. Албанија се смета за еден од фаворитите за полноправно членство, со цел да стане членка на ЕУ до 2030 година.

Continue Reading

Балкан

ЕУ ја укинува блокадата кон Косово: 205 милиони евра помош наскоро достапни

Европската Унија одлучи да ги укине сите санкции против Косово до крајот на јануари 2026 година, што ќе овозможи на земјата да добие 205 милиони евра помош на почетокот на новата година. Одлуката следи по мирната транзиција на локалната власт во северните општини со мнозинство Срби.

Санкциите, кои досега предизвикаа штета од над 613 милиони евра, се однесуваа на клучни сектори како животната средина, енергетиката, дигитализацијата и културата.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, преку социјалните мрежи изрази благодарност до лидерите на ЕУ и сите партнери на Косово за признавањето на посветеноста на земјата во овие процеси.

Continue Reading

Балкан

Масовни дојави за бомби во училишта низ БиХ, учениците евакуирани

Утрово повеќе основни и средни училишта во Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина добија дојави за бомби, што доведе до прекин на наставата и итна евакуација на учениците и персоналот. Полициските екипи се на терен и преземаат мерки за проверка на заканите. Според неофицијални информации, пријавите главно биле испраќани преку електронски адреси.

Владата на Тузланскиот кантон и Министерството за образование и наука соопштија дека сите активности се спроведуваат во согласност со законските и безбедносните протоколи. „Училишните администрации и наставниот кадар дејствуваат одговорно, а безбедноста на учениците, наставниците и другите вработени е апсолутен приоритет“, велат од Владата. Учениците беа безбедно евакуирани и испратени во своите домови.

Покрај Тузла, дојави за бомби беа пријавени и во училишта во Република Српска, вклучувајќи градови како Бања Лука, Приједор, Прњавор, Лакташи, Требиње и Добој. Полицијата веднаш започна контрасаботажен преглед и обезбедување на објектите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг