Технологија
Bespoke AI пристигна и на посебна промоција
Скопје, 19. мај 2025 – Samsung Electronics неодамна ја претстави својата најнова линија на уреди од бела техника. Суштината на модерните технологии е во поврзаноста, лесната употреба и практичноста, а тоа ја претставува и визијата која Samsung ја донесува, и воедно е причина за новата промоција. Добијте повеќе и поперсонализирано за истите пари за време на промотивните периоди од 19.5. до 26.05.2025, како и од 01.06 до 30.06.2025, и при купување на одредени Samsung фрижидери, машини за перење, машини за сушење или правосмукалки, добијте на подарок Samsung Galaxy Watch7.

Не сме сите експерти во вршењето на домашните обврски, но и оние кои тоа го прават со задоволство многу би сакале да добијат асистент кој ќе ги олесни и забрза овие обврски, и тоа со подобрен квалитет.
Уживајте во лесното перење на облека. AI Home, на новите Bespoke AI машини за перење, има улога на интуитивен контролен центар, нудејќи корисни информации и контрола преку екран на допир. Покрај тоа, може да се персонализира начинот на перење така што машината ги памети вашите навики, предлага циклуси и покажува навремени информации. По перењето достапен е и извештај за облеката.

Управувајте со вашата машина за перење преку телефон. SmartThings е апликација која ви овозможува да ги поврзете вашите Samsung уреди во домаќинството, да ги проверувате и стартувате дури и кога не сте физички присутни, а преку неа ќе добивате и информации и препораки за што поефикасно извршување на домашните работи. И не само со машината за перење, туку можете да ги поврзете речиси сите Samsung производи, од часовник и слушалки, до телевизор, фрижидер, рерна и клима.

Во промоцијата е вклучена и најмоќната стик-правосмукалка Samsung со HEPA филтрација* – Bespoke Jet AI Ultra. Со моќ на вшмукување од 400W и режимот за AI Cleaning 2.0 кој го класификува опкружувањето за вшмукување и различните видови на теписи, ќе се чувствувате прилично моќно додека за неколку минути завршувате уште една задача од домашното чистење. А на Galaxy Watch7 паметниот часовник, кој го добивате на подарок со купување на оваа правосмукалка, ќе можете да видите колку чекори и потрошени калории биле потребни за оваа активност.
На почетокот ја споменавме практичноста и тука е Samsung фрижидерот со вертикална поделба и Family Hub режим. Без рачки за отворање на вратите, овој фрижидер значително ќе ви го олесни доаѓањето дома со полни раце со кеси од купувањето, при што вратите со автоматско отворање имаат сензори на двете страни, благодарение на кои полесно се отвораат кога ќе се допрат. Секако, суштината е во она што е внатре, а во тоа помага Twin Cooling Plus опцијата, која спречува мешање на мирисите меѓу внатрешните оддели и ја чува храната во соодветни услови, прилагодувајќи ги температурите и влажноста во фрижидерот и замрзнувачот и користејќи независни испарувачи, вентилатори и отвори.
За повеќе информации и услови на промоцијата, посетете го линкот: https://www.samsung.com/mk/offer/bespoke-ai-is-here/ и во секој случај, пристапете до апликацијата SmartThings на вашиот телефон, едноставно скенирајте ги паметните уреди во домаќинството и уверете се на кои сè начини поврзаноста преку SmartThings го прави вашиот живот поедноставен.
*„Најмоќната Samsung стик правосмукалка со HEPA филтрација – на основа на тестирање спроведено од страна на компанијата SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH (во декември 2024. година), согласно со стандардот IEC 62885-4 Cl.5.8, при употреба на рачна правосмукалка (без четка) во Jet режим и батерија со голем капацитет која е целосно наполнета. Резултатите се споредени со модели на безжични стик правосмукалки на пазарот со наведена моќ на вшмукување во рамките на 30% од реалната моќ на вшмукување на моделот на Samsung кој беше тестиран од компанијата SLG, а на основа на податоци за продажба помеѓу јануари и декември 2024 кои ги состави независен институт за истражување на пазарот.“
Технологија
TikTok останува во САД: Постигнат договор за нова американска компанија
По месеци неизвесност, популарната апликација TikTok ќе продолжи да функционира во САД, откако нејзината матична компанија ByteDance постигна договор за формирање нова заедничка компанија – TikTok US. Со тоа се стави крај на многу шпекулации за иднината на платформата која ја користат повеќе од 170 милиони Американци.
Според договорот, TikTok склучи обврзувачки спогодби со три големи инвеститори – Oracle, Silver Lake и фондот MGX – кои ќе учествуваат во новиот потфат. Извршниот директор на TikTok, Шоу Зи Чу, ја потврди зделката во внатрешна белешка до вработените, наведувајќи дека трансакцијата се очекува да биде финализирана на 22 јануари. „Вашата посветеност и труд овозможуваат TikTok да продолжи да расте и да се развива во САД и пошироко“, напиша Чу.
Според структурата на новата компанија, половина од TikTok US ќе биде во сопственост на американските инвеститори, со по 15% удел за Oracle, Silver Lake и MGX. ByteDance ќе задржи 19,9%, додека останатите 30,1% ќе бидат во рацете на поврзани субјекти на постојните инвеститори на кинеската компанија. Идентитетот на дел од останатите инвеститори засега не е откриен.
Заштита на податоците и националната безбедност ќе бидат клучни столбови на новата компанија. Корисничките податоци ќе се чуваат локално, на сервери управувани од Oracle, а алгоритмот на TikTok ќе биде повторно обучен врз основа на податоци од САД, со цел да се избегне надворешно влијание на содржините.
Алгоритмот долго време беше најспорната точка во дебатата за безбедноста на TikTok. Американските власти со години предупредуваа дека тој може да биде подложен на манипулации, додека кинеските закони инсистираа на контрола од ByteDance. Новиот договор овозможува алгоритмот целосно да се одвои од матичната компанија, во согласност со американското законодавство.
Договорот доаѓа по серија политички и правни пресврти. TikTok првично требаше да престане со работа во САД во јануари 2025 година, откако Конгресот усвои закон за забрана на апликацијата ако не најде нов сопственик. Платформата кратко време беше недостапна, но рокот беше повеќепати продолжен со извршни наредби, вклучително и од тогашниот претседател Доналд Трамп.
TikTok останува доминантна сила меѓу младите Американци: според Pew Research Center, околу 43% од Американците под 30 години редовно се информираат преку платформата – повеќе отколку преку YouTube, Facebook или Instagram. По објавувањето на договорот, акциите на Oracle пораснаа за 5% во постберзанското тргување, сигнализирајќи оптимизам на пазарот.
Со ова, TikTok не само што останува во САД, туку ја започнува својата следна ера со силен американски партнерски состав и засилена безбедност на податоците – на радост на милиони корисници ширум земјата.
Технологија
Reels од Инстаграм сега и на вашиот телевизор – мини видеа на голем екран
Се чини дека Инстаграм прави голем чекор во светот на домашната забава – Reels сега се префрлаат на големите екрани! Meta ја најави новата иницијатива „IG for TV“, која за прв пат ги носи кратките видеа на телевизорите. Првата станица на оваа револуција се Amazon Fire TV уредите, засега достапни само за корисниците во САД.
Како што пренесува TechCrunch, идејата е едноставна, но паметна: да им се овозможи на гледачите да „префрлат канал“ и да уживаат во Reels кога немаат концентрација за цел филм или серија. И како на мобилниот, така и на телевизорот, содржината ќе се прилагодува според вкусот на корисникот, но со една значајна промена – видеата ќе бидат организирани по тематски категории како комедија, музика, lifestyle и други, за да биде пребарувањето едноставно и интуитивно.
Reels на телевизорот ќе се репродуцираат автоматски, без потреба од континуирано скролување, а корисниците ќе можат лесно да прескокнуваат на следното видео. Дополнително, ќе постојат можности за лајкување, преглед на коментари и споделување со пријатели. Апликацијата ќе овозможува поврзување со постоечки Инстаграм профил, како и додавање до пет профили во истиот интерфејс, или пак отворање на посебен профил наменет само за телевизор.
Откако тестирањето на Amazon уредите во САД заврши, Meta најавува глобално проширување на услугата на други платформи, отворајќи сосема нов начин за уживање во кратките видеа од омилените креатори – директно од удобноста на каучот.
Технологија
Вештачката интелигенција станува стандард, кај нас сè уште исклучок
Годинава генеративната вештачка интелигенција (ВИ) се пробива во секојдневието на Македонија, но се уште не го освоила масовниот интерес. Според најновите податоци, околу еден од пет граѓани на возраст од 16 до 74 години (22%) користеле алатки базирани на ВИ. Најголем дел, 15,76%, ги користеле за лични цели, додека 8,55% ги вклучиле и во професионалната работа, а речиси еден од десет (9,4%) за формално образование.
Во споредба со просекот на Европската Унија, Македонија сè уште заостанува. Во ЕУ, речиси една третина од луѓето (32,7%) се служеле со генеративна ВИ годинава – најмногу за лични цели (25,1%), но и за работа (15,1%) и образование (9,4%).
Причините за воздржаност не се изненадувачки: 43% од граѓаните изјавиле дека едноставно немале потреба, 11% признале дека не знаат како да ги користат овие алатки, а 2% се загрижени за приватноста и безбедноста.
На ниво на Европа, Норвешка е несомнен лидер со 56,3% користење на ВИ, додека Турција се наоѓа на спротивниот крај со само 17,2%. Во регионот, најактивни се Грците (44,1%) и Словенците (37,6%), следени од Хрватска (27,5%), Бугарија (22,5%) и Македонија (22%). Најмалку ВИ се користи во Србија (18,6%) и Босна и Херцеговина (20,3%).
Во рамките на ЕУ, Данска, Естонија и Малта предводат со најголема распространетост на генеративна ВИ, додека Романија и Италија се на дното со само 17,8% и 19,9%.
Интернетот и натаму е основен дел од секојдневието. Во ЕУ, 94% од граѓаните користеле интернет во последните три месеци на 2025 година, а мобилните уреди остануваат најпопуларен начин за поврзување, со речиси 9 од 10 лица кои се служеле со нив. Во исто време, 74% купиле или нарачале производи и услуги онлајн.
И Северна Македонија бележи сериозен прогрес. Лани 91% од домаќинствата имале пристап до интернет, што е значителен скок од 69% во 2015 година. Само 6,86% од граѓаните ја поминале целата година без да се поврзат онлајн. Мобилните уреди доминираат со 91,5% употреба, додека лаптопот го користеле 35%, десктоп компјутер 20% и таблет 9%.
Најчесто, интернетот се користи за телефонски или видео разговори (86%), социјални медиуми (78%) и е-пошта (41%). Значителен раст се забележува и кај онлајн купувањето – 42% од граѓаните лани купиле или нарачале услуги и производи преку интернет, двојно повеќе отколку во 2020 година, кога тоа го направиле само 21%.
Трендинг
-
Црна Хроника6 days agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Црна Хроника6 days agoДрама на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале
-
Црна Хроника3 days agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Црна Хроника6 days agoКривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали
-
Република4 days agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Црна Хроника4 days agoХорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци
-
Црна Хроника2 days agoПолициска акција во Штип: Лишени од слобода неколку полицајци
-
Македонија3 days agoСреќни вести за пензионерите: Еве кои ќе добијат 6.000 денари за празниците















