Connect with us

Магазин

Голем неделен хороскоп за сите хороскопски знаци (19 – 25 мај): Еден хороскопски знак го очекува унапредување, друг огромн добивка

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (19–25 мај 2025): Емоции, одлуки и нови можности на сите полиња

Неделата пред нас носи предизвици, важни избори и неочекувани пресврти – како во професионалниот, така и во емотивниот живот. Дознајте што ви подготвуваат ѕвездите!

Овен (21.3 – 20.4)

Работа: Очекувајте поволен период за напредок, особено ако сте во креативна или независна професија. Можен е контакт со влијателна личност кој ќе ви отвори нови врати.
Љубов: Зрачите со харизма – можно е ново познанство со личност поврзана со уметноста или медицината. Внимавајте да не ги мешате емоциите со професионалните односи.
Здравје: Солидно, но потребен ви е квалитетен одмор.

Бик (21.4 – 21.5)

Работа: Бидете внимателни при финансиски одлуки и читајте внимателно пред да потпишете каков било договор. Некои соработници може да се покажат како недоверливи.
Љубов: Повторна комуникација со стара љубов е можно преку социјалните мрежи. Новите познанства носат ризик – не брзајте со отворање.
Здравје: Пад на имунитетот – внесувајте повеќе витамини и одмарајте.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Работа: Ќе добиете поддршка од значајна личност, особено во креативни или медиумски проекти. Средината на неделата е поволна за јавни настапи и преговори.
Љубов: Флерт на работното место или при патување е многу можен. Ако сте во врска, можни се љубоморни реакции од партнерот.
Здравје: Пазете се од повреди при физички активности.

Рак (22.6 – 22.7)

Работа: Можно е да добиете понуда што долго ја очекувате, но бидете внимателни – не е сè како што изгледа.
Љубов: Тајни пораки или средби би можеле да ве доведат до непријатни ситуации. За слободните – бурна романса со странец.
Здравје: Склоност кон главоболки.

Лав (23.7 – 22.8)

Работа: Вашата самоувереност ве прави забележливи, но внимавајте да не ги прецените своите капацитети. Следува понуда која ќе бара брза одлука.
Љубов: Ќе се врати личност од минатото – прашање е дали сте подготвени за нов почеток.
Здравје: Несоница или немирен сон.

Девица (23.8 – 22.9)

Работа: Ви претстои значајна животна одлука – можна е промена на работното место или дури и преселба. Бидете рационални.
Љубов: Интензивни емоции ве очекуваат – некој близок може да ве изненади со искрен интерес.
Здравје: Посетете стоматолог, можни се проблеми со забите.

Вага (23.9 – 22.10)

Работа: Дилема околу прифаќање нова работна понуда. Комуникацијата со колеги ќе биде клучна – избегнувајте конфликти.
Љубов: Шанса за стабилна врска со личност од секојдневието, но не верувајте веднаш – не сè е како што изгледа.
Здравје: Сезонски алергии и проблеми со синусите.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Работа: Ќе бидете полни со инспирација и идеи. Можна е понуда за приватна или креативна соработка.
Љубов: Зрачите со привлечност – можете да заведете кого сакате. Некој од минатото ќе се обиде повторно да влезе во вашиот живот.
Здравје: Следете го крвниот притисок.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Работа: Понуда поврзана со странство или учество во меѓународен проект. Одличен момент за усовршување или патување.
Љубов: Односите се стабилизираат. За слободните – се појавува личност со слични вредности и погледи.
Здравје: Висока енергија – не ја претерувајте.

Јарец (22.12 – 20.1)

Работа: Се чувствувате како сè да оди бавно, но до крајот на неделата ќе добиете јасна потврда дека сте на вистинскиот пат.
Љубов: Ќе се зближите со личност која ве смирува и ви носи стабилност.
Здравје: Пијте повеќе вода и одмарајте.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Конфликт со претпоставен е можен, но ќе заврши во ваша корист. Работете на она што навистина ве исполнува.
Љубов: Привлекувате внимание – можно е судбоносно познанство на културен настан или уметнички настан.
Здравје: Психички замор – потребно ви е повлекување и внатрешен мир.

Риби (20.2 – 20.3)

Работа: Неделата носи успех, но и завидливи погледи. Заштитете ги своите идеи и планови. Поддршка ќе добиете од жена од вашето блиско опкружување.
Љубов: Избегнувајте врски со зафатени личности или тајни авантури – можно е разочарување. Партнерот бара повеќе внимание.
Здравје: Осетливост на дигестивниот систем – внимавајте на исхраната.

Advertisement

Магазин

„Лица“ – уметничка изложба на Ангел Коруновски за човекот во глобализираниот свет

Во изложбениот простор „Мала станица“ во Скопје, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на ликовниот уметник Ангел Коруновски. Станува збор за серија дела што се фокусираат на човекот како поединец во современиот, глобализиран и често корумпиран општествен контекст.


Циклусот „Лица“ е инспириран од оние кои најчесто остануваат невидливи – анонимните, занемарените и замолчените луѓе што се движат низ бучавата на модерниот свет. Преку комбинација на колаж, гест, акција и апстракција, Коруновски создава визуелни прикази на човечко присуство кое опстојува под површината на секојдневните информации и медиумскиот шум.


Делата се изработени од слоеви искинати весници, симболи на масовните медиуми и глобалниот проток на вести, кои уметникот ги трансформира во лични и интимни приказни. Ознаките, дамките и експресивните потези функционираат како траги од емоции, отпор и преживување во системи што постојано ја потиснуваат индивидуалноста.
Прикажаните лица се фрагментирани, нецелосни и делумно замаглени – како одраз на борбата за видливост во свет што ја вреднува потрошувачката и конформизмот. Преку оваа тензија меѓу препознавањето и исчезнувањето, изложбата го отвора прашањето за идентитетот и човечноста во време кога тие сè почесто се условени од моќ, економија и спектакл.


„Лица“ претставува уметнички чин на емпатија и тивок бунт – визуелно сведоштво за луѓето кои се обидуваат да го зачуваат своето достоинство и човечност среде корупција и општествен хаос. Изложбата потсетува дека зад секоја вест и секој глобален наратив стои вистински човек и вистинска, често невидлива приказна.

Continue Reading

Магазин

Како паметно да ја користиме вештачката интелигенција и да извлечеме вистинска корист

Развојот на оваа технологија оди со огромна брзина. Компаниите секојдневно лансираат нови платформи и функции, обидувајќи се да останат чекор пред конкуренцијата. Резултатот е експлозија на алатки што стануваат дел од секојдневието на милиони луѓе ширум светот.

Апликациите базирани на вештачка интелигенција, како ChatGPT, се меѓу најбрзо растечките технолошки производи во историјата. За само неколку дена од лансирањето привлекоа над еден милион корисници, а за неколку месеци таа бројка достигна десетици милиони. Во меѓувреме, големите технолошки компании инвестираат милијарди долари во развој, центри за податоци и нови решенија засновани на ВИ.

И покрај ентузијазмот, експертите предупредуваат: вештачката интелигенција не е магично решение за сè. Клучот е во тоа како ја користиме.

Вештачката интелигенција како „засилувач“, не како замена

Канадската компјутерска научничка Саша Лучиони, која работи на развој на отворени ВИ-модели, ја опишува вештачката интелигенција како алатка што го засилува она што веќе го носиме во себе – и доброто и лошото.

Според неа, пред да почнеме да користиме вакви алатки, добро е да си поставиме неколку клучни прашања.

1. Дали ја користиме вистинската алатка?

Не сите ВИ-системи се создадени за истите задачи. Иако најпопуларните платформи можат да направат многу работи одеднаш, често постојат поспецијализирани алатки што се многу попрецизни за конкретни потреби – било да станува збор за научни анализи, учење, креативна работа или технички проблеми.

Наместо автоматски да се потпираме на најпознатата апликација, вреди да се истражи што сè постои и да се избере алатката што најдобро одговара на задачата.

2. Колку се сигурни одговорите?

Вештачката интелигенција може да звучи убедливо, но тоа не значи дека секогаш е во право. Таа понекогаш создава информации што звучат логично, а сепак се неточни или целосно измислени.

Затоа, експертите советуваат секогаш да се проверуваат добиените одговори, особено кога станува збор за работа, образование или важни одлуки. Критичкото размислување останува незаменливо.

3. Што споделуваме со вештачката интелигенција?

Еден од најчестите превиди е лесното споделување лични податоци. Сè што внесуваме – текст, фотографии или документи – може да биде обработено, складирано или искористено според правилата на платформата.

Лични, чувствителни или интимни информации не треба да се внесуваат во вакви системи, особено ако не сме сигурни како се заштитени податоците. Приватноста останува сериозно прашање, а искуствата од различни земји покажуваат дека злоупотребите не се исклучок.

4. Дали навистина ни е потребна ВИ за сè?

Иако вештачката интелигенција може да заштеди време, не значи дека треба да ја користиме за секоја ситница. Понекогаш задачите можеме да ги завршиме самостојно или со едноставни алатки, без дополнителна технологија.

Покрај тоа, ВИ не може да донесува одлуки засновани на човечки вредности – што е исправно, што е морално или што е етички прифатливо. За такви прашања, човечкиот разговор и искуството се незаменливи.

И цената што не ја гледаме

Развојот на вештачката интелигенција има и еколошка цена. Центрите за податоци трошат огромни количини енергија и вода за ладење на серверите, што отвора нови прашања за одржливост и влијание врз животната средина.

Вештачката интелигенција ќе биде дел од нашите животи и во иднина, особено како што сè повеќе комуницираме и работиме онлајн. Но, тоа не значи дека треба да ѝ ја препуштиме секоја одлука. Како што предупредуваат експертите, најголемата вредност е да ја користиме ВИ како помошна алатка, а не како замена за човечката креативност, критичко размислување и поврзаност со другите.

Continue Reading

Инфо +

ЗОШТО АВТОМОБИЛИТЕ ЗАГАДУВААТ ПОВЕЌЕ ВО ЗИМА ОТКОЛКУ ВО ЛЕТО: податоци за PM2.5, емисии и ефекти на климата

Во зимскиот период, загадувањето од сообраќај и возила често е значително повисоко отколку во лето, а тоа се потврдува со мерењата на фини честички (PM2.5) и истражувањата за емисиите од возилата. Овој ефект не е случаен – тој е резултат на комбинација од технички, метеоролошки и човечки фактори што потенцијално ја влошуваат квалитетот на воздухот во студените месеци.


Што е PM2.5 и зошто е важен?
PM2.5 претставува фини честички со дијаметар помал од 2,5 микрометри – доволно мали да навлезат длабоко во белите дробови и крвотокот, што ги прави опасни по здравјето. Тие честички доаѓаат од согорување на гориво, дизел и бензин, индустрија, греење и други извори. (PM2.5 се најопасни затоа што продираат длабоко во респираторниот систем и се поврзуваат со хронични болести.)


Истражувањата покажуваат дека во многу градови концентрациите на PM2.5 во зимата се повисоки отколку во летниот период. Причината е дека ладниот воздух спречува развлекување на загадувачите нагоре, а температурните инверзии ги „заклучуваат“ честичките низ котлини или долини, што доведува до стабилно високa концентрација на PM2.5.


На пример, мерењата во Скопје покажуваат дека во ноември, декември и јануари PM2.5 честичките значително ги надминале граничните вредности, понекогаш повеќе од двојно, а највисоките вредности биле измерени токму во студените месеци.


Сообраќајот е главен извор на PM2.5 емисии, особено во урбани средини. Истражувањата покажуваат дека сообраќајот придонесува со значителни количини PM2.5 – иако процентот варира по региони, во метрополи како Њујорк и Сан Франциско придонесот на возилата за PM2.5 бил над 20% од вкупните емисии во одредени години.


Во студиите што ги споредуваат причините за загадување, сообраќајните емисии обично се меѓу најважните извори на PM2.5 во зимските месеци кога согорувањето за греење исто така се зголемува.


Зошто зимските емисии од автомобили се повисоки?
Во зима автомобилите честопати шират повеќе штетни гасови и честички поради:

Студен старт: При ниски температури, моторот работи побогато со гориво, а каталитичкиот конвертор не достигнува оперативна температура веднаш, што значи дека повеќе незагреано гориво и PM2.5 се испушта во воздухот.


Поголема потрошувачка на гориво: Студените услови бараат повеќе енергија и чести стартови, што води до повисоки емисии на CO2, NOx и честички во споредба со лето.


Климатски услови: Температурни инверзии, ниска висина на граница на атмосферата и слаб ветер во зима го спречуваат разредувањето на загадувачите, па тие се задржуваат поблиску до земјата.


Греење и други извори: Покрај сообраќајот, домашното греење (дрва, јаглен) во зима значително ги зголемува вкупните PM2.5 емисии, што дополнително ја влошува ситуацијата.


Примери на зимски PM2.5 вредности
Во некои градови, PM2.5 вредностите во зима често надминуваат 100 µg/m³, што е повеќе од двојно повисоко од граничните вредности што ги поставуваат Светската здравствена организација или националните стандарди (обично околу 40 µg/m³ годишно). На пример, зимските концентрации во некои метрополи често се над 140 µg/m³, додека во лето тие се значително пониски.


Високите PM2.5 емисии од автомобили и други извори се поврзани со респираторни и кардиоваскуларни болести, и во некои студии се проценува дека возилата можат да предизвикаат десетици илјади предвремени смртни случаи годишно само поради фини честички.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг