Connect with us

Магазин

Поранешен телохранител на Мајкл Џексон открива досега непознати детали: “Беше застрашувачки”

Поранешниот телохранител на познатите личности, Сајмон Њутон, откри како навистина изгледало работата во обезбедувањето на Мајкл Џексон, опишувајќи ја како „невозможна“.

Во ексклузивно интервју за време на филмскиот фестивал во Кан, Њутон се присети на инцидент кога полудени фанови се обидувале да стигнат до Мајкл Џексон, провлекувајќи се низ неговите нозе, што тој го опишува како „застрашувачко“.

„Работата со Џексон беше невозможна – тоа беше непрекинато. Имавме фанови кои цел ден ги држеа таксите зафатени, само за да скокаат во нив веднаш штом Мајкл ќе ја напуштеше некоја локација, или пак возеа скутери за да не следат“, изјави Сајмон.

Тој продолжи: „Се обидуваа да се провлечат под нашите нозе за да стигнат до него – тоа беше целосно ново ниво на опсесија. Се делевме во четири автомобили, но тоа не ги сопре. Мајкл имаше толку многу луѓе околу себе што не се чувствуваше толку уплашено, но тие го влечеа на сите страни и не беше лесно за него.“

Сајмон Њутон работел за Мајкл Џексон, а меѓу неговите поранешни клиенти се и Бела Хадид, Ѓиѓи Хадид, Рита Ора, Кендал Џенер и Хоузи. За сите нив бил лично задолжен за обезбедување додека патувале од САД до Велика Британија.

Иако ја напуштил работата како телохранител, Сајмон и понатаму поседува сопствена фирма за обезбедување.

Денес, Сајмон се пробува како актер и неодамна се запишал на драмска школа, што го опишува како „повозбудливо“ од сите работи што ги правел досега, вклучувајќи ја работата во војската или задачите околу обезбедувањето.

„Работев како телохранител и бев во Авганистан и Ирак долго време, што, се разбира, беше опасно, но не беше толку страшно како драмската школа. Претходно, излегувањето од зона на комфорт можеше да ме убие, но сега барем знам дека ништо не ми се случува. Не сум роден актер, но не сум ниту најлош – и навистина уживам во тоа“, изјави Сајмон.

Тој веќе има добар старт во актерската кариера, со тоа што неодамна го заврши снимањето на новиот филм „Retribution“, кој треба да излезе во ноември оваа година. Меѓутоа, поради својот физички изглед, Сајмон признава дека често го ангажираат за улоги на „опасни типови“ – телохранители, полицајци, гангстери и боксери.

Advertisement

Магазин

Рим воведува наплата на билети за една од своите најголеми атракции

Градските власти во Рим размислуваат за воведување наплата за посетите на една од најпознатите туристички атракции во градот – Фонтаната Треви, поради сè поголемиот број туристи и проблемите со пренатрупаност во централното градско подрачје.

Фонтаната Треви, сместена во истоимениот кварт, со децении е симбол на Рим и место каде посетителите традиционално фрлаат парички за среќа. Обичајот стана светски познат по филмот „Три парички во фонтаната“, а според проценките, од фонтаната дневно се собираат околу 2.800 евра, односно повеќе од 900.000 евра годишно. Собраните средства се донираат на католичка добротворна организација.

Во првата половина од 2025 година, повеќе од 5,3 милиони туристи ја посетиле Фонтаната Треви, што предизвика бројни поплаки за преголеми гужви, долги редици и појава на џепчии. Како одговор на состојбата, од јануари се планира воведување два одделни влеза – еден за жителите на Рим и еден за туристите.

Италијанските медиуми објавија дека се разгледува можност од 7 јануари туристите да плаќаат билет од две евра за посета на фонтаната, што, според неофицијални проценки, би можело да донесе значителни приходи во градскиот буџет. Сепак, Градскиот совет на Рим соопшти дека засега нема конечна одлука и дека станува збор само за опција која е предмет на анализа.

Фонтаната Треви е доцнобарокно архитектонско дело, изградена во 18 век, со ширина од 20 и висина од 26 метри, и претставува најголемата фонтана во градот. Таа неодамна беше прогласена за една од најдобрите туристички атракции според изборот на патниците за 2025 година.

Поради пренатрупаноста, од минатата година бројот на посетители е ограничен на максимум 400 лица во исто време, а воведен е и систем за организирано чекање во ред. И покрај тоа, гужвите остануваат сериозен проблем, а не е јасно дали евентуалната наплата на билети ќе придонесе за негово решавање, со оглед на континуираниот раст на туризмот во Рим.

Continue Reading

Магазин

САД се закани со жестоки мерки поради острата казна на ЕУ за X на Маск

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување за можни протумерки кон европските компании поради „дискриминаторни“ мерки против американските услуги.

Во објава на платформата X, Уредот за трговски претставници на САД (USTR) го обвини Европскиот сојуз и некои членки за „дискриминаторни и проблематични тужби, даноци, казни и директиви против американските услуги“. Во исто време, USTR посочи дека европските компании како Accenture, DHL, Siemens и Spotify „слободно работат“ во САД.

„Ако ЕУ и земјите членки инсистираат на продолжување со ограничувањата и дискриминирачките мерки, САД нема да имаат друг избор освен да користат сите расположливи алатки за да се спротивстават на овие неправедни мерки“, се наведува во соопштението.

Ова следува по казната од 120 милиони евра што Европската комисија ја изрече на платформата X на Елон Маск за кршење на правилата за транспарентност според Актот за дигитални услуги. По казната, X го укина акаунтот за реклами на Европската комисија, а Маск спореди ја Унијата со нацистичка Германија.

ЕУ нагласи дека казната е изречена поради обесхрабрување на корисниците, оневозможување на истражувачите да дојдат до податоци и недостаток на транспарентност во документацијата за реклами. Трамп претходно ја критикуваше казната, велејќи дека „Европа се движи во погрешен правец“.

Continue Reading

Магазин

Влад Илиќ од Куманово: Најдобар стенд ап комичар во Велика Британија за 2025

Во „бастионот“ на светската комедија, култниот Comedy Store во Лондон, македонското знаме симболично се развеа на највисокото скалило. Во конкуренција на дури 700 комичари од целото Обединето Кралство, на 3 декември 2025 година, Македонецот Влад Илиќ ја понесе престижната титула „Најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија за 2025“.

По првиот голем блесок на ББС пред три години, овој успех е круна на една десетгодишна фасцинантна транзиција. Патот на Илиќ започна како актер во Кумановскиот театар, каде што под влијание на домашните мајстори како Сашко Коцев и Тони Михајловски, почна да го бруси својот талент за подоцна да се лансира меѓу светските ѕвезди.

„Среќен сум што годините поминати на сцена се крунисани со ова признание. Тоа е потврда за сиот влог, но најмногу за хуморот кој е специфичен и веќе препознаен. Она што ме издвојува е нашиот менталитет – тој уникатен македонски ген кој ни овозможува на животот да гледаме малку понесериозно и пообјективно. Можеби во фудбал секогаш ќе губиме од Англичаните, ама во хуморот не ни можат ништо!“, вели расположениот Илиќ веднаш по триумфот.

Зад блескавиот пехар стојат илјадници непроспиени ноќи, аматерски настапи во зачадени клубови и неуморно пишување материјали. Влад денес е вистински полиглот на сцената, изведувајќи ги своите шоуа на четири јазици: македонски, англиски, српски и италијански.

„Ништо не е случајно во ваков натпревар,“ објаснува тој. „Ме грее љубовта кон професијата, поддршката од семејството и гордоста што ја претставувам мојата татковина. Тој пламен е посилен од студот на овој дождлив остров.“

Покрај статуетката, Илиќ доби и парична награда од 10.000 фунти. На прашањето каде ќе завршат средствата, тој во свој препознатлив стил одговори: „Ќе ги дадам во хуманитарни цели – на братучедите.“

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг