Connect with us

Економија

Николоски во Лондон: Шест милијарди евра за Македонија преку Инструментот за поддршка на извозот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и официјално ја почна работната посета на Обединетото Кралство со средба во Лондон со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање во британското Министерство за финансии, јави известувачот на МИА од Лондон.

Николоски оцени дека оваа средба е најважна во рамки на посетата, појаснувајќи дека на станало збор за деталите за средствата кои Македонија може да ги користи во следниот период.

-Се работи за пет милијарди фунти кои се ставаат на располагање на Македонија, нешто што беше потврдено од Инструментот за поддршка на надворешното финансирање. Можам со задоволство да кажам дека овие пет милијарди фунти или шест милијарди евра по овој состанок и дефинитивно се ставени на располагање на Македонија. Може да се користат за проектно финансирање, врзани се со проекти, што значи дека ќе носат додадена вредност за Македонија, изјави Николовски.

Тој посочи дека станува збор за проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата, како и во областа на животната средина.

– Разговаравме три сета на проекти. Едниот е брзата пруга на Коридор 10, од Табановце до Гевгелија, вториот е изградбата на болниците во Кичево, Тетово и во Штип, а третиот изградба на на медицински факултет и студентски дом во Штип. Ова се три сета проекти што се веќе потврдени. По потпишувањето на договорот влада со влада утре и ратификацијата во македонското Собрание ќе почнеме и официјални разговори во однос на начините на финансирање и начините на реализација на овие проекти и за многу бргу ќе можеме да излеземе со тие детали, рече Николоски.

Во македонската делегација се и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, а утре ќе  им се приклучи и министерката за образование Весна Јаневска.

Николоски очекува мошне успешна посета на Велика Британија, во рамки на која денеска попладне на агендата се политичките средби.

– Ќе имаме средба со министерот за внатрешни работи, со министерот за одбрана и секако утре со министерот за економија и извоз со кого заеднички ќе го потпишеме договорот влада со влада, најави Николоски.

Тој го појасни процесот на ратификација во двете земји.  – Кај нас договорот ќе се ратификува во Парламентот, додека во Велика Британија  го усвојува Владата. Потоа договопрот станува  ефективен и веќе влегуваме во официјални разговори и преговори за реализација на проектите. Јас кажав дека мојата амбиција е дека во текот на летото ќе имаме договори, а доцна наесен и работа на терен, рече вицепремиерот Николоски.

Текстот на договорот што ќе биде потпишан утре вчера беше усвоен од македонската влада, откако двете држави постигнаа согласност за стратешко партнерство.

Advertisement

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава 73 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе чини 66,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинството (ЕЛ-1) 65,5 денари, а Мазут М-1 НС 32,635 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување  кај бензините во просек за 6,021 отсто, кај дизелот за 3,929, кај екстра лесното масло за 3,168 и кај мазутот за 0,401 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6378 отсто.

Continue Reading

Економија

Димитриеска-Кочоска на „The Economist MeetUp“: Македонија е подготвена за инвестиции и технолошки развој

Дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста се клучни столбови и приоритети на економска и фискална политика на државата, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во своето воведно обраќање на денешната конференцијата на престижниот „Економист“, насловена  „The Economist MeetUp – The World Ahead”, која се одржува во Скопје.

Во услови на глобални економски и геополитички неизвесности, забрзани технолошки промени и трансформација на економските модели, според министерката, ваквите настани се од суштинско значење за отворен и аргументиран дијалог меѓу носителите на политики, бизнис заедницата и меѓународните партнери, со цел заедничко креирање стабилна, конкурентна и отпорна економија.

Димитриеска-Кочоска посочи дека Министерството за финансии и Владата се силно посветени на модернизација, иновации и одржлив економски раст, при што посебен акцент се става на надминување на долгогодишните структурни предизвици кои ја ограничуваат продуктивноста, конкурентноста и довербата во институциите.

„Дигитализацијата значи поефикасни и потранспарентни институции, помалку бирократија, подобра наплата на јавните приходи и пофер деловна средина. Сајбер-безбедноста е предуслов за стабилен и сигурен финансиски систем, а вештачката интелигенција веќе отвора нови можности за индустријата, финансискиот сектор и пазарот на труд“,нагласи министерката.

Таа додаде дека дигиталната трансформација, примената на вештачката интелигенција и јакнењето на сајбер-безбедноста се составен дел од Националната развојна стратегија 2024–2044, која претставува највисока долгорочна рамка за економски и општествен развој, насочена кон јакнење на конкурентноста, развој на човечкиот капитал и изградба на функционални и отпорни институции.

Во однос на фискалната политика, министерката нагласи дека за периодот 2026–2030 година фокусот е ставен на постепена фискална консолидација, одржлива и дисциплинирана јавна финансиска рамка и истовремено задржување на високо ниво на капитални инвестиции, особено во инфраструктурата, дигиталната трансформација и поддршката на долгорочниот економски раст.

На бизнис заедницата и на инвеститорите Димитриеска-Кочоска им порача дека Македонија е стабилна, предвидлива и подготвена за забрзан развој, со јасна визија, силна институционална поддршка и партнерски пристап кон инвестициите и иновациите.

Continue Reading

Економија

Израел одобри 35 милијарди долари вреден договор за извоз на гас во Египет

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одобри најголемиот гасен договор во историјата на Израел – договор за извоз на природен гас во Египет вреден 35 милијарди долари. Според него, оваа соработка не само што ќе ја зајакне позицијата на Израел како регионална енергетска сила, туку може да стане и чекор кон стабилизирање на тензиите со Египет, кои беа особено видливи во последните две години поради војната во Појасот Газа.

Американскиот енергетски гигант „Шеврон“, кој управува со гасното поле покрај израелската обала на Средоземното Море, ќе ја испорачува енергијата во Египет во наредните 15 години. Според очекувањата, половина од приходите од овој мегадоговор ќе завршат директно во израелската државна каса.

„Овој договор значително ја зајакнува позицијата на Израел како регионална енергетска сила и придонесува за стабилноста на Блискиот Исток“, изјави Нетанјаху, истакнувајќи го економскиот и геополитичкиот потенцијал на проектот.

Египет, кој се граничи и со Израел и со Појасот Газа, беше клучен посредник во преговорите меѓу Израел и Хамас, кои доведоа до прекин на огнот посредуван од САД во октомври. Каиро, и покрај посредничката улога, јавно ја критикуваше израелската офанзива во Газа, која остави десетици илјади Палестинци без живот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг