Connect with us

Црна Хроника

Скандал во РЕК Осломеј – штета од речиси 600.000 денари и кривични пријави!

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(49) од Кичево и Н.Н.(36) од Кичево  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против В.Ј.(62) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и С.С.(61) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Прво и второпријавениот, во својство на директори на РЕК Осломеј – Кичево, во периодот од 02.09.2022 до 26.10.2023 им овозможиле на двајца работници да земаат плата во цел износ и покрај тоа што отсуствувале повеќе од три последователни или вкупно пет работни денови во текот на една година. На тој начин го оштетиле јавното претпријатие за вкупно 597.080 денари. Пријавената В.Ј., како одговорно лице во јавното претпријатие, не извршила надзор и контрола над доаѓањето и одењето од работа на работник, ниту пак извршила должен надзор и контрола над работењето на четвртопријавената, која, во својство на работник евидентичар, во лажна исправа внела невистинита содржина дека работникот е присутен на работа иако отсуствувал од работа вкупно 78 работни денови, по што исправата ја употребила како вистинита и му овозможила на лицето да се стекне со противправна имотна корист во износ од 227.771 денари.

Advertisement

Црна Хроника

Паркинг расправија во скопско заврши со закани со оружје

Вербална расправија за паркинг место во скопското село Петровец прераснала во сериозен инцидент кога 41-годишен жител пријавил дека бил закануван со огнено оружје.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 18 часот, откако по претходно недоразбирање осомничениот најпрво се обидел физички да го нападне пријавителот, а потоа му упатил закани, споменувајќи и огнено оружје.

– Во СВР Скопје беше пријавено дека по расправија околу паркинг простор, едно лице упатило сериозни закани со огнено оружје кон пријавителот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот – соопшти полицијата.

Засега не е потврдено дали оружјето било покажано или употребено, а полицијата продолжува со прибирање докази и изјави од вклучените лица. Министерството за внатрешни работи најавува дека по завршувањето на истрагата ќе следи соодветна пријава против осомниченото лице.

Continue Reading

Црна Хроника

Организирана група дрвокрадци разбиена во кумановско-липковскиот регион

При заедничка акција на ЈП „Македонски шуми“, Шумската полиција, Граничната полиција и СВР Куманово, во кумановско-липковскиот регион е разбиена поголема организирана група инволвирана во нелегална сеча и транспорт на огревно дрво во близина на границата со Косово.

Во рамки на акцијата, која се спроведувала неколку дена, одземена е поголема количина огревно дрво од повеќе локации, меѓу кои Злокуќани, Руница, Матејче и месноста Буково кај Белановце. Приведени се неколку косовски државјани, а запленето е и едно ТМВ комбе со фалсификувана документација.

Информацијата ја објави Кире Михаилов, заменик-директор на ЈП „Македонски шуми“, кој соопшти дека против повеќе познати и непознати сторители се поднесени соодветни пријави.

„Во добро координирана акција, со учество на Шумската полиција од Куманово, Граничната полиција РЦ Север и СВР Куманово, беше сузбиена група дрвокрадци која подолг период оперирала во регионот. Одземена е значителна количина дрвни сортименти, а во Матејче е конфискувано и комбе со фалсификувани документи“, наведува Михаилов.

На лице место во Буково приведени се три лица, косовски државјани, кои биле дел од организираната група и истите се изведени пред судија на претходна постапка. Проценките се дека материјалната штета од нелегалната сеча на конфискуваното дрво надминува 300.000 денари, додека вкупната штета што групата ја предизвикала во подолг период се проценува на неколку милиони денари.

Надлежните најавуваат дека во наредниот период ќе се спроведе и дополнителна истрага за евентуална поврзаност на поединци од шумочуварската служба со оваа организирана група.

Continue Reading

Црна Хроника

Полициска акција во Штип: Лишени од слобода неколку полицајци

Вечерва во Штип се спроведува полициска акција. Според досегашните информации, во акцијата се лишени од слобода неколку полициски службеници.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврдија дека акцијата е во тек. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Извор: 24info.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг