Connect with us

Македонија

Цана: Пациентот со мајмунска сипаница е во добра здравствена состојба

Директорот на Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Фадил Цана денеска во изјава за медиумите информира дека синоќешниот пациент примен на нивната клиника со потврден позитивен резултат на мајмунска сипаница е во добра општа здравстена сосотоја и му се прават дополнителни иследувања.

-Синоќа некаде пред полноќ се јавил пациент со резултат од Институтот за јавно здравје за потврден случај со присуство на мајмунски сипаници. Пациентот е прегледан и во тој момент немал никаква клиничка слика што би упатила на таква болест, но бидејќи тоа што имаме потврден лабораториски случај по напатствијата и протоколите треба да е под опсервација. Пациентот прифати да биде хоспитализиран и е во добра општа здравствена состојба. Дури и не прашува зошто е задржан, но заради тоа што треба да биде опсервиран и да биде под наше набљудување и да се направат дополнителни иследувања, пациентот прифати да биде кај нас. Пред малку јас го посетив пациентот и тој е во одлична здравствена состојба, освен лезиите што тој ги има во одредена регија на телото од кои е земен примерок и со лабораториско докажување потврдено е присуство на мајмунска сипаница, рече тој.

Потенцира дека иако имале информација од ИЈЗ дека кај двајца пациенти е потврдено присуство на мајмунски сипаници, вториот пациент се уште не се јавил на Инфективната клиника за преглед и хоспитализација.

Цана нагласи дека потврдениот резултат на пациентот со мајмунска сипаница не коинцидира со неговата клиничка слика. Посочи дека пациентот негирал дека има епидемиолошка анкета, дека имал некаков контакт со заболен со мајмунска сипаница.

-Инаку, од симптомите што се клинички и стратифицирани лекари кои треба да ги лекуваме тие пациенти, пациентот негира дека имал било која од тие симптоми, освен тоа што има некои промени во кожата конкретно во генитална регија и кои биле мотив да се јави кај дерматовенеролог по обид да се отстранат со некаков дерматолошки третман, потоа следувало да се земе примерок од тоа и да се упати на ИЈЗ каде што е добиен потврден резултат на двајца пациенти, од кои самиот се појавил на Клиниката и по разговор и преглед од страна на дежурниот инфектолог, пациентот е хоспитализиран и е под опсервација, рече директорот на Инфективна.

Цана потенцира дека за оваа болест нема специфични лекови никаде во светот. Потенцира дека има одредени вирусни лекови кои им се даваат на пациентите со тешки облици на мајмунска сипаница.

-Специфична терапија за оваа болест нема ниту кај нас, ниту никаде во светот. Било кој ќе го каже спротивното, само може да нагаѓа. Гугл докторот или било што ќе прочитате во интернет, тоа не држи. Клинички треба да се лекува пациентот, за кои ниту компетентни, ниту ФДА. Има некои вирусни лекови кои се даваат кај тешки облици на мајмунска сипаница, односно кај пациенти кои се имуно компромитирани. Во конкретниот случај зборуваме за пациент кој е имуно компетентен и има потврдена лабораториска дијагноза врз основа на промените во кожата што се само во одредена регија на телото, изјави директорот на Инфективната клиника, Цана.

Advertisement

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг