Connect with us

Балкан

Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира до новата Владата предводена од премиерот Еди Рама да посвети внимание на положбата и условите за живот на Македонците во Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, на новата Владата предводена од премиерот Еди Рама му посакувa успех и исполнување на предизвици.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бара од новата влада да посвети внимание на положбата и условите за живот на Македонците во областа Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник се соочуват со сериозни економски и социјални потешкотии и заслужува конкретна и континуирана поддршка од новата Владата.

Проблемот со граничниот премин Требиште – Џепиште, областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година и на седница на владите на Албанија и Македонија одржана во Поградец на 15 декември 2017 година, донесена била одлука овој премин да работи 24 часа и оти тоа сè уште не е реализирана.Сметаме дека е крајно време овој граничен премин да премине во режим на целодневно 24-часовно функционирање, со што значително би се олеснила комуникацијата на жителите од Голо Брдо со Македонија, со која тие секојдневно имаат лични, здравствени, образовни и економски потреби.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бараме Владата и министерства да посветат посебно внимание и позитивно да одговорат на нашето барање за настава на мајчинот македонски јазик за децата во областите Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бараме Владата да изврши промена на територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати општините во областите Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го изразува своето жалење затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник, обидувајќи се да ги претстави како “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира до Владата да превземе сериозни мерки во насока на грижа за положбата и правата на македонскиот народ во Република Албанија.

Бараме од Владата, Комитетот за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија. Затоа, сметаме дека Комитетот за националните малцинства треба да биде активен глас на малцинствата во Република Албанија.

Истовремено, веруваме дека новата Влада предводена од премиерот Еди Рамаќе работи да се подобрат правата на Македонците во Република Албанија. Ви посакувам успех во работата и во реализацијата на програмата.

vesnik-ilinden.com

Advertisement

Балкан

Вучиќ: Белград e под притисок од сите страни, без вистинска поддршка од светските сили

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија формално останува на европскиот пат, но во практика нема поддршка од ниту една голема сила – ниту од Истокот, ниту од Европската Унија, ниту од Соединетите Американски Држави.

Говорејќи на годишната конференција со претставниците на дипломатско-конзуларната мрежа, Вучиќ оцени дека Србија не го почувствувала очекуваниот напредок во односите со САД, ниту во делот на царините, ниту во врска со санкциите кон Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост.

Тој истакна дека кога Србија се соочувала со тешкотии, ниту една од големите сили не застанала отворено зад Белград, туку, како што рече, сите поставувале дополнителни барања и вршеле притисок, без да понудат конкретна поддршка.

Вучиќ потсети и на неусешниот обид за приближување кон новата американска администрација, кога српската делегација не учествуваше на планиран настан во Флорида. Воедно, тој повтори дека Србија не се откажува од ставот дека Косово и Метохија се составен дел од државата и нагласи дека, според него, меѓународните договори што се однесуваат на ова прашање не се почитуваат.

Continue Reading

Балкан

Инцидент во Лерин: Македонска песна забранета на празнична прослава

За време на празничната прослава на Коледе во Лерин (Флорина), настап на македонската народна песна „Софка на татко“ беше прекинат по интервенција на градоначалникот Василеос Гианакис. Музичкиот бенд „Ендопика“ бил укажан дека не смее да пее на македонски јазик и дека песната може да се изведе исклучиво во инструментална форма.

Според активистот Павле Васкопулос, ваквите случаи на притисок и дискриминација не се новина за Македонците во Леринско, Костурско и Воденско. Тој истакна дека граѓаните кои јавно зборувале за своите права често биле етикетирани како „скопски агенти“. Телевизија 24 побара став од Општина Лерин, но до објавувањето на прилогот одговор не е добиен.

Црлиот текст може да го прочитате на Телевизија 24

Continue Reading

Балкан

Снежно невреме го зафати регионот

Обилни снежни врнежи денес ја зафатија територијата на општина Кладово, а сите расположиви екипи се на терен и работат на расчистување на патиштата.

Градоначалникот Саша Николиќ ја посети локацијата заедно со дежурните служби за да се увери дека активностите се одвиваат според планот. „Сите надлежни служби, како и расположивата механизација, се на терен. Моментално се работи на расчистување на патот во населбата Пропажешќе, како и на патниот правец до Петрово Село“, изјави Николиќ за РИНА.

Тој апелираше до возачите да ја прилагодат брзината и вниманието на условите на патот и да ги следат препораките на надлежните служби. „Ги молам граѓаните да бидат дополнително внимателни во сообраќајот“, нагласи градоначалникот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг