Connect with us

Црна Хроника

[ВИДЕО] Трагедија попладнево во Скопје: Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа со мотор

Попладнево во Скопје се случила сообраќајна незгода кога мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб, објави 4news.mk

„Денеска (23.05.2025) во 18.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул. “8 Септември” со бул.”Никола Карев” во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Во тек е увид“, потврдија од МВР за 4NEWS.mk

Advertisement

Црна Хроника

Лажна сообраќајна несреќа во Тетово – Поднесени кривични пријави

policija tetovo

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б. (44), М.А. (39) и Г.Ш. (25), сите од Тетово, поради сомнение за кривично дело измама.

На 16 декември 2024 година, тројцата се обиделе со лажно прикажување на настан да измамат полицајци од сообраќајната полиција. Тие во круг на автоперална на ул. „Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата – „БМВ“ со швајцарски и „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки – со цел да наплатат осигурување од осигурително друштво.

Continue Reading

Црна Хроника

Полицаец повреден додека регулирал сообраќај

Полицаец е повреден откако бил физички нападнат од скопјанец додека го регулирал сообраќајот за време на протест во Скопје, соопшти МВР.

Инцидентот се случил вчера (23.12.2025) на крстосницата на булеварот Никола Карев со улицата Македонско-косовска бригада, на подрачјето на Бит-пазар. Напаѓачот, А.С. (24) од Скопје, бил приведен од полицијата.

Повредениот полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.

Continue Reading

Црна Хроника

Женa пронајдена мртва во езерцето во Градскиот парк во Струмица

Во Струмица, синоќа околу 01:45 часот, во Градскиот парк е пронајдена почината жена во едно од езерцата, потврдија од Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица.

На местото на настанот веднаш излегле јавен обвинител и полициски службеници, кои извршиле увид. Телото на жената е предадено на Судска медицина за обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека подетални информации за случајот ќе бидат објавени во текот на денот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг