Connect with us

Црна Хроника

Затвореници од „Идризово“ барале стотици евра од мајка на друг затвореник за наводна заштита или насилство кое го гледала на видео повик

Од полицискиот билтен:

На 24.05.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Б.(31) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда” по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б.(27) и Р.Р.(20), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 во врска со член 22 и „лихварство“, по член 260 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

-А.Б и А.Р. кои издржувале затворска казна во Затвор Идризово, со користење на незаконски стекнати мобилни телефони, преку апликацијата „фејсбук месинџер“ од мајка на друго лице кое издржувало затворска казна барале да им исплаќа сума од 1200 евра месечно за нејзиниот син да добие наводни „гаранции и заштита“ во затворот и подобри услови за сместување, а при видео повиците и покажувале како насилно се однесувале кон нејзиниот син, притоа уценувајќи ја дека доколку не им бидат исплатени пари ќе продолжат со насилството кон синот.

На 23.05.2025 Е.Б., кој е брат на А.Б., и Р.Р., кој е брат на А.Р., по претходен договор со мајката на осуденото лице дошле во Струмица со цел да остварат средба со неа, на која требало таа да им даде претходно договорен износ на пари, кои биле дел од парите што ги барале како наводен долг кој таа го имала кон нив, информира МВР.

По остварената средба, односно во момент кога Е.Б. ги зел парите, кои биле претходно обележани, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Струмица, а Р.Р. се дал во бегство, но веднаш бил фатен и лишен од слобода. При лишувањето од слобода, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за кои тој не приложи документација за потекло на наведените парични средства, по што истите од страна на полициски службеници биле одземени.

Во исто време, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за организиран и насилен криминал и Одделение за насилен криминал при СВР Скопје биле извршени претреси во затворските ќелии во Затвор Идризово, во кои престојувале А.Б. и А.Р, при што кај нив биле пронајдени и одземени два незаконски стекнати мобилни телефони. Е.Б. и Р.Р. биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По поднесување на кривичната пријава, лицата биле изведени пред судија од Основен суд Струмица, кој на Е.Б. и Р.Р. им определил мерка куќен притвор.

Advertisement

Црна Хроника

Тетово: Физички напад во угостителски објект, едно лице повредено со тврд предмет

policija tetovo

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.У.(18) од с.Желино и 16-годишник од с.Групчин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 22.10.2025, во еден угостителски објект во Тетово, пријавените физички ги нападнале А.Р.(19) од тетовско и 15-годишник од тетовско. При нападот, првопријавениот употребил и тврд предмет, при што е причинета повреда.

Случајот е пријавен и се преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот.

Continue Reading

Црна Хроника

Измама со „волшебна амајлија“: Жената оштетена за 60.000 денари

Жена од Делчево била измамена со ветување дека „амајлија“ ќе ги реши сите нејзини семејни проблеми, при што издала 60.000 денари. Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишниот С.Ѓ. од скопското село Сарај поради измама.

Измамникот ја убедил жртвата во моќта на своите услуги во два наврати – во септември 2024 и повторно во март 2025 година, земајќи ѝ по 30.000 денари секојпат. Откако сфатила дека е измамена, жената го пријавила случајот во полиција.

Од МВР соопштуваат дека С.Ѓ. се сомничи за кривичното дело „измама“ и дека против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Инцидент во Скопје – две возила попречиле пат, следел напад

Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје, С.М.(47) од Скопје пријави дека додека се движел со патничко возило од с.Јурумлери, скопско кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот, а од нив излегле М.С. и уште неколку други лица и физички го нападнале, а употребиле и тврди предмети, при што му го оштетиле и возилото. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг