Connect with us

Македонија

Филипче: Потребна е лидерска средба и политичко обединување за иднината на интеграцијата во ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по седницата на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, во одговор на новинарски прашања подетално го образложи неговиот повик за лидерска средба, која, како што рече за жал, премиерот Христијан Мицкоски ја одбил без да го слушне објаснувањето.

„Имено, кога разговараме за некои многу битни точки, како што е националниот консензус, кога сите сме свесни дека треба да го постигнеме, притоа и да сме многу свесни дека живееме во мултинационална и мултикултурна држава, сметам дека на ова прашање треба да се пристапи многу сериозно“, рече Филипче.

Тој истакна дека е потребно суштинско појаснување на некои аспекти од процесот. Едно од клучните прашања за кои, според Филипче, треба да се седне и да се разговара подетално е толкувањето на протоколите и работата на историската комисија. 

„Очигледно е дека некои работи можеби различно ги читаме, можеби различно ги толкуваме. Ако ‘лебди’ мислењето дека историската комисија може да е пречка во евроинтегративниот процес, после уставните измени, а во Протоколот 2 јас сметам дека јасно пишува дека никаде тоа не е услов, туку напротив, дека владите ја охрабруваат работата на историската комисија. Сите одлуки таму се носат со консензус, значи мора двете влади да се согласат на одлуките пред да почнат да се разгледуваат другите точки како што доаѓаат на дневен ред“, изјави Филипче.

Филипче рече дека не е запознаен во детали со предлогот на претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, но дека секој предлог што ќе значи подобрување на нашата преговарачка позиција или откочување на нашиот евроитегративен пат, тој и СДСМ ќе го поддржат.

„Друго за што може да разговараме е да изнајдеме начин да се модифицира работата на историската комисија. Да побараме странски експерти да присуствуваат и да учествуваат во таа работа – на пример, луѓе коишто имаат искуство во работата на вакви теми. Германија со Полска, Германија со Австрија. Има простор за разговор на овие теми. Сметам дека најлошата работа е да не се обидеме ништо да направиме“, рече Филипче.

Во тој контекст, претседателот на СДСМ ја истакна и важноста од навремен ангажман, во светло на актуелните пораки од Брисел.

„Сметам дека се многу јасни пораките на претседателот на Европскиот совет и на еврокомесарката Каја Калас – дека сега е моментот ние да фатиме чекор со Црна Гора и Албанија, коишто со крупни чекори чекорат напред, и очекувањата се дека за период од две до три, максимум четири години, може да се веќе на прагот на ЕУ“, истакна Филипче.

Тој потенцираше дека останува посветен на конструктивен пристап и дека и во иднина ќе продолжи да повикува на обединување и заеднички пристап во одлучувањето за важните прашања од државен интерес. Останува на идејата за сите овие теми да се разговара на лидерска средба.

„Јас ќе продолжам да апелирам, да бидам конструктивен, да изнаоѓам предлози за коишто би разговарале. Меѓутоа, ова е работа за којашто сепак лидерите на најголемите партии треба да седнат заедно и тоа во овој временски период, затоа што очигледно постои расположение сега во ЕУ да се поддржи овој процес, а тоа го гледаме по примерот на Албанија и Црна Гора“, заклучува Филипче.

Advertisement

Македонија

УХМР најавува снег – еве кога започнуваат врнежите!

Според најновите информации од УХМР, денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со слаба до умерена облачност, а во одделни котлини ќе се појави магла. Ќе дува слаб северозападен ветер, а дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно и мирно време, со магла во одредени делови од денот. Температурата ќе достигне околу 6 степени, а ветерот ќе биде слаб, околу 1 метар во секунда.

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност.

Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките и планинските предели врнежите ќе бидат од снег.

Continue Reading

Македонија

Д-р Чибишев со апел до родителите: Надворешни активности се опасни за децата при висок степен на загадување

Доктор Андон Чибишев преку социјалните мрежи предупреди на сериозните ризици за здравјето на децата во услови на екстремно загаден воздух. Тој истакна дека денеска, предпладне, додека поминувал покрај улицата „Илинденска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, забележал група деца на возраст од околу 7 до 10 години како трчаат и тренираат на фудбалско игралиште.

„Физичкиот напор го зголемува интензитетот на дишењето, што значи и поголемо внесување на штетни и отровни гасови од амбиенталниот воздух. Не можам да разберам зошто на ваков ден, кога загадувањето е екстремно, децата би се изложувале на таков ризик“, изјави д-р Чибишев.

Тој апелираше до организаторите на активности и тренинзи да покажат одговорност и да ги одложат настаните со цел да се заштити здравјето на најмладите.

Апелот доаѓа во момент кога Скопје повторно се соочува со високо ниво на аерозагадување, а здравствените работници постојано предупредуваат на зголемени ризици, особено кај децата, хронично болните и постарите лица.

Continue Reading

Македонија

Конгрес на ДУИ: Ахмети со нови барања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Петтиот конгрес на партијата денеска изнесе сет клучни политички барања што, според него, треба да ја гарантираат стабилноста и функционалноста на државата. Во фокусот се избор на Влада со двојно мнозинство, уставни измени поврзани со одлучувањето во Уставниот суд и целосен ветинг на сите јавни функционери во последните три децении, под меѓународен надзор.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на т.н. „извршен Бадентер“, според кој секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од мнозинството пратеници во Собранието, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Тој истакна дека унитарната држава може да биде стабилна само доколку се темели на доверба и лојалност меѓу сите заедници, нагласувајќи дека двојното мнозинство е механизам што обезбедува инклузивност и политичка рамнотежа.

Во делот на судството, Ахмети предложи законите донесени со Бадентеров принцип во Собранието да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу уставните судии. Според него, потребни се уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници ќе се носат само со заемна согласност.

Покрај уставните промени, лидерот на ДУИ инсистираше и на темелно „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара целосен ветинг за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години, вклучувајќи проверка на потеклото на имотот и процесите на приватизација, со јасен меѓународен надзор.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг