Connect with us

Црна Хроника

„Беланоца-Барон“ наредувале ликвидации? Обвинението открива морничави детали за криминалната група!

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) информираа дека по спроведена континуирана и темелна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) до Основниот кривичен суд поднело Обвинителен акт против девет лица – припадници на организирана криминална група „Беланоца- Барон“. 

Во координација со органите на прогонот, обезбедени се обемни и релевантни докази врз основа на кои на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела извршени во период од 2020 до 2024 година, посочуваат од таму.

-Во текот на 2020 година, тројца првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија. 

Организаторите на групата донесувале одлуки и давале конкретни насоки за цели, локации и начин на ликвидација на лица претежно од спротивставената криминална група. Дејствувале со јасна поделба на улоги, а плановите биле спроведувани од други членови – обвинети, починати или недостапни на органите на прогонот, а дел неидентификувани лица, велат од таму.

Според прибраните докази дел од обвинетите се поврзани со следните убиства извршени по налог и организација на групата:

Убиство на Ибраим Ајдини во август 2020 година. Првообвинетиот во име на радикалното движење понудил и платил 10.000 евра за убиството, мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала со институциите во предметот „Монструм“. Жртвата била застрелана во својот дом, со истрел во главата. Извршителите ги отстраниле доказите и побегнале.

Убиството на Џелал Ибраими во јануари 2023 година. Организирано од групата како одмазда за лична навреда кон првообвинетиот. Убиството е извршено во домот на жртвата, со повеќе истрели. Исплатени се 20.000 евра на учесник во нападот.

Двојно убиство на Јетон Кривањева и Енес Исеинов во март 2023 година. Извршено како одмазда за претходни убиства. Првообвинетиот обезбедил 250.000 евра и конкретни насоки. Нападот бил особено суров, извршен во деловен објект, со пукање од непосредна близина. Напаѓачите потоа го запалиле возилото и добиле логистичка поддршка за бегство.

Убиството на Орхан Бајрами (Оки) во јули 2023 година. Извршено во Грција, во луксузен ресорт. Жртвата била следена преку легални и илегални премини. Нападот бил извршен од двајца маскирани напаѓачи кои испукале 19 куршуми, нанесувајќи три смртоносни рани на жртвата и тешко ранувајќи друго лице.

Во 2021 година, шестообвинетиот со двајца осомничени формирале нова криминална група, фокусирана на убиства од одмазда и ликвидација на членови од други криминални структури и тоа:

Убиство на Камер Идризи (Бундес) во мај 2021 година. Извршено од шестообвинетиот и други лица, со 57 испукани куршуми. Жртвата била цел на одмазда за смртта на роднина на еден од организаторите.

Убиство на Абдуљ Бастри Ибраимовски во јули 2024 година. Извршено поради нарушени односи и претходни конфликти. Во нападот биле користени автоматски пушки. Жртвата починала, а другото лице било тешко рането, а подоцна починало.

Убиство на Ибраим Исмаили Абиц. Извршено во Сингелиќ од првообвинетиот, неговиот брат и осмообвинетиот. Биле испукани 65 куршуми.

-Дополнително во обвинителниот акт се содржани дејствија во кои дел од обвинетите како нарачатели или извршители предизвикале пожари на возила на службени лица од КПУ Идризово и членови на нивни семејства, со цел спречување службени дејствија, а дел од обвинетите организирано вршеле изнуда на пари од фирми, со закани, физички напади и опожарување на објекти.

На 20.12.2024 година, при претреси на имот поврзан со првообвинетиот, биле пронајдени рачни гранати, ТНТ експлозив, полуавтоматска пушка и чаури од муниција.

Врз основа на опишаните дејствија седум лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, и повеќе убиства како соучесници, поттикнувачи или извршители, од нив четири лица сториле и кривични дела Изнуда, а петмина и кривично дело Тешки дела против општата сигурност. 

Едно лице е обвинето за сторено кривично дело Убиство, а едно за кривично дело Изнуда. 

На првоосомничениот му се става на товар и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. 

Имајќи ги предвид околностите предметниот јавен обвинител побара продолжување на претходно изречените мерки и одземање на одземените предмети што потекнуваат од кривично дело, велат од Обвинителството.

Advertisement

Црна Хроника

Тетово: Физички напад во угостителски објект, едно лице повредено со тврд предмет

policija tetovo

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.У.(18) од с.Желино и 16-годишник од с.Групчин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 22.10.2025, во еден угостителски објект во Тетово, пријавените физички ги нападнале А.Р.(19) од тетовско и 15-годишник од тетовско. При нападот, првопријавениот употребил и тврд предмет, при што е причинета повреда.

Случајот е пријавен и се преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот.

Continue Reading

Црна Хроника

Измама со „волшебна амајлија“: Жената оштетена за 60.000 денари

Жена од Делчево била измамена со ветување дека „амајлија“ ќе ги реши сите нејзини семејни проблеми, при што издала 60.000 денари. Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишниот С.Ѓ. од скопското село Сарај поради измама.

Измамникот ја убедил жртвата во моќта на своите услуги во два наврати – во септември 2024 и повторно во март 2025 година, земајќи ѝ по 30.000 денари секојпат. Откако сфатила дека е измамена, жената го пријавила случајот во полиција.

Од МВР соопштуваат дека С.Ѓ. се сомничи за кривичното дело „измама“ и дека против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Инцидент во Скопје – две возила попречиле пат, следел напад

Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје, С.М.(47) од Скопје пријави дека додека се движел со патничко возило од с.Јурумлери, скопско кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот, а од нив излегле М.С. и уште неколку други лица и физички го нападнале, а употребиле и тврди предмети, при што му го оштетиле и возилото. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг