Connect with us

Црна Хроника

Бразилки донесени во Скопје за проституција – вмешани лица од Бразил и Сирија, наплатувале до 800 евра

Oд Обвинителството соопштија дека е поднесен обвинителен акт против четири лица за посредување при вршење проституција и перење пари.

По спроведена истражна постапка, денеска предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против четири лица. Обвинетите од кои две лица се странски државјани од Бразил и Сирија со привремен престој во државата се товарат дека сториле кривично дело – Посредување при вршење на проституција и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело, додека двајца македонски државјани се обвинети за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

„Според содржината на диспозитивот на обвинителниот акт, во временски период од декември 2023 до ноември 2024 година првообвинетата – бразилска државјанка со дозвола за привремен престој во РСМ и второобвинетиот – македонски државјанин роден во Сирија, заедно со двајца неидентификувани македонски државјани и двајца португалски државјани со умисла и од користољубие организирале врбување, прифаќање, превезување и сместување на женски лица од Бразил, заради вршење на проституција во РСМ. Жртвите ги прифаќале и ги сместувале во претходно изнајмени станови во комплексот „Џевахир Холдинг“ во Скопје каде истите давале сексуални услуги на клиенти. Секоја жртва имала креиран еден или повеќе профили на веб сајтот: www.eurogirlsescort.com, каде биле постирани телефонски броеви и листа на цени на сексуални услуги што се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра еден час, 300 евра два часа, 450 евра три часа и 800 евра за цела ноќ, како и фотографии со експлицитна содржина. Профилите ги контролирала првообвинетата која контактирала со потенцијални клиенти, го организирала дневниот распоред на клиентите за секоја девојка, го определувала времетраењето на давање на услугите и гарантирала за нивната безбедност. За нејзиниот ангажман добивала 30 отсто од заработувачката на девојките. Парите ги делела со второобвинетиот кој организирал прифаќање, превоз, сместување, безбедност и грижа за секојдневните потреби на девојките“, велат од ОЈО. 

Со намера да го прикријат вистинскиот извор, локацијата, понатамошниот тек и вистинските сопственици на паричните средства стекнати со вршење на казниво дело „Посредување при вршење на проституција“и казниво дело „Оддавање на проституција„ по чл.19 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, сите обвинети извршиле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Така, првообвинетата паричните средства во износ од 26.151 евра преку субагентите на Агентот на Глобалниот систем за електронски трансфер на пари Вестерн Унион (WESTERN UNION) за територијата на Р.С. Македонија во периодот од 21 октомври 2023 година до 31 октомври 2024 година во вкупно 11 наврати ги уплатила кон четири физички лица во Португалија и три физички лица во Бразил. 

„Второобвинетиот во повеќе наврати вршел готовински исплати на парични средства во износи од 440 евра по основ на закупнина за становите во кои престојувале девојките, како и повеќе готовински исплати на парични средства за различни сопствени животни потреби и потреби на девојките. Третообвинетиот преку субагент на сметка на првообвинетата во Португалија исплатил износ од 1.965 евра, како и износ од 150 евра на физичко лице во Колумбија. Четвртообвинетиот во повеќе наврати, бил корисник на сексуални услуги на една од девојките, која за дополнителен паричен надоместок кој бил исплаќан на првообвинетата го придружувала при неговите патувања во Рим и Лондон. Стекнувајќи ја довербата на девојката, паричните средства кои таа ги прибавила со извршување на казниво дело „Оддавање на проституција“, четвртообвинетиот иако знаел дека се прибавени со казниво дело ѝ помогнал да ги пушти во оптек и да го прикрие нивното потекло. Така, тој регистрирал кориснички профил на девојката на веб платформа за тргување со електронски пари (крипто валути) со електронски паричник (wallet), преку кој таа можела да врши трансакции. Потоа четвртообвинетиот од неговиот личен профил, во повеќе наврати извршил трансфер на парични средства кон корисничкиот на девојката трансферирајќи вкупно 11 880 долари. Дополнително, девојката му дала готовински парични средства во износ од 10.000 долари, со цел обвинетиот да ги претвори во електронски пари (крипто валути) и да ги стави во нејзиниот електронски паричник (wallet). Девојката во три поединечни трансакции преку користење на опцијата „binance pay“ во рамки на самата платформа,испратила кон четвртообвинетиот крипто валути во износ од вкупно 4,960 долари и една трансакција како повлекување кон депозитна адреса која припаѓа на обвинетиот во вредност од 900 долари, по што обвинетиот паричните средства ѝ ги вратил во готовина“, велат од Обвинителството. 

Имајќи ги предвид околностите што упатуваат на потребата од продолжување на мерката притвор, а со цел обезбедување на нивно присуство, елиминирање на опасноста од попречување на постапката, како и елеминирање на опасноста од евентуално сторување на ново кривично дело, јавниот обвинител со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор спрема тројца обвинети.

Advertisement

Црна Хроника

Голем дефект на 110kV трафостаницата “Тетово 1” го остави цело Тетово без струја

Дел од корисниците во Тетово се без снабдување со електрична енергија поради дефект на 110 kV трафостаницата „Тетово 1“, информираат од Електродистрибуција.

Како што соопштуваат, прекинот во електроснабдувањето започнал од 16 часот, а екипите на Електродистрибуција се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Continue Reading

Црна Хроника

Застој на автопатот Скопје–Тетово, камион се превртел кај Желино

Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.

Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.

Дополнителен проблем за возачите претставуваат временските услови. На овој патен правец има појава на густа магла, која значително ја намалува видливоста.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.

Continue Reading

Црна Хроника

Две жени нападнати во автобуси на ЈСП во Скопје

Во два одделни инциденти на 19 декември 2025 година, две жени од Скопје биле физички нападнати додека се возеле во автобуси на ЈСП.

Првиот случај се случил околу 15:00 часот во подрачјето на Гази Баба, кога А.С. (46) пријавила дека била нападната од И.С. (39) од Скопје.

Вториот инцидент се случил околу 17:20 часот во подрачјето на Драчево, кога С.Ј. (55) била нападната од непознато женско лице додека се качувала во автобус.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг