Connect with us

Балкан

Наместо мигранти кои ќе чекаат азил, во Албанија пристигнаа мигранти на кои им е одбиен азил во Италија

Во Албанија пристигна уште една група мигранти на кои претходно им бил одбиен азил во Италија.

Бродот на италијанската морнарица „Spica“ во вторникот наутро тргна од пристаништето Бриндизи и доцна попладнето во средата  вплови во пристаништето Шнѓин, превезувајќи 27 мигранти на него.

По пристигнувањето во Албанија, мигрантите биле префрлени во прифатниот камп Ѓадр, каде во оваа структура, согласно утврдените правила и протоколи, биле репатрирани.

Ова е трет контингент што пристигнува на албанска територија, како дел од новата уредба на италијанската влада, кои ќе останат во Ѓадр до депортација во земјите на потекло, со максимален период не подолг од 18 месеци.

Првично, кампот Ѓадр беше замислен како прифатен центар за баратели на азил спасени на море, за период до 28 дена, но со новата уредба на италијанската влада предводена од премиерката Џорџа Мелони, функцијата на овој центар е проширена.

Сега, исто така, ќе служи како центар за имигранти чии барања за азил се одбиени од италијанските власти и кои чекаат депортација.

Во меѓувреме, одлуката на Европскиот суд на правдата во врска со жалбата поднесена од Судот во Рим се очекува во наредните денови.

Судот во Рим ја доведе во прашање легитимноста на апсењата на мигрантите спасени во Медитеранот, а потоа префрлени во Албанија, особено за случаите кои доаѓаат од земји кои Италија ги смета за безбедни, како што се Египет и Бангладеш.

Advertisement

Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан како вложување во регионална стабилност

Грција ја гледа иднината на Западен Балкан во Европската унија и ја поддржува европската перспектива на земјите од регионот, но под услов да се исполнуваат критериумите за членство, особено добрососедските односи и почитувањето на меѓународните договори. Според грчки владини извори, проширувањето на ЕУ се смета за инвестиција во безбедноста и стабилноста на регионот, но процесот е тежок и бара реформи и усогласување со пристапните предуслови.

Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на кој ќе учествува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, грчките извори истакнуваат дека клучни теми ќе бидат и последните случувања во Украина, финансиските потреби на земјите за периодот 2026-2027 година, повеќегодишната финансиска рамка, како и прашања поврзани со гео-економијата и конкурентноста на ЕУ.

Continue Reading

Балкан

БиХ ја зголеми максималната возраст за воена служба на 45 години

Горниот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, познат како Дом на народите, денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во вооружените сили. Со овие измени, максималната возраст за професионална воена служба се зголемува од 40 на 45 години, под услов војниците да ги исполнуваат психофизичките барања и потребите на службата.

Законот беше разгледан на вонредна седница и предложен од делегатот Џемал Смаиќ. Во образложението, Смаиќ нагласи дека вооружените сили на БиХ се соочуваат со сериозен недостиг на персонал, поради што продолжувањето на старосната граница е неопходно за одржување на оперативните способности на армијата.

Според него, оваа мерка ќе овозможи подобра искористеност на постојниот кадар и ќе придонесе за стабилноста на одбранбениот систем. Новите измени овозможуваат подолг професионален ангажман на војниците, без да се менуваат строгите стандарди за физичка и психичка подготвеност.

Continue Reading

Балкан

25 килограми злато и 55 килограми сребро исчезнаа од судско депо

Истанбул – Во депото на Судот во истанбулскиот кварт Бујукчекмеџе исчезнале 25 килограми злато и 55 килограми сребро, чија вкупна вредност се проценува на над 147 милиони турски лири, или околу три милиони евра. Судските службеници на почетокот на месецот забележале дека еден од нивните колеги долго време е отсутен, по што било констатирано недостигот на благото.

Турското обвинителство веднаш започна истрага, при што е утврдено дека главниот осомничен за исчезнувањето заминал за Лондон, во придружба на неговата сопруга, за која исто така е распишана потерница.

Случајот ја разбуди јавноста во Турција, а властите продолжуваат со напори да ги пронајдат осомничените и да го повратат одземеното злато и сребро.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг