Connect with us

Црна Хроника

Вооружен конфликт меѓу две семејства, едното од селото Гајре, а другото од Тетово, влезе во втората година на насилни судири, предизвикувајќи жртви

Вооружен конфликт меѓу две семејства, едното од селото Гајре, а другото од Тетово, влезе во втората година на насилни судири, предизвикувајќи жртви

Поради изразената некомпетентност и недостаток на институционална одговорност на Обвинителството во Тетово и Основниот суд, две скарани семејства, едното од селото Гајре, а другото од Тетово, ги продолжуваат насилните судири што започнаа пред повеќе од година и пол. Повторените судири не само што го зголемија бројот на жртви, туку го претворија семејниот конфликт во сериозна закана за јавната безбедност.

Сите лица вклучени во овој синџир на насилство се судриле физички седум до осум пати во овој период, во повеќето случаи со употреба на огнено оружје, каде за жал имало и жртви. И покрај ова, институциите што треба да ја гарантираат правдата и јавната безбедност не реагираа навремено и со должна сериозност.

Од Секторот за внатрешни работи во Тетово потврдуваат дека сите случаи, од првиот до последниот, се препратени до Обвинителството. Сепак, процедурите се заглавени во Основниот суд во Тетово, каде што досиејата остануваат неразгледани, што ја зголемува недовербата на граѓаните во правосудниот систем. Претпоследниот случај беше кога по тепачка пред Судот, еден од браќата од Гајре почина откако беше застрелан во близина на тетовската болница, а подоцна имаше жртва и од семејството Терзиу. Дури и по овој шокантен настан, судската постапка сè уште не е започната, иако поминаа повеќе од година и пол од инцидентот.

Според неофицијални информации од судот – виновно за одложувањата е обвинителството во Тетово но извори од Обвинителството тврдат дека предметот е доставен до судот пред четири месеци. Ова неодговорно институционално пинг-понг префрлање на одговорноста остави низа сериозни инциденти нерешени и овозможи ескалација на насилството меѓу двете семејства.

Иако Судот и Обвинителството продолжуваат да се покриваат меѓусебно со изговори, никој од вклучените лица досега не е уапсен или законски гонет. Напротив, вооружените судири меѓу семејствата продолжуваат и во станбени населби, сериозно загрозувајќи ги животите на жителите на населбата Теќе и улицата Илинден. Кои се оставени на милост и немилост од непостапувањето на правосудниот систем.
Најновиот случај се случи синоќа: двајца маскирани мажи вооружени со калашникови пукале од скутер во движење кон куќата на М.Т. од Тетово. За среќа, немаше жртви, но материјалната штета беше значителна. Овој напад во мафијашки стил покажува дека ситуацијата е целосно надвор од контрола, додека одговорните институции продолжуваат да молчат.

„Во 21:15 часот, во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека на улица „111“, две лица кои се возеле со мотор со непознати регистарски таблички отвориле оган кон куќата на лицето М.Т. од Тетово. Веднаш е преземена акција по пријавата, а пронајдени се 30 чаури од огнено оружје или автоматско оружје. За случајот е известен и јавниот обвинител и се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот“,рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Сепак, и во овој случај, дежурниот обвинител не се појави на местото на настанот, флагрантна небрежност што ја прави бесмислена улогата на Обвинителството како гарант за кривично гонење. На местото на настанот пристигнале само членови на крим техниката на СВР додека Обвинителството не нуди никакво објаснување за отсуството на свој претставник. Полицијата постави неколку контролни пунктови во градот и во планинскиот предел на Шара и трага по осомничените. Но, со оваа институционална небрежност во нефункционалниот правосуден систем, секој полициски напор останува залуден./

Алсат.мк

Advertisement

Црна Хроника

Женa пронајдена мртва во езерцето во Градскиот парк во Струмица

Во Струмица, синоќа околу 01:45 часот, во Градскиот парк е пронајдена почината жена во едно од езерцата, потврдија од Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица.

На местото на настанот веднаш излегле јавен обвинител и полициски службеници, кои извршиле увид. Телото на жената е предадено на Судска медицина за обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека подетални информации за случајот ќе бидат објавени во текот на денот.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривични пријави за врвот на ОФС Охрид: Лажни податоци и фиктивни натпревари за позиционирање во ФФМ

СВР Охрид поднесе кривични пријави против двајца функционери на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид, поради основано сомнение за фалсификување документи и измама со цел стекнување влијание во Фудбалската федерација на Македонија.

Според информациите од полицијата, Ц.М. и Н.Ц., кои во 2024 година ја извршувале функцијата претседател и секретар на ОФС Охрид, во повеќе наврати внеле лажни и неточни податоци во информацискиот систем „Комет“ на ФФМ. Во системот биле евидентирани натпревари кои никогаш не биле одиграни, како и лица прикажани како играчи и судии, иако тие немале регистрација и не ги исполнувале условите за учество.

Со ваквите дејствија, како што наведува СВР Охрид, пријавените се обиделе да прикажат дека се исполнети критериумите за ОФС Охрид да добие свои претставници во органите и телата на ФФМ.

Против двајцата функционери се поднесени кривични пријави за кривичните дела фалсификување исправа и измама, а случајот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошно постапување.

Continue Reading

Црна Хроника

Апсење на граничниот премин Табановце – МВР со детали

59-годишен скопјанец доби кривична пријава поради фалсификување дипломатска исправа и лажно претставување на Граничниот премин Табановце.

Според полицијата, Регионалниот центар за гранични работи Север поднел кривична пријава против С.С. од Скопје, откако постојат основи за сомнение дека сторил кривични дела „фалсификување исправа“ и „лажно претставување“.

Инцидентот се случил на 25 јули 2025 година, кога мажот управувајќи „фолксваген голф“ се претставил како дипломат и приложил фалсификувана дипломатска патна исправа. Граничните службеници го документирале случајот, а по разгледувањето на доказите, С.С. се соочува со официјална кривична пријава и натамошни правни постапки.

Случајот ја потенцира сериозноста на законите за граничен надзор и ризикот од лажно претставување, особено со употреба на документи со висок легален и дипломатски статус.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг