Connect with us

Магазин

Голем месечен хороскоп за сите хороскопски знаци: Јуни ќе биде одличен, но и полн со предизвици за некои хороскопски знаци

ОВЕН

Месец јуни носи важни астролошки пресврти за Овните. Сатурн, планетата на кармата и одговорноста, престојува во вашиот знак, отворајќи пат кон длабоки лични трансформации и преземање нова животна насока. Сезоната на Близнаци ви дава поддршка за вмрежување, учење и динамика во секојдневието.

БИК

Со влегувањето на Венера во вашиот знак, јуни ви носи обновена енергија, хармонија и чувство на стабилност. Планетарните влијанија ве поттикнуваат да се поврзете со себеси на подлабоко ниво и да се фокусирате на личните вредности и задоволства.

БЛИЗНАЦИ

Овој месец ќе ве опфати бран од нови идеи, комуникации и ментална свежина. Со Меркур во вашиот знак, вие сте во центарот на вниманието кога станува збор за размена на мислења и учење. Јупитер во Рак почнува да ја гради вашата внатрешна сигурност и емоционална зрелост.

РАК

Најсреќниот транзит во последната деценија започнува токму сега – Јупитер влегува во вашиот знак! Ова е период на лична експанзија, среќа и нови почетоци. Се будат вашите таленти, самодовербата се зголемува, а светот ќе почне да ве гледа во ново светло.

ЛАВ

Планетарните поставки во јуни ви носат можност да се свртите кон иднината со оптимизам. Плутон продолжува да го менува начинот на кој се поврзувате со другите, додека Сатурн во Овен ве поттикнува на амбициозни планови и појасна животна визија.

ДЕВИЦА

Овој месец ќе ве поттикне на размислување, анализирање и донесување нови лични одлуки. Влијанието на Јупитер во Рак ќе ве насочи кон луѓето кои ве поддржуваат и ќе ве мотивира да се поврзете со нови сојузници на патот кон лична исполнетост.

ВАГА

Сезоната на промени продолжува, а астролошките транзити ве носат низ период на лична еволуција. Новите перспективи кои се отвораат може да го променат начинот на кој ја гледате својата иднина. Сатурн во Овен ве учи како да одржите рамнотежа под притисок.

СКОРПИЈА

Јупитер во Рак го активира вашиот духовен компас. Овој период ве поттикнува да ги проширите хоризонтите и да се свртите кон повисоки цели, инспирација и длабока интроспекција. Се отвораат можности за лично будење и проширување на светогледот.

СТРЕЛЕЦ

Вашиот природен оптимизам ќе добие поддршка од астролошкото движење на Јупитер, но овој пат во знак кој бара поврзаност со длабоки емоции и трајни вредности. Време е да ги пренасочите вашите стремежи кон она што навистина има значење за вас.

ЈАРЕЦ

Периодот што следува носи предизвици, но и можности за лично освестување и прифаќање на одговорноста за сопствената реалност. Јупитер во Рак ќе ве поттикне да развивате подлабоки односи и да барате баланс помеѓу обврските и емотивната стабилност.

ВОДОЛИЈА

Јуни ќе биде период на свесност и реструктуирање на вашиот внатрешен свет. Сатурн ве повикува на зрелост, додека Јупитер отвора нови порти во секојдневната реалност. Вашите идеи добиваат поддршка, но ќе бидете повикани и да покажете трпение.

РИБИ

Јупитер, вашиот владетел, ве благословува со влезот во Рак, што ќе ви донесе инспирација, уметничка експресија и духовно будење. Ова е време кога креативноста, интуицијата и емпатијата ќе ви бидат најсилни адути. Вашето срце ќе биде компасот низ овој месец.

Advertisement

Магазин

Регулацијата на инфлуенсерите остана на хартија: Само едно име во регистарот на АВМУ

И покрај најавите и обидите за воведување ред во сферата на инфлуенсерскиот маркетинг, интересот за официјална регистрација кај надлежните институции е речиси непостоечки. Во Регистарот на физички лица кои даваат аудиовизуелни медиумски услуги по барање, воспоставен од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), досега се запишало само едно лице.

Оваа информација беше обелоденета на четвртиот јавен состанок на Агенцијата, на кој директорот Зоран Трајчевски ги презентираше активностите и резултатите за последниот квартал од 2025 година.

Како даватели на АВМУ услуги по барање се третираат инфлуенсерите, влогерите и креаторите на содржини кои остваруваат финансиска корист преку социјалните мрежи. Иако Агенцијата изготви и „Нацрт-Водич за инфлуенсер(к)и и влогер(к)и“ со цел да ги појасни обврските и постапките, тоа очигледно не придонело за поголема подготвеност за регистрација.

Единствено име во регистарот е инфлуенсерката Ксенија Николовска, која на 1 декември 2025 година пријавила активности на Инстаграм и Фејсбук.

За разлика од инфлуенсерите, кај онлајн медиумите постои поголема свест за законските обврски. Во регистарот на интернет портали во моментов се евидентирани 50 издавачи.

Покрај ова, АВМУ информираше и за резултатите од мониторингот за време на изборната кампања за Локалните избори 2025. Покренати се пет прекршочни постапки против радиодифузерите ТВ 24 Вести, ТВ Компани 21-М, ТВ Вистел, ТВ Шутел и ТВ Гурра.

Агенцијата најави и дека се подготвува за мониторинг на повторните локални избори во 2026 година во општините Гостивар и Маврово-Ростуше, додека од регистарот на оператори се избришани „Неотел“ и „Инфел-КТВ“.

Continue Reading

Магазин

Срамежливата пејачка од „Ѕвездите на Гранд“ РАСТУРИ УШТЕ ЕДЕН БРАК: Познат музичар сега ги оставил жената и децата заради неа

Мелиха Имшировиќ , учесничка на „Ѕвезда Гранда“, стана позната во јавноста повеќе по деталите од нејзиниот приватен живот, отколку по учеството во споменатото натпреварување и нејзината кариера по натпреварот.

Пред неколку години, пејачката Дада Мешаљиќ се огласи и откри дека нејзината колешка го „киднапирала“ нејзиниот сопруг додека таа била во друга држава. Таа не му простила за неверството, па раскинала со партнерот, а сè уште самата се грижи за своето дете. 

Во оваа прилика, Мелиха проговори само еднаш, каде што изјави дека не е виновна за распадот на врската на Мешалиќ, но имаше видеа кои докажуваа дека изјавата на Дада е точна.

Тоа што се случи беше пред неколку години и вистина е дека оваа приказна се пренесува низ медиумите речиси месечно, но додека старите приказни се рециклираат, Мелиха ужива во нова љубов, со многу познат музичар чиј идентитет нема да го откриеме сега, пишуваат српските медиуми.

Мелиха Имшировиќ

Тој е многу добро познат на јавноста, особено во Босна, од каде што е Мелиха, а нивната љубов се случила затоа што работеле заедно.

– Таа го растури бракот на Дада, жената остана сама со детето, а сега го „смувала“ музичарот кој ги остави сопругата и децата поради неа. Нема да ви кажам со кого била во меѓувреме, бидејќи приказната може да оди предалеку – вели личност од родниот град на „растурачката на бракови“. 

Имав нервни сломови

Пејачката Дада Мешаљиќ била изневерена од нејзиниот сопруг со колешката додека била бремена, по што решила да го остави и сама да ја одгледа ќерка си.

Дада Мешалиќ со ќерката

– Тој беше свесен дека сум во блажена состојба и никогаш не покажа милост. Таа реченица сè уште ми одѕвонува во главата до ден-денес и не мислам дека некогаш ќе ја заборавам. Рече дека е згрозен од мене и од нероденото дете. Само не знам како не пресеков по таа реченица кога ја кажа за прв пат, а често ја кажуваше – рече Дада.

Извор: newz24live

Continue Reading

Магазин

Самсунг влегува силно во автомобилската индустрија со аквизиција вредна 1,5 милијарди евра

Јужнокорејскиот технолошки гигант Самсунг Електроникс објави дека ќе го купи одделот за технологии за автономно возење на германската компанија ЗФ Фридрихсхафен за 1,5 милијарди евра, кој потоа ќе биде интегриран во американската подружница Харман.

Со оваа трансакција, Харман ќе започне да нуди напредни технологии и производи за системи за помош на возачот, меѓу кои камери и контролни единици ориентирани кон предниот дел на возилата. Од Самсунг посочуваат дека со овој чекор нивната подружница целосно влегува на брзорастечкиот пазар на напредни системи за помош на возачот.

Овие системи се дизајнирани да ја зголемат безбедноста при возење преку користење на камери и сензори кои го следат сообраќајот, сообраќајните ленти, растојанието од други возила и присуството на пешаци околу автомобилот.

Договорот претставува значаен чекор за Самсунг во насока на диверзификација на бизнисот и проширување надвор од традиционалните пазари на паметни телефони и мемориски чипови, кон автомобилската електроника – сектор кој забрзано расте благодарение на развојот на софтверот и сензорските технологии.

Компанијата проценува дека глобалниот пазар на напредни системи за помош на возачот и уреди за централна контрола во возилата ќе порасне од 62,6 трилиони вони во 2025 година на 97,4 трилиони вони до 2030 година.

Иако сегментот на аудио опрема во кој работи Харман е веќе високо конкурентен, аналитичарите нагласуваат дека клучната можност лежи во постојаниот раст на глобалниот пазар на телематика, кој ги обединува телекомуникациите и информатичките технологии.

„Како што напредните системи за помош на возачот стануваат централна технологија во телематиката, оваа аквизиција треба да се гледа како позитивен и стратешки чекор“, изјави Џеф Ким од јужнокорејската инвестициска банка KB Securities.

Според најавите на Самсунг, трансакцијата се очекува да биде финализирана во втората половина на 2026 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг