Connect with us

Економија

НА РАСПОЛАГАЊЕ СЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Досега исплатени се 11,2 милиони денари

Од буџетот на Република Македонија за настраданите во Кочани се обезбедени 30 милиони денари за помош на семејствата и повредените. До овој момент се исплатени 11,2 милони денари за патни трошоци и сместување на семејства на повредените кои се лекуваат во странство и оваа постапка продолжува и понатаму, истакна министерката за финансии.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на собраниската говорница изјави дека до овој момент се обезбедени 30 милиони денари од страна на Владата за настраданите во Кочани, а досега се исплатени 11,2 милиони денари.

– Од буџетот на Република Македонија за настраданите во Кочани се обезбедени 30 милиони денари за помош на семејствата и повредените. До овој момент се исплатени 11,2 милони денари за патни трошоци и сместување на семејства на повредените кои се лекуваат во странство и оваа постапка продолжува и понатаму – изјави Димитриеска Кочоска одговорајќи на прашање од пратеникот Оливер Спасовски на денешната собраниска седница, дали досега е донесена одлука и се извршени исплати на средства од буџетот на државата на семејствата на починатите и на повредените и ако има таква одлука колку средства биле исплатени за оваа намена.

Таа посочи дека покрај од буџетот, помошта собрана преку Црвениот крст од донации од граѓаните, била во координација со Владата, и дека тоа било во моментот најбрз начин да се соберат средства и да им се излезе во пресрет на настраданите.

– Затоа одевме паралелно со две постапки. Едната беше Црвениот крст каде сите ние и како функционери и како пратеници од владеачкото мнозинство, верувам дека и вие од опозицијата сте донирале пари, и тоа се средства кои се наменети за нив. Но покрај овие 30 милиони денари, поддршка од буџетот, тука не се вкалулирани сите оние трошоците кои се сервизираат преку ФЗОМ, бидејќи станува збор за повреди кои беа многу тешки и за лекување кое ќе трае долго време. Владата многу брзо реагираше во оваа ситуација, рече Димитриеска Кочоска… Повторувам 30 милиони денари коои што се на располагање на семејствата и се исплаќаат согласно потребите и во исто време се сервисираат обврските од Црвениот крст. Тоа е одлука која што ја донесе Владата и кои што средства се исплаќаат – рече министерката за финансии.

Таа притоа потсети на несреќите со жртви со Дурмо Турс и во Модуларната болница во Тетово,  каде, рече, поранешната влада не одобрила ниту денар.

Според Спасовски, граѓаните покажале сериозна солидарност, бидејќи на сметките на Црвениот крст, според последно соопштение досега се собрани околу 156,5 милиони денари од кои во неколку наврати досега извршени се исплати на погодените семејства. На семејствата на починатите лица од оваа сметка биле исплатени 52,038 милиони денари, за настраданите лица кои се на лекување во странство 44,163 милиони и за оние кои се лекуваат во земјава исплатени се 11,247 милиони денари. Или вкупно досега исплатени се 107,44 милиони денари, а преостанти се околу 46,59 милиони денари на сметката на Црвениот крст. Во соопштението од Црвениот крст се наведува дека следат консултации со надлежното Министрерство за да се утврди зависно од степенот на повредеите колку финансиски средства на кои лица и смејства ќе им бидат исплатени.

Спасовски реагираше и во однос на присуството на членовите на Владата, кои имаат обврска денеска, да бидат присутни на седницата.

– Имаме известување само од двајца министри дека не можат да присуствуваат и дека ќе бидат нивните заменици. Меѓутоа, гледаме и повеќе министри коишто не се присутни, ниту има заменици, за да можеме да ги поставиме пратеничките прашања – забележа Спасовски. 

Економија

Странски „хај-тек“ инвестиции од Германија и Турција: 80 милиони евра и илјада нови работни места

Македонската економија влегува во нова фаза на развој со најавата за две значајни странски инвестиции во областа на високата технологија. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека германска и турска компанија ќе инвестираат околу 80 милиони евра, носејќи свеж капитал надвор од досега доминантната автомобилска индустрија.

Според најавите, двата проекта ќе имаат силен извозен карактер и значајна додадена вредност. Се очекува годишен извоз од над 200 милиони евра, како и отворање на приближно 1.000 нови работни места, главно во сегментот на високо квалификуван кадар.

Мицкоски истакна дека ваквите инвестиции го потврдуваат стратешкото насочување на државата кон високо-технолошки индустрии, со цел диверзификација на економијата и намалување на зависноста од еден сектор. Тој изрази оптимизам дека до крајот на годината ќе следат уште нови странски вложувања.

Најавените проекти се оценуваат како јасен сигнал за подобрена инвестициска клима и дел од пошироките напори за привлекување современи технологии, повисоки плати и одржлив економски раст.

Continue Reading

Економија

Димитриеска – Кочоска: 97 милиони евра за клучни енергетски проекти

Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти што значително ќе ја променат енергетската слика на државата.

Министерството за финансии, преку издавање државна гаранција, овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Дополнително, обезбедени се и 10 милиони евра за ревитализација на хидроелектраните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изрази благодарност до меѓународните финансиски институции за континуираната поддршка, како и до тимот на АД ЕСМ за нивната посветеност во реализацијата на проектите.

Според неа, овие капитални инвестиции ќе придонесат за зајакнување на домашното производство на електрична енергија, ќе обезбедат посигурно и постабилно снабдување и ќе дадат силен поттик за економска стабилност и одржлив развој на државата.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Нема енергетска криза, државата има резерви од мазут!

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно резерви на мазут за да ги покрие потребите.

Барањето за кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница, но Божиновска нагласи дека тоа е технички чекор за да се активираат државните резерви. Причина за ова е триесетдневната неможност за редовна набавка на мазут од Грција поради тамошните протести.

„Нема да има никаква криза. Постои мазут во државата – ако не го земат од Грција, ЕСМ ќе го земе од државните резерви. За граѓаните ова нема да значи апсолутно ништо“, истакна министерката.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг