Connect with us

Економија

„НЕОПХОДНА Е ПРОМЕНА ЗА ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ“: Македонска асоцијација за рударство на вонредна седница ќе го менува раководството

На 14 февруари 2025 година, Иницијативниот одбор за свикување на вонредна седница на МАР, составен од 12 членки на Македонската асоцијација за рударство (МАР), поднесе барање до Претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија и Управниот одбор на Комората за итно свикување на вонредна седница, се наведува во соопштението испратено до медиумите.

– Барањето е резултат на сериозната загриженост за досегашното управување на МАР, кое, според членките, не придонесе доволно за развојот на секторот ниту за унапредување на транспарентноста и инклузивноста во донесувањето одлуки.

Во изминатиот период, членките на МАР укажуваа на недостигот на јасна визија и проактивен пристап за справување со предизвиците на рударскиот сектор. Проблемите со застарени организациски практики, отсуство на ефективна комуникација со надлежните институции и неподготвеноста за соочување со новите законски барања – сето тоа го доведе секторот во позиција која бара итни и суштински промени – се потенцира во соопштението.

Потоа се додава дека Македонската асоцијација за рударство, како највисоко струково тело во рударството, мора да ја врати својата улога како двигател на одржлив и одговорен развој, со јасен фокус на заштита на интересите на членките, почитување на животната средина и одговорност.

– Вонредната седница на која ќе се избере нов претседател на МАР и ќе се разгледаат предлозите за реорганизација ќе се одржи денес, 29 мај 2025 година. 

Оваа седница е можност за обновување на довербата и за воспоставување на ново, поефикасно раководство кое ќе ја гарантира иднината и развој на рударскиот сектор.

Членките на асоцијацијата остануваат цврсто посветени на мисијата за развој на секторот, со почитување на највисоките стандарди за транспарентност, професионалност и соработка со сите засегнати страни – се потенцира на крајот од соопштението. 

Од информациите кои се објавени на веб страната на Стопанската комора на Северна Македонија, во рамки на која функционира МАР е посочено дека актуелен претседател на МАР е г-дин Ивица Талевски, САСА – Македонска каменица.  

Advertisement

Економија

Димитриеска – Кочоска: 97 милиони евра за клучни енергетски проекти

Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти што значително ќе ја променат енергетската слика на државата.

Министерството за финансии, преку издавање државна гаранција, овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Дополнително, обезбедени се и 10 милиони евра за ревитализација на хидроелектраните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изрази благодарност до меѓународните финансиски институции за континуираната поддршка, како и до тимот на АД ЕСМ за нивната посветеност во реализацијата на проектите.

Според неа, овие капитални инвестиции ќе придонесат за зајакнување на домашното производство на електрична енергија, ќе обезбедат посигурно и постабилно снабдување и ќе дадат силен поттик за економска стабилност и одржлив развој на државата.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Нема енергетска криза, државата има резерви од мазут!

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно резерви на мазут за да ги покрие потребите.

Барањето за кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница, но Божиновска нагласи дека тоа е технички чекор за да се активираат државните резерви. Причина за ова е триесетдневната неможност за редовна набавка на мазут од Грција поради тамошните протести.

„Нема да има никаква криза. Постои мазут во државата – ако не го земат од Грција, ЕСМ ќе го земе од државните резерви. За граѓаните ова нема да значи апсолутно ништо“, истакна министерката.

Continue Reading

Економија

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,18% во однос на одлуката од 19.12.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,028 ден/кг и сега ќе изнесува 32,607 ден/кг.

Од 23.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,607 (денари/килограм)

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг