Connect with us

Република

Потребни се јаболки и пченка – намалени се природните извори на храна на мечките на Шар Планина

Национален парк Шар Планина бара граѓаните да помогнат со донирање на јаболки и пченка со цел да се изврши прихрана на мечките поради намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште.

Се бараат доброволни донации на јаболки и пченка од домашно потекло, со цел хранењето да биде што е можно послично на природната исхрана на мечката (Ursus arctos), која претежно е растително базирана.

-Во последните две недели, сè почесто се бележат случаи на приближување на мечки кон населени места во регионот на Националниот парк „Шар Планина“. Овој феномен е резултат на намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште. За да се намали ризикот од несакани средби со луѓе и да се помогне за здравјето и безбедноста на овие важни жители на нашата планина, започнуваме иницијатива за симболична прихрана на мечките, на оддалечени и безбедни локации, далеку од населени места и планинарски патеки, соопшти Јавната установа Национален Парк Шар Планина.

Дистрибуцијата на храната ќе ја извршува Управата на Националниот парк, во соработка со волонтерска служба, во согласност со Програмата за заштита, одгледување и управување со дивечот (2023–2033), каде што се препорачува симболична прихрана како метод за следење и заштита на дивечот.

-Преку оваа акција ќе се спречи несакано приближување на мечки до населени места, ќе се помогне во зачувување на нивната природна навика за исхрана, ќе се овозможи мониторинг на нивната бројност, здравје и старосна структура. Прифатливи се само јаболки и пченка од домашно производство, без хемиски третмани, информираат од НП Шар Планина.

Доколку некој сака да помогне во логистика или да донесе храна, тоа да го направи во просториите на Јавната Установа Национален парк Шар Планина во Тетово, во објектот каде беше почетна станица за жичарницата до Попова Шапка, секој работен ден од 8-16:00 часот или на телефонскиот број 072 239 122.

Advertisement

Република

Бојкоски: Дополнителни 7 милиони денари поддршка за РК Еурофарм Пелистер

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, соопшти дека се обезбедени дополнителни 7.000.000 денари финансиска поддршка за РК Еурофарм Пелистер.

„Битола стои зад шампионот“, објави Бојкоски, нагласувајќи дека средствата се предложени во координација со градоначалникот и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Од вкупната сума, 3.000.000 денари се предвидени како награда за освоената шампионска титула во македонската ракометна лига. Според Бојкоски, целта на дополнителната поддршка е зголемување на конкурентноста на клубот, задржување на шампионската титула во Битола и носење радост и спортска гордост за граѓаните.

Continue Reading

Република

Коњановски: Преку танц младите испраќаат силна порака против врсничкото и дигиталното насилство

Во спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола денеска се одржа меѓуучилишен танцов натпревар „Танц против насилство“, посветен на подигнување на свеста за врсничкото и дигиталното насилство меѓу младите.

Настанот беше организиран со цел промоција на ненасилна комуникација, почит, солидарност и позитивни вредности, при што учениците преку танц, емоција и креативен израз испратија јасна порака дека насилството не смее да биде прифатено.

На настанот учествуваа седум основни училишта од Битола со вкупно 49 ученици, кои преку кореографиите ја пренесоа својата визија за свет без насилство. Поддршката за реализација ја даде Општина Битола, во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола и образовните институции.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека ваквите иницијативи се исклучително важни за создавање безбедна и здрава средина за најмладите.

„Ова не е само танцов или музички натпревар, туку силна порака дека како заедница сме против насилството, особено меѓуврсничкото и дигиталното насилство кое нè загрижува сите. Радува фактот што училиштата ја прифатија оваа иницијатива и што младите покажаа дека имаат свест и храброст да зборуваат против булингот“, порача Коњановски.

Организаторката и иницијаторка на настанот, Фатма Бајрам Аземовска од здружението „Сумнал“, нагласи дека „Танц против насилство“ е глас на младите кои преку уметноста повикуваат на почит, прифаќање и разбирање.

Во натпреварувачкиот дел учество зедоа ученици од ООУ „Даме Груев“, „Кирил и Методиј“, „Ѓорѓи Сугарев“, „Тодор Ангелевски“, „Елпида Караманди“, „Св. Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“.

Жири-комисијата ја додели Гран при наградата на ООУ „Гоце Делчев“, признанието за најсилна порака против насилството на ООУ „Тодор Ангелевски“, а наградата за најкреативна кореографија ја добија учениците од ООУ „Кирил и Методиј“.

Continue Reading

Република

Прилеп утре без струја: Планиран прекин од 06:30 до 11:00

Жителите на Прилеп и околните приградски населби утре, 21 декември 2025, ќе останат без електрична енергија во период од четири и пол часа. Од АД МЕПСО информираат дека прекинот ќе трае од 06:30 до 11:00 часот.

Причината за прекинот се планирани зафати за модернизација на електропреносната мрежа на потегот помеѓу Битола и Прилеп. Стручните екипи ќе демонтираат старо проводно јаже од 110 kV далекувод (ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1) и ќе монтираат нов проводник.

АД МЕПСО апелира до домаќинствата и стопанските субјекти, особено оние кои работат наутро, да покажат разбирање за прекинот. Напонот се очекува да биде повторно воспоставен точно во 11:00 часот, а зафатиот се оценуваат како клучни за стабилно и сигурно функционирање на електропреносниот систем во иднина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг