Се запали воз во движење на релација Скопје – Гевгелија

Вчера во 20:20 часот е пријавено дека помеѓу Железничка станица Миравци и Смоквица настанал пожар на машина од воз кој сообраќал на релација Скопје- Гевгелија, известија од полицијата.

Од страна на Територијалната противпожарна единица пожарот е изгаснат. Нема повредени лица.