Connect with us

Македонија

Сотирис Минас: Јас сум чистокрвен Грк, но тврдам дека има Македонци во Грција

Сотирис Минас за себе вели дека e Грк и по татко и по мајка, но свесен е за факот дека во Северна Грција имало и има македонско население коешто говори на македонски јазик.

– Мојот заклучок беше тоа дека има еден народ, имаше и има или имало и има еден народ во Северна Грција во Македонија – егејски Македонци, кои беа принудени прво со перење мозок да станат или Бугари или Грци и зборувам за османлискиот период – вели Минас.

Поради својот став за Македонците, тој бил приморан да го напушти родниот Солун и да се пресели во Атина, каде анимозитетот кон т.н. „македонско прашање“ е далеку помал.

Целиот текст може да го прочитате на Слободен Печат

Advertisement

Македонија

Нови барања за зголемување на платите – судии и обвинители го притискаат Уставниот суд

Судии и јавни обвинители повторно тргнуваат по зголемување на платите – овој пат преку Уставниот суд. Тие тврдат дека намалувањето на нивните примања ја загрозува нивната независност и најавуваат дека ќе ја користат секоја правна можност за враќање на поранешните коефициенти за пресметка на плата.

Според информациите, во 2023 година, по зголемувањето на платите на сите функционери за 78%, на судиите и обвинителите, како и на останатите избрани и именувани лица, им беа намалени коефициентите за пресметка на плата во просек за 0,5 поени. Тогаш единствено судиите и обвинителите се побунија, инсистирајќи дека нивните примања не смеат да се намалуваат.

Владата и премиерот Мицкоски стојат цврсто зад ставот дека нема да има дополнително зголемување на нивните плати, поради лошите оценки и ниската доверба во правосудството, како и високите примања кои веќе ги имаат.

Сепак, судиите и обвинителите се решени да продолжат со својот притисок. Со враќањето на повисокиот коефициент за личен доход, секој од нив би добил околу 250 евра повеќе месечно, а Уставниот суд ќе биде нивната последна надеж да го постигнат тоа.

Continue Reading

Македонија

Облачно со нестабилно време: дожд на ниските предели, снег на планините

Денеска не очекува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. На некои места во источните делови количината на дожд може да надмине 25 литри на квадратен метар за 24 часа. Ветровите ќе дуваат слаб до умерен од јужен правец, а температурите ќе се движат од 2 до 7 степени во најниските, до 4 до 9 степени во највисоките точки.

Во главниот град, денот ќе биде облачен со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а температурите ќе се искачат од минимални 3 до максимални 6 степени.

Според прогнозата, и во четврток ќе продолжат локалните врнежи од дожд, кои особено во источните делови ќе бидат пообилни, над 25 литри на квадратен метар. На планините врнежите ќе преминуваат во снег, а снежната покривка може да достигне и до 15 сантиметри. Поради продор на постуден воздух од север, дождот ќе се претвора во снег и на повисоките места низ земјата.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, со постепено намалување на врнежите и смирување на ветровите.

Continue Reading

Македонија

Фатон Ахмети го презема кабинетот на Османи, додека Османи станува претседател на огранокот во Чаир

По завршувањето на 5. конгрес на Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата го одржа првиот состанок на претседателството на Генералниот совет, на кој беа донесени клучни одлуки за организациското зајакнување и унапредување на партиската структура.

На состанокот, свикан од претседателот Али Ахмети, беа именувани нови функционери кои ќе ја движат работата на партијата. Фатон Ахмети е назначен за шеф на кабинетот на претседателот, додека за нова портпаролка е избрана потпретседателката на партијата, Арта Биљали-Зендели.

Покрај тоа, Шемседин С. Бекири ќе биде советник на Ахмети за односи со Соединетите Американски Држави (САД). На состанокот беа назначени и претседатели на ограноците на ДУИ во пет македонски градови: Бајрам Реџепи во Тетово, Ридван Асани во Куманово, Фатон Положани во Струга, Валдет Џафери во Гостивар и д-р Бујар Османи во Чаир.

„Во согласност со статутот усвоен на конгресот, сите претседатели на ограноците добија насоки за организирање и консолидирање на другите тела од партиската структура, како и за извршување на програмските и статутарните должности“, изјави новата портпаролка Арта Биљали-Зендели.

На конгресот, Али Ахмети ја доби довербата од мнозинството делегати да ја води ДУИ уште еден мандат. За нов генерален секретар е избран Арбер Адеми, кој до неодамна беше потпретседател на партијата, додека Фатон Ахмети, кој досега ја извршуваше функцијата генсек, ќе продолжи како еден од потпретседателите.

За потпретседатели на партијата се избрани и Бујар Османи, Еркан Арифи, Арбана Пашоли и Арта Биљали-Зендели. Нов организациски секретар е поранешниот државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Неби Реџепи, додека секретар за еднакви можности е Арбеша Влаши.

„ДУИ останува посветена на зајакнување на внатрешните организациски структури и унапредување на реформите насочени кон зголемување на политичката и институционалната ефикасност на партијата“, се наведува во соопштението од партијата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг