Паника во Белград: Дојави за бомби на повеќе локации

Бомби се пријавени на неколку локации во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи за Танјуг.

Една од пријавените бомби била и на пазарот на булеварот „Крал Александар“. 

Полициска истрага е во тек. Во минатото низ Белград имаше лажни дојави за бомби во училишта, универзитети и градинки.