Connect with us

Скопје

Скопје цел ден без вода! Еве кои делови се најпогодени од прекинот!

ЈП Водовод и Канализација – Скопје соопшти дека работните актовности се очекува да завршат за помалку од 15 часа, во кои најмногу часови се одвојува за празнење и полнење на магистрален цевковод.

– Во сабота (31 мај) со отпочнување во 00:00 часот, планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, за која цел е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат. Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намлување на загубите на вода, се наведува во соопштението. 

Со реализација на овој проект, како што информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ќе се подобрат хидрауличките услови во водоводната мрежа, со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведената мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод ф 1600 мм кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод ф 700 мм на бул.„Александар Македонски“ кој се напојува од градскиот магистрален цевковод ф 1600 мм, преку новопредвидениот магистрален цевковод ф 700мм,кој ќе биде поставен по должинта на новопредвидениот бул.„Хрватска“.

„Со ваквото поврзување ќе се создадат услови за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата маистрални цевководи во градот Скопје“, посочуваат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Согласно Оперативниот План за реализација на активностите, ЈП Водовод и Канализација -Скопје, превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.

„Во процесот на активности, првично се направи проверка за исправноста на воздушните вентили,испусти и хидранти поставени по должина на магистралниот цевковод ф 1600 мм. По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност сектор Водовод, со тим од осум екипи носители на работата,ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот со вода“, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.  

Advertisement

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг