Connect with us

Балкан

54% од македонските граѓани имаат доверба во Европската Унија

Довербата во ЕУ највисока во Црна Гора и Албанија, најниска во Србија

Граѓаните на Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија имаат најниско ниво на доверба во Европската Унија меѓу земјите од Западен Балкан, покажува најновото истражување на Евробарометар. Највисока доверба во ЕУ имаат граѓаните на Црна Гора и Албанија.

Според анкетата, спроведена во март и април 2025 година, довербата во ЕУ на ниво на цела Унија изнесува 52% – што е највисоко од 2007 година. Во регионот, 83% од граѓаните на Црна Гора и 80% од Албанија ѝ веруваат на ЕУ. Висока доверба е забележана и кај граѓаните на Косово – 79%.

Во Северна Македонија, 54% од испитаниците изразиле доверба кон ЕУ, додека 42% изразиле недоверба. За споредба, есенската анкета на Евробарометар во 2024 година покажа нешто повисоко ниво на доверба – 56%.

Слична е ситуацијата и во Босна и Херцеговина, каде што 58% имаат доверба во ЕУ, додека 37% не ѝ веруваат.

Најниска доверба е забележана во Србија – само 37% од граѓаните изразиле доверба во Европската Унија, додека 57% рекле дека имаат тенденција да не ѝ веруваат.

Ставови за идното членство во ЕУ

Кога станува збор за евентуално членство во Европската Унија, поддршката е најсилна повторно во Црна Гора и Албанија – над 80% од граѓаните сметаат дека тоа би било позитивен чекор.

Во Северна Македонија и Босна и Херцеговина, поддршката се движи меѓу 50 и 60 проценти. Наспроти тоа, во Србија само 34% од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ би било добра работа, додека 32% го оценуваат како негативно.

Мислења на граѓаните на ЕУ за проширувањето

Анкетата опфати и ставови на граѓаните на земјите-членки на ЕУ во однос на проширувањето на Унијата. Во просек, 54% од граѓаните на ЕУ ја поддржуваат идејата за проширување со нови членки, додека 39% се против.

Сепак, во некои од водечките земји-членки, скептицизмот е поизразен. Во Германија и Австрија, 53% од граѓаните се против проширувањето, а само 42% го поддржуваат. Во Франција, 49% се против, додека 41% се за – иако бројот на противници е намален во споредба со претходната анкета.

Општа перцепција за ЕУ

На ниво на цела ЕУ, 43% од граѓаните имаат позитивна слика за Унијата, 38% неутрална, а 18% негативна. Во исто време, 62% од граѓаните изразиле оптимизам за иднината на ЕУ.

Advertisement

Балкан

МОЛ се пробива на српскиот нафтен пазар: Преговори за преземање во тек

nis petrol

Се чини дека решението за нафтената криза во Србија е на дофат. Според извори на Дневник Нова ТВ, на маса е планот унгарскиот гигант МОЛ да го преземе мнозинскиот руски удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС). Преговорите интензивно се одвиваат во текот на викендот на релацијата Будимпешта – Белград – Москва.

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, ја потврди веројатноста за вакво сценарио. „Се чини дека постои договор меѓу НИС и МОЛ, со согласност на Гаспром Нефт, односно меѓу Русија, Србија и Унгарија, според кој МОЛ ќе го преземе рускиот удел. Преговорите се во тек и ќе видиме дали ќе се завршат наскоро“, изјави Пленковиќ.

За Хрватска, ова значи можност за стабилизација на транспортот на нафта преку ЈАНАФ. Поради американските санкции, рафинеријата во Панчево досега не можеше да прима нафта, но ако МОЛ стане мнозински сопственик, санкциите повеќе нема да влијаат. „Тоа значи дека ЈАНАФ ќе може непречено да транспортира нафта, бидејќи веќе нема да се работи за санкциониран руски субјект, туку за унгарско-српски сопственик“, појасни Пленковиќ.

ЈАНАФ засега го поздравува секој напредок што би овозможил продолжување на договорот со НИС. Од Белград, претседателот Александар Вучиќ изрази надеж дека нафтената индустрија ќе ја надмине кризата во наредните недели. „Имаме одредени проблеми со увозот на деривати, но за среќа Србија располага со огромни резерви кои моментално нè спасуваат“, рече Вучиќ, додавајќи дека се надева дека наскоро ќе се најде целосно решение.

Ако преговорите помеѓу Србија, Унгарија и Русија успеат, тоа ќе значи не само стабилизација на снабдувањето со нафта за Србија, туку и значителен чекор кон прекинување на ефектите од санкциите врз регионалниот нафтен транспорт.

Continue Reading

Балкан

Антивладин протест ескалира во Тирана, има повредени

Илјадници демонстранти од цела Албанија се собраа во Тирана на антивладин протест организиран од главната опозициска Демократска партија. Инцидентите и тензиите ескалираа пред зградата на владата на булеварот Deshmoret e Kombit.

Организаторите бараат оставка од премиерот Еди Рама и вицепремиерката Белинда Балука, која е и министерка за инфраструктура и енергетика. Опозицијата ги поврзува протестите со случаи на корупција, истакнувајќи дека Балука е обвинета за кршење на рамноправноста на учесниците во тендери и јавни аукции. Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) побара од парламентот да го одземе нејзиниот пратенички имунитет за да се овозможи нејзино апсење.

Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша, се обрати на толпата, велејќи дека опозицијата останува решена да ја „спаси Албанија“ и ги повика сите опозициски сили да се обединат во борбата против власта.

По неговиот говор, демонстрантите се судрија со полицијата, а неколку молотови коктели беа фрлени кон владината зграда, предизвикувајќи пожар на надворешната страна. Во немирите беа повредени неколку лица.

Демократската партија и другите опозициски партии најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните недели.

Continue Reading

Балкан

Коледарски оган и празнична атмосфера ја обединуваат публиката во Лерин

Манифестацијата „На Коледе во Лерин“ во соседна Лерин и годинава претставува вистинска атракција, привлекувајќи посетители не само од Битола, туку и од поширокиот регион. Во духот на традицијата, централното место го зазема палењето на коледарскиот оган, кое создава посебна празнична атмосфера и чувство на заедништво.

Близината, величествениот оган и традиционалните чествувања ги привлекуваат туристите и верниците кои Коледе го празнуваат според Грегоријанскиот календар. Посетителите имаат можност да уживаат во новогодишната празнична атмосфера, да вкусат традиционална храна, како и да се загреат со варено вино, топла ракија и музика.

Од туристичките агенции од Битола кои ја организираат посетата на настанот посочуваат дека токму пријатната атмосфера, дружењето и автентичниот дух се причините поради кои „На Коледе во Лерин“ секоја година привлекува се поголем број посетители.

Според нив, годинава интересот е значително поголем во споредба со изминатите години, при што повозрасните битолчани покажуваат поголема заинтересираност за овој традиционален настан. Покрај храната и дружењето, дополнителна атракција за посетителите е и спектакуларниот огномет, кој претставува завршница на манифестацијата.

Според Грегоријанскиот календар, утре, 24 декември, верниците од католичка вероисповед го одбележуваат празникот Бадник.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг