ГОЛЕМО БРАВО ЗА ЛИНА ЃОРЧЕСКА: Македонската тенисерка го освои фјучрсот во Србија по драматичен пресврт!

Лина Ѓорческа продолжува да го потврдува статусот на најдобра македонска тенисерка! Денеска претпладне таа го освои фјучрсот во Куршумлијска Бања, Србија, откако во финалето славеше со 2:1 во сетови против силната противничка од Грција, Матоула.

Мечот траеше повеќе од два часа и беше вистинска драма на теренот. Првиот сет мина во знакот на Гркинката, која успеа да го добие со убедливи 6:2. Но тоа само ја разбуди борбеноста на Ѓорческа, која во вториот сет доминираше целосно – не и дозволи ниту еден гем на противничката и го освои со 6:0!

Во решавачкиот трет сет, Лина продолжи со цврста игра и иако Матоула се обиде да се врати, Ѓорческа беше поцврста во клучните моменти и со 6:4 го запечати својот триумф.

Оваа победа е нова потврда за квалитетот, истрајноста и менталната сила на Ѓорческа, која со оваа титула се искачува чекор погоре на патот кон поголемите тениски турнири.

Честитки, Лина! Македонија се гордее со тебе!