Connect with us

Македонија

Полицијата во Македонија денес и вчера уапси осум возачи – сите ја направиле истата грешка!

Денес и вчера лишени од слобода осум возачи за кривично дело –„безобѕирно управување со моторно возило“

Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата С.З. (24) од Кочани А.О. (42) од Штип Т.Д. (53) од Делчево, М.Л. (55) од Ресен, Д.Т. (50) од Скопје, В.Б. (26) од Тетово, Е.К. (46) од Струга и В.М. (46). од Охрид, заради сторено кривично дело – „безобѕирно управување со возило“ по член 297-а од КЗ на РСМ.

Имено, најпрво вчера во 15.40 часот на магистрален пат Кичево- Гостивар полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.К. којшто со патничко возило „Мерцедес“ го управувал возилото со брзина од 145 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина била 60 км/ час. Истиот ден во 22.50 часот на регионален пат Желино- село Сиричино, полициски службеници од Полициската станица за безбеденосен сообраќај Тетово, ги лишиле од слобода М.Л. од Ресен кој управувал патничко возило „Рено“ под дејство на алкохол (кај него биле измерени 1.68 промили алкохол во крвта).

Денеска, пак, во 00.40 на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово лишен од слобода бил В.Б. од Тетово кој управувал патничко возило „Ауди“ со измерени 1.79 промили алкохол во крвта. Исто така денеска, во 00.00 часот на автопатот Куманово-Скопје, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т. од Скопје, кој што на истиот автопатот, управувајќи товарно возило „Тојота“ предизивикал сообраќајна незгода помеѓу пет возила, во која нема повредени лица, а при преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека имал 1,58 промили алкохол во крвта.

Полициски службеници од ОВР Кочани по истиот основ денеска околу 02.55 часот на улицата „Доктор Николиќ“ во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода С.З. кој што управувал патничко возило „Фолксваген пасат“ под дејство на алкохол, односно имал 1,89 промили алкохол во крвта. Во Штип, пак, на улицата „Кирил и Методиј“ во 01.56 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.О. кој што управувал патничко возило „Фолксваген голф“ со измерени 1,68 промили алкохол во крвта, а во 02.15 часот на улицата „Крушевска“ во Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Д. кој што возел патничко возило „Хонда“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,71 промили алкохол во крвта.

И последниот денешен случај во 09,28 полициски службеници од ПС за БПС Тетово кај клучката Камењане на патот Тетово-Гостивар, го лишиле од слобода В.М, кој што управувал патничко возило „Пасат“ со брзина, според радарското мерење, од 158 километри на час наспроти дозволените 80 километри на час. Против сите нив, по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Advertisement

Македонија

УХМР најавува снег – еве кога започнуваат врнежите!

Според најновите информации од УХМР, денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со слаба до умерена облачност, а во одделни котлини ќе се појави магла. Ќе дува слаб северозападен ветер, а дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно и мирно време, со магла во одредени делови од денот. Температурата ќе достигне околу 6 степени, а ветерот ќе биде слаб, околу 1 метар во секунда.

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност.

Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките и планинските предели врнежите ќе бидат од снег.

Continue Reading

Македонија

Д-р Чибишев со апел до родителите: Надворешни активности се опасни за децата при висок степен на загадување

Доктор Андон Чибишев преку социјалните мрежи предупреди на сериозните ризици за здравјето на децата во услови на екстремно загаден воздух. Тој истакна дека денеска, предпладне, додека поминувал покрај улицата „Илинденска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, забележал група деца на возраст од околу 7 до 10 години како трчаат и тренираат на фудбалско игралиште.

„Физичкиот напор го зголемува интензитетот на дишењето, што значи и поголемо внесување на штетни и отровни гасови од амбиенталниот воздух. Не можам да разберам зошто на ваков ден, кога загадувањето е екстремно, децата би се изложувале на таков ризик“, изјави д-р Чибишев.

Тој апелираше до организаторите на активности и тренинзи да покажат одговорност и да ги одложат настаните со цел да се заштити здравјето на најмладите.

Апелот доаѓа во момент кога Скопје повторно се соочува со високо ниво на аерозагадување, а здравствените работници постојано предупредуваат на зголемени ризици, особено кај децата, хронично болните и постарите лица.

Continue Reading

Македонија

Конгрес на ДУИ: Ахмети со нови барања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Петтиот конгрес на партијата денеска изнесе сет клучни политички барања што, според него, треба да ја гарантираат стабилноста и функционалноста на државата. Во фокусот се избор на Влада со двојно мнозинство, уставни измени поврзани со одлучувањето во Уставниот суд и целосен ветинг на сите јавни функционери во последните три децении, под меѓународен надзор.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на т.н. „извршен Бадентер“, според кој секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од мнозинството пратеници во Собранието, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Тој истакна дека унитарната држава може да биде стабилна само доколку се темели на доверба и лојалност меѓу сите заедници, нагласувајќи дека двојното мнозинство е механизам што обезбедува инклузивност и политичка рамнотежа.

Во делот на судството, Ахмети предложи законите донесени со Бадентеров принцип во Собранието да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу уставните судии. Според него, потребни се уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници ќе се носат само со заемна согласност.

Покрај уставните промени, лидерот на ДУИ инсистираше и на темелно „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара целосен ветинг за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години, вклучувајќи проверка на потеклото на имотот и процесите на приватизација, со јасен меѓународен надзор.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг