Connect with us

Балкан

СРБИЈА: Протести под слоганот „Сакаме избори“ ја блокираат земјата – Белград под опсада!

Под мотото „Сакаме избори“, денеска низ цела Србија се одржуваат масовни протести кои имаат за цел да испратат порака за национално единство во политичката борба и да покажат дека гласот на помалите градови е исто толку важен колку и оној од центарот на моќта – Белград.

Иако првично протестот беше најавен само во Пожаревац, набргу се прошири низ државата, откако студентски и граѓански организации од повеќе градови решија да ги синхронизираат своите акции и да се приклучат на заедничката иницијатива. Како дел од демонстрациите, попладнево ќе бидат блокирани клучни сообраќајници во Белград, меѓу кои и Бранков мост и Газела – двата најважни премина преку реката Сава.

Организаторите порачуваат дека ова не е само протест, туку предупредување – дека граѓаните ширум Србија бараат фер избори, отчетност и демократија. Протестот, според нив, е симбол на заедничка волја и обединет отпор против, како што велат, игнорирањето на јавниот глас.

Очекувањата се дека протестите ќе продолжат и во наредните денови, а дали власта ќе одговори на повиците на демонстрантите – останува да се види.

Advertisement

Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан како вложување во регионална стабилност

Грција ја гледа иднината на Западен Балкан во Европската унија и ја поддржува европската перспектива на земјите од регионот, но под услов да се исполнуваат критериумите за членство, особено добрососедските односи и почитувањето на меѓународните договори. Според грчки владини извори, проширувањето на ЕУ се смета за инвестиција во безбедноста и стабилноста на регионот, но процесот е тежок и бара реформи и усогласување со пристапните предуслови.

Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на кој ќе учествува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, грчките извори истакнуваат дека клучни теми ќе бидат и последните случувања во Украина, финансиските потреби на земјите за периодот 2026-2027 година, повеќегодишната финансиска рамка, како и прашања поврзани со гео-економијата и конкурентноста на ЕУ.

Continue Reading

Балкан

БиХ ја зголеми максималната возраст за воена служба на 45 години

Горниот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, познат како Дом на народите, денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во вооружените сили. Со овие измени, максималната возраст за професионална воена служба се зголемува од 40 на 45 години, под услов војниците да ги исполнуваат психофизичките барања и потребите на службата.

Законот беше разгледан на вонредна седница и предложен од делегатот Џемал Смаиќ. Во образложението, Смаиќ нагласи дека вооружените сили на БиХ се соочуваат со сериозен недостиг на персонал, поради што продолжувањето на старосната граница е неопходно за одржување на оперативните способности на армијата.

Според него, оваа мерка ќе овозможи подобра искористеност на постојниот кадар и ќе придонесе за стабилноста на одбранбениот систем. Новите измени овозможуваат подолг професионален ангажман на војниците, без да се менуваат строгите стандарди за физичка и психичка подготвеност.

Continue Reading

Балкан

25 килограми злато и 55 килограми сребро исчезнаа од судско депо

Истанбул – Во депото на Судот во истанбулскиот кварт Бујукчекмеџе исчезнале 25 килограми злато и 55 килограми сребро, чија вкупна вредност се проценува на над 147 милиони турски лири, или околу три милиони евра. Судските службеници на почетокот на месецот забележале дека еден од нивните колеги долго време е отсутен, по што било констатирано недостигот на благото.

Турското обвинителство веднаш започна истрага, при што е утврдено дека главниот осомничен за исчезнувањето заминал за Лондон, во придружба на неговата сопруга, за која исто така е распишана потерница.

Случајот ја разбуди јавноста во Турција, а властите продолжуваат со напори да ги пронајдат осомничените и да го повратат одземеното злато и сребро.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг