Connect with us

Магазин

Неколку намирници кои ќе ви помогнат полесно да заспиете – храна за подобар сон

Храна за подобар сон: Овие намирници ќе ви помогнат полесно да заспиете

Доколку ноќите ви минуваат во превртување по креветот, а утрата започнуваат со подочњаци и уморно лице – голема е веројатноста дека се соочувате со несоница. Но, добрата вест е дека решението може да се крие токму таму каде што најмалку очекувате – во вашата кујна. Одредени намирници, докажано, го поттикнуваат релаксирањето и го подобруваат квалитетот на сонот.

Во продолжение ви откриваме кои секојдневни прехранбени производи можат да ви помогнат да заспиете побрзо и поспокојно:

1. Сладок компир – природен седатив во чинија

Слаткиот компир е богат со калиум, магнезиум и калциум – минерали кои го опуштаат телото и го подготвуваат за сон. Испечен со малку маслиново масло и зачини, може да биде идеална здрава вечера која ќе ве смири и успие.

2. Банани – овошје што релаксира

Ова тропско овошје содржи висока концентрација на магнезиум и калиум, кои ја опуштаат мускулатурата и го поттикнуваат РЕМ-сонот – фазата на сонот кога телото и мозокот најмногу се одмараат.

3. Јаткасти плодови – мала доза магнезиум пред спиење

Ако не сте љубител на банани, заменете ги со неколку бадеми или ф’стаци. Тие се богати со магнезиум и витамин Б6, кои го поддржуваат производството на мелатонин – хормонот на сонот. Сепак, внимавајте на количината – премногу јаткасти плодови може да имаат спротивен ефект.

4. Млечни производи – класика со причина

Шолја топло млеко пред спиење одамна се смета за домашен лек против несоница. Но, добар избор се и јогуртот или парче сирење. Калциумот од млечните производи помага во активирањето на аминокиселината триптофан, која е неопходна за синтеза на мелатонин.

5. Зелена салата – повеќе од гарнирање

Оваа едноставна, но моќна намирница често се занемарува. Зелената салата содржи природно соединение наречено лактукариум, кое делува слично на лесен седатив. Вклучете ја како дел од вечерниот оброк и помогнете му на организмот полесно да се подготви за одмор.

Совет за крај: Воведувањето на овие намирници во вечерната рутина, заедно со избегнување на тешка и мрсна храна, екраните непосредно пред спиење и стресот, може да придонесе за значително подобрување на квалитетот на вашиот сон.

Advertisement

Магазин

Transmission – Музичка вечер со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.

20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов преку проектот Transmission ги сплотуваат традиционалното и модерното преку звукот на тапанот и електронската музика.

Составен од два дела, првиот посветен на нивните херои од детството Никола Бадев, Кирил Манчевски и Зафир Хадџиманов во придружба на единствената Тања Царовска, додека вториот ќе раскаже еден понов период на творење осврнат кон електронската музика, која некои љубители, познавачи и издавачи ја означуваат како ORGANIC – PROGRESSIVE – HOUSE.

Музика во живо со: ХАЏИМАНОВ – ЦАРОВСКА – ПЕТРОВ – ВАСИЉЕВИЧ – ШАРЕВСКИ

Почеток во 20 часот, во Станица 26 na 24 Dekmvri

Картите по цена од 1000 денари се продаваат во THREE BAR & KITCHEN, Soma и Чашка

Continue Reading

Магазин

Светот на диетите се менува: Пристигнува првата таблета за слабеење

vaga

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот лек за слабеење во облик на таблета, означувајќи значајна пресвртница во третманот на прекумерната телесна тежина. Информацијата ја објави данската фармацевтска компанија Novo Nordisk, производителот на лекот.

Новата таблета се зема еднаш дневно, а според компанијата, дава ист ефект како досегашната неделна инјекција. За разлика од други лекови за слабеење кои првично биле создадени за пациенти со дијабетес тип 2, овој лек е од почеток развиен исклучиво за губење на тежината.

Клиничките испитувања со приближно 1.300 учесници покажале импресивни резултати: во просек, корисниците изгубиле 16,6% од телесната тежина, додека околу една третина од нив успеале да намалат дури 20% или повеќе. „Пациентите ќе добијат практична таблета што се зема еднаш дневно и може да помогне да се изгуби исто толку тежина како и со оригиналната инјекција“, изјави извршниот директор на компанијата.

Очекувањата се дека таблетата ќе се појави на американскиот пазар почетокот на јануари 2026 година. Одобрувањето веднаш предизвика позитивен шок на берзата – акциите на Novo Nordisk пораснаа речиси 10% по затворањето на тргувањето во Њујорк.

Во Европа, лекот сè уште е достапен само како неделна инјекција и тоа со лекарски рецепт во одредени земји. Таблетата за европскиот пазар сè уште не е одобрена, а регулаторната одлука се очекува најрано во втората половина на 2026 година.

Continue Reading

Магазин

Мега забавен парк од 1,1 милијарда долари „Дракула Ленд“ се отвора во Романија

drakula park

Романија ја трансформира својата најпозната легенда во глобална туристичка атракција. Во близина на Букурешт е потврден изградбата на „Дракула Ленд“, мега-забавен комплекс вреден 1,1 милијарда долари, кој ќе биде целосно финансиран од приватни инвеститори.

На површина од 192 акри, новиот мега-парк ќе понуди над 40 атракции распоредени во шест тематски зони, инспирирани од легендата за Дракула и богатиот романски фолклор. Но „Дракула Ленд“ нема да биде само забавен парк – проектот предвидува луксузни хотели, арени за е-спорт, огромни концертни и шоу-простори, како и содржини за дневни и ноќни активности, привлекувајќи туристи од целиот свет.

Со оваа амбициозна инвестиција, Романија се стреми да создаде целосна туристичка дестинација што ќе се натпреварува со најпознатите европски тематски паркови. Изградбата е закажана да започне во септември 2026 година, а отворањето се планира веќе во 2027 година, доколку се следи планираниот ритам.

Со овој проект, Романија не само што сака да го оживее својот најпознат мит, туку и да се позиционира како една од водечките забавни и туристички дестинации во Европа, привлекувајќи милиони посетители секоја година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг