Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија денес и следниве денови

Сончево и топло време, кон крајот на седмицата можна нестабилност

Денеска не очекува претежно сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 7 и 15 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 25 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде слично – сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 13 степени, а максималната ќе се искачи до 33 степени.

Прогноза за наредните денови:

Во следниот период ќе преовладува стабилно, сончево и топло време со повремена локална облачност. Кон крајот на седмицата се очекуваат услови за локална нестабилност, со можност за пороен дожд и грмежи.