Жесток судир во етерот: Боки 13 и Рускоска во директен судир со тешки обвинувања

Во живо појавување што бргу се претвори во медиумска драма, Бојан Јовановски – Боки 13 – и поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, влегоа во жестока вербална пресметка пред целата јавност.

Ситуацијата кулминираше кога Јовановски, неочекувано, ѝ се јави во програмата на Рускоска и директно ја праша:

„Дали спиеш мирно покрај сите гревови кои што ги направи?“

Рускоска кратко и остро одговори:

„Да, спијам мирно.“

Овој краток дијалог беше само почеток на серија меѓусебни обвинувања и саркастични реплики кои го запалија студиото и јавноста. Тензичната размена на зборови потсети на нивната конфронтација од времето кога Јовановски беше обвинет и осуден, а Рускоска водеше неколку од клучните истраги.

Видеото може да го погледнете тука